Настрана од тоа дали копирал или не. Копираат многу пејачи, и на многу од тие пејачи радо би им отишле на концерт... Зарем ако на некој пејач песната не му е автобиографска, автоматски е тоа маркетингшки трик за да се сожалиме на него? Зошто гледате на музиката како средство за исповед? Не сите пејачи пеат за себе во своите песни! Погледнете ја малце музиката од уметнички аспект. Погледнете ја исто онака како што читате роман. Зарем романописците ги опишуваат своите животни приказни во своите романи, па затоа ги сакате? Да не испадне дека сум не знам ти каков фан на Слаткар, затоа што не сум, ама го осудувате и класифицирате како сељак, прост, немузичар кој само навредува и пцуе поради погрешни причини. Јас искрено ретко си пуштам негови песни од проста причина што (се сложувам) дека е ПРЕвулгарен и ако ме начека мајка ми како си слушам Што к*р бараш ти со мене?! , срам ќе ме фати. Но неговите пцовки не ја прават неговата музика помалку уметнички вредна. И зошто се наоѓате навредени од неговите стихови? Тоа ви е исто како самите да си се класифицирате во групата на тие девојки кои тој константно ги исмејува.
...а сега што ќе кажете на тоа што собраните средства од концертот на Слаткаристика ќе одат во хуманитарни цели,за децата од домот ’’11 Октомври’’ и за манастирот Св.Јован Бигорски...?
Го слушам од време на време.Сите песни му се безобразни ама бар една да снимаше асолна... Омилена песна од него ми е оваа: http://www.youtube.com/watch?v=LwkHzs4F ... ure=relmfu
Ох.Песните му се премногу вулгларни,и несакам да го слушам,незнам зошто воопшто сите се толку по него...
http://www.youtube.com/watch?v=ZkvD6AXsfNU оваа не нај инаку многу ми е симпатичен само песната Сара нз не ми се свиѓа
не го слушам, само оваа песна ја имам слушнато на радио и ми се бендиса http://www.youtube.com/watch?v=jpQ_4ude4oY
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Sg_rv6zqmA Човеков не го обожам а ниту го мразам онака ми е ок, и некои песни му се само нафурани типки и типови кои мислат дека се Совршенство од луѓе и кога тогаш ќе се спуштат на земја http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Sg_rv6zqmA
Го слушам, иако ме нервира некогаш кога е вулгарен.. Ама сепак го слушам.. Имам бидено и на концерт Особено песнава ми се допаѓа, а и името како ми го погодил http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... wkHzs4FhyM Приказна раскажана од збор до збор, многу прашања но без одоговор
Ужас од човек. Како прво изгледа како некој наркоман, не знае нормално да зборува се лигави и нема понашање. За песните да не коментирам. Тој и музика, 2 различни поими. Текстовите се ср**е, вулгарни и немаат никаква смисла. Секоја песна е своја приказна, со еден збор ужас над ужасите. Не ми е јасно, ме ччуди како го сакаат.
Па порано не го слушав толку ама сеа кога сестра ми е заразена со него буквално и морам да го слушам, хаха..А инаку да вулгарен е , ама има и некои песни од него што ми се допаѓаат , на пр Сара, Класика, Да полетам и оваа новата За добро да е
имам слушнато песни од него .. во денешно време секој станува пејач без разлика дали знае или не знае да пее... а овој не оти знае да пее
Слаткар не е рапер.. Незнам зашто воопшто тоа се смета ко рап. Си се знае андерграунд рап што си е. За животот, за се што се случува во општеството, за сите проблеми. А не некој дотичен да "рапува" за секакви цури. Слушнете малце вистински рап.. Легијата,СТР2,Дудо и ред други од нашава земја.. Тука се и од Америка, Биги,Тупак,КејЕрЕс Уан и многу други.
Овој сеуште постои? Како може да го ставите во изведувачи? Овој не знае да збори а не па да рапува. Се ежам кога ќе слушнам дека децана го слушаат и се обседнати со Tonight и Олабави ме. И не само деца и повозрасни. Спојлер И што најмногу ме нервира(се кај него ме нервира али ова најмногу ) кога дава некоја изјава на тв, обавезно ама обавезно мора да се однесува како камен пијан. Тоа не е изведувач, ниту рапер, тој е ништо. Односно, сеуште незнаеме што е. Ве љубам и ве поздравувам со нешто квалитетно. http://www.youtube.com/watch?v=1cd5zSxElbM