Можат да му се фатат на слаткар, им смета само зашто им ја плеска вистината на многумина низ песна. Како што би рекол б.ц. ич мува не ме лази (читај ич кур не ме боли), така и Слаткар не го боли кој што мисли за него, зашто он е искрен и оригинален за разлика од останатите кои глумат. А тоа некои фуфици што се пронашле во неговите песни и плукаат врз истите, е игра на случајности. А сега да ве поздравам сите со едно песниче од Слаткар http://www.youtube.com/watch?v=sSg_rv6zqmA
Освен тоа што е тешка пијандура,а воедно и наркоман,освен тоа што незнае два збора да каже пред камера,не знае две реченици да сврзе,песните му се ѓубре... полни со навредливи,грди,безобразни зборови,дури во некои моменти непријатни за слушање...јас не можам да го поднесам Паткар
Девојче од кај ти толку сигурна дека е тешка пијандура и наркоман??? Јас на почетокот не можев да го поднесам ми изгледаше ептен детско лиглесто и исфрустрирано..Али со секоја песна се повеќе сфаќам дека сум била во грешка ..Поготово кога ја слушнав "Сара"..Башка обожавам кога со песните ги спушта нафураните и се им плеска у фацка преку песни и не се замара... Браво дечко не се замарај со тие што не ги сакаат тебе и твојата дирекност...
слаткар полседниот албум му е многу безобразен има работи кои не теба да ги има јаде... Слушат го гледам сестрами и врсничи на неа абе ајде претерано е ....
Јас се разбирам во рап. И затоа знам дека гомнава кој овој ги рецитира немаат ни р од рап. Мислат дека ако стават историја зад некој таканаречен рапер од типот на разведени родители, сам си ги врзувал патиките од 3 години, првиот збор му бил Тупак и такви гомца, дека ја имаат публиката. Рапот е култура, а тоа што го кака Слаткар е светлосни години далеку од тоа. И каков е тој муабет дека ги спуштал нафураните пичиња и курви и такви глупости? Ако толку не се замара, што па за нив се замара? И тука некаде горе прочитав некоја ако се препознала ќе и сметало бла бла .. Ами што праиме ако некоја од нив му го спопикала сув и немиен на Слаткар, па он оти нели се плеска у фаца, да и го каже преку песна.. Криво ми е само за младинава што ќе порасне и веќе расте со вакви нумери ..
И кога се појави и сега.Никогаш не сум го обожавала секогаш ми бил антипатичен.Можеби од фактот што не слушам рап музика.А и неможам да коментирам за неговото рапување,така да не би го обвинувала. Од новиот албум му е имам слушанто само песната Сара,и оваа Олабави ме.Многу беа актуелни на фб,реков па ајде да слушам што е толку убаво,што се крева толку голема еуфорија. Ништо посебно барем за мене. Многу му е почитувам песната Да полетам. Но мислам дека со делов од песнава Олабави ме,многу сигурно би се пронашле тука. А што се однесува до тоа,некој имаше прашано колку браќа има Слаткар. Јас знам дека има еден и дека се вика Стефан,познат е како Че,а дали има друг е тоа незнам.
Мене лично, дечково ми е ептен антипатичен, неизживеан. Сите негови песни имаат интересен бит, ама текстовите се за никаде. Единствено, Да полетам е исклучок, песната навистина вреди. Не ми се допаѓа тоа што го прави, а згора на тоа го нарекува рап. Пцовките не го прават рапот. Дечкото стално збори како имал и има тежок живот, ова она, а спие на пари. Тие спотови се други да не му ги плаќаат? Неговото нема ни р од рап, се согласувам за се со mysterious. Тоа вреѓање на женскиот род во песните многу ме нервира. Ако една го повредила, не се сите исти. Самата помисла дека е толку слушан меѓу младината, ме иритира. Кога ќе слушнам дека деца од генерација на брат ми, 3то одделение го слушаат него, грозница ме фаќа од тоа, со кого растат идните генерации.
Лигљо. Неможам да го поднесам ниту него, ниту неговите таканаречени "песни". Радије би испила едно шише киселина него овој имбецил да го слушам
Јас од тие спотови и песни што сум ги слушнал може да кажам дека "Olabavi me" и "Da poletam" Се апсолутно точни , и дека таква е ситуацијата денес во Македонија Ама не ги оправдувам тоа што мора да има многу пцовки на секој спот
За разлика од многу од вас,мислам дека песните му се многу реални,посебно Олабави ме,Да полетам,Разговор со совеста,Сакаш да си фаца 2 и Сара,мојата омилена Што викате дека го навредува женскиот род,тој само кажува какви се некои девојки,кои трчаат по пари,слава и богатство,кои ги има многу,а во песната Сара само кажува дека не се сите такви. „Да се живи и здрави твоите стари, постојат ствари што не се купуваат со пари.’’ - овој стих не може да доаѓа од неизживеан човек. Тој јасно кажува дека не му се важни парите,а тоа е и очигледно дека тој без влакна на јазикот ги кажува своите ставови и не лиже гз за пари и слава. Во „Разговор со совеста’’ се гледа дека тој не е лигле кое сака и бара слава,туку само го живее својот сон. Текстовите му се ептен реални,опишуваат колку е никаква ситуацијата во Македонија,каде што не учат за правда а таа ја нема. Во „Да полетам’’ го опишува својот некогашен сиромашен живот. Тој поминал низ многу работи и има многу големо искуство. И во право е што пцуе и плука,дека некогаш го плукале него. А поранешните песни за секс,стварно не му вредеа.Не му требаше тоа,порано и јас не го поднесував. Многу се има променето на подобро,секоја чест.
Слаткар не поминал низ никакви тешки моменти, напротив мислам дека има доста пари т.е. имал и пред да почне со кариерата. Тоа е се маркетиншки трик. Не паѓам јас на тие негови песни од типот на Да полетам кога знам дека не се искрени туку типот го имитира Еминем во смисла и тој имал тежок живот, абе ајде . Ќе земам ќе напишам песна во врска како немам пари сметките да си ги платам и одма на сите идол ќе им станам. И не прикажува никаква реална ситуација во Македонија, тој само пцуе и вреѓа, друго и нема во неговите песни. Нем сега, може има некоја поента а јас глупава не ја разбирам. Да, сигурно се крие некоја скриена порака зад стиховите Ти си топ за да те е*ам. И онаа Сара чиста бледа копија на Стен од Еминем. Па до толку секој стих да го ископира ама во поразлична форма, креатвност на нивоу. Не, не го слушам овој, јас се срамам како женско да почитувам ваков пејач.