Зошто не за хип хопери и рапери ? По кое правило ? Деааам. А и кај да не собера нас фановите , во спортска сала ? Многу бевме за во сала..малку за на стадион. На почеток беше тогаш , нели
Тоа е антички објект сепак, премногу е совршен за таков тип на музика според мене (да се разбереме, не е ова заради тоа што не ја сакам музиката на Слаткар), абе неможам во антички театар да замислам рапер, таков историски објект не ми е за таква намена, баш како што кажавте, опера, класчна музика...
Тука имаја концерти и Тоше,Владо Јаневски,Мартин Вучиќ. Нивната музика е далеку од класична. Ова го разбирам ко некој стереотип за рап музиката , дај Боже да грешам. И да , антички е премногу совршен НО за каков било настан. Зошто премногу совршен за рапери ? Шо сме ние ? И ние сме луѓе.
Не, немој да ме сфатиш погрешно. Мене и онака не ми е во моќ да одлучувам. Мене ми е тоа типично место за класичен оркестар, опера, може и џез, етно... Тоа што не го сакам Слаткар како рапер не значи дека не почитувам други рапери. Ама реално не би ми било убаво да отидам во антички театар на рап, или на техно или на турбо фолк. Шетета што кај нас го нема оној кодекс и правилник каде каква манифестација треба да се одржува. Пример меѓународен хип хоп натпревар се одржува во скапана сала, додека Борис Трајковски ја чуваат за Цеца и Аца Лукас Забегавме од темата со офтопици. Се извинувам
Антички театар , не изгледа воопшто фамозно. Не е ни среден , ни ништо. Во право си дека требало да се запази редот..да се одржуваат стриктно манифестации како Охридско Лето , претстави , церемонии.. Не само што не е запазен кодексот за манифестации туку нема ни места кај би се одржувале обични концерти. Во Охрид имаме една спортска сала , стадион , Антички и Долни Сарај , каде што се одржуваат мали фестивали. Жими Скопје што има повеќе сали.
Мимс ствар на профит е тоа. Реално како што рече да,антички блеска во сиот свој сјај за Охридско лето или па кога беше концертот на Четкар. Но,седењето на портокалови подзакривени столици во "ложата" и бетонот да ти замрзне газот за обичните смртници не е ни малку отмено. А,исто така никаде не ја пишува првичната намена на антички театар, туку тука прават концерти кој што може,бидејќи да сме искрени тогаш цел стадион ќе беше преголем залак за Слаткар, кога беше во цутот на кариерата и за кој било друг македонски артист.(ќе се обидам да направам исклучок за Тони Зен). Друго место за КОНЦЕРТ во Охрид колку што знам нема. Така да за да делува еден објект отмено и културно,треба да направи друг план за поп,рок,рап концертите,конкретно за Охрид. И да. Слаткар или ЈЈ рекордс не се воопшто виновни што настапиле таму,ако почнеме да судиме. Препишете го тоа на локалната самоуправа или кој и да збира пари од изнајмен антички театар. Тие штом немаат доза на отменост кон таков објект, секој може да прави концерт.А, верувај и летово ќе е истата песна. Можеш да бидиш проститутка и да те ебе кој ќе стигне,а можеш да бидеш спонзоруша и да си бираш елоквентни господа кои ги задоволуваат твоите високи потреби за Моет во диско и Гучи ташна.
јас многу го сакав, и не обрнував толку внимание на тоа што зборуваат за него, но по некое време, не знам зошто, не ми се слушаше веќе пред неколку недели, зборувајќи со еден братучед, ми кажа дека (мислам дека за песната идиот беше-моја омилена од него) вели-да ти се мочам у кибла. сега братучед ми ми кажа дека се работи за киблата кајшто муслиманите одат на хаџ и сега мило ми е што веќе не го слушам А ако била некоја грешка, баш би сакала да знам што сакал да каже
30 страни машала машала Типов нит сум го слушала нит планирам да го слушам ... Песните приказна за себе , пцуе се живо не можеш да го разбереш ни кога пее ни кога збори, ми делува како исфрустриран тип кој се тера кај што не треба сето тоа поткрепени со малку музика .Единствено за тоа што се дигнал од дното вака или така успеал .
Не го сакам слаткар од две причини. 1.Го навредува женскиот пол. 2.Не слушам рап (посебно не македонски).
Не секоја припадничка на понежниот пол е опеана во песните на Слаткар. Опеан е женскиот род во глобала , онаков каков што навистина е..како што заслужува. А инаку што се однесува до македонскиот рап , тој е многу повеќе од Слаткар. Подалеку од него. Имаме премногу добар рап ние..за тие што разбираат.
Пцуам да ама тоа не оди на концерти , не оди на на јутјуб не ги учам малите да пцујат да кажуваат вулгарности и после младината вака така море се е отидено по ѓаволите .... И што е најбитно кога пцуам ги пцуам оние кои заслужиле , а не цел женски род за типов се к**** се продаваат спонзуруши .... во тоа е разликата јас лично барем кога ќе слушнам негова песна ми иде како навреда слаткар own: со исклучоци ама ептееен ретко .
Со ова се согласувам,многу деца го учат простотилукот од овие луѓе.Затоа се некултурни,дрски,и не почитуваат никој.
Интересни ми сте со ваквите констатации. Е,сега имам едно прашање. Уствари две. 1. Што ви е Слаткар крив? 2. Зошто советот за радиодифузија не го забрани? Пцуел во песните. Ха,ха! http://www.youtube.com/watch?v=obMFc1l8uJc Не,за друго поинтересно ви е да го пцуете зошто сте слушнали муабети од кул деца дека Слаткар е тиње и уште поинтересно е тоа што формирате мислење пред да го слушните.(не се однесува за Слаткар,општо со самототоа што пиша доволно говори за твојот карактер. И џабе те надмудрувам во нешто што не го разбираш,затоа што нејќеш да слушниш. Додека дед металците пеат за тоа како ќе те сечат на парчиња,ќе пијат од твојата крв, ќе ти ги јадат сите органи, Слаткар е цвеќе за мирисање. И да. Молим ти се пред да оформиш мислење за што било,прво проучи го,интересирај се и САМА одлучи дали е добро или лошо. Не чекај туѓо мислење,пред да оформиш свое.
Слаткар го сакав и почитував,а после денешниот прилог што го гледав на сител,посветен на слаткар уште повеќе го почитувам. дефинитивно ми е омилен лик од естрадата.Браво за дечково!!!!
Хахахаха прво мора да те прашам видовита да не си ? ? ? Од кај знаеш ти дали јас сум го слушнала или не ? ! Ооо драги Божее тоа што не го слушам Детево говори за мојот карактер ? И што ти проговори ? Моја маана е што си имам вкус и знам што вреди да се слуша според мене што не сакам да ми влева некој негативна енергија колку е се отидено у пм , како е поделено општеството како он пател , како го откачила женска му го истепал комшијата и останати глупости . Тоа е мој став и не знам што до толку тебе ти смета да мислам дека прави пародија , дека е кретенска работа што ова се слуша ама никого не смарам со тоа зошто ти да зошто ти не ... Мислам што ти е поентава ? И од кај го тресна ова сум одела под туго мислење вааа........ ахахаха леле не ми се верува ај осеќам попусто се објаснувам слушај си го ликов и уживај а дотогаш не ги напнувај тие околу тебе што на пример не можат да го смислат
Некои песни сум слушала од него ама не го сакам. Секоја песна му е полна со безобразни зборови и се согласувам дека многу мали деца од такви песни се учат и они стануваат безобразни. Инаку Слаткар нема везе од пеење. Ако он имал талент за пеење тогаш јас ќе бев најдобра пејачка xD. И во живо една реченица склопува 3 минути валјда од што дува