И тука да си кажам,Слаткарче не го слушам (можеби Стаклар поубаво ќе му стои).Претходното лето моите другарки го слушаа така да на некој начин и јас ги слушав неговите песни и можам да кажам дека од самиот почеток не ми се допаднаа.Ете можеби да полетам е една кој би ја издвоила,но сепак не.
Без навреда за креаторот на темава, ама типов цела ТЕМА не заслужува, ниту пак заслужува да коментирам јас за него (иако во една тема се распалив ептен ). Да полетам има добар текст, признавам.... ама ептен е вулгарен човекот и затоа ме нервира. Глупав!
вака ќе одговорам на темава: Сношти на плажата Немо, Слаткар и компанија имаа свирка. За жал, немаше голема посетеност - 600-700 души. Јас бев таму бидејќи работев. Ако не работев немаше шанси да отидам. Но ете присуствував и морам да ви кажам дека дечките направија многу јака свирка!!! (јас крајно се изненадив) Песните не беа пуштени преку лап топ, туку она што креваше адреналин и желба за шутка беа секако тапаните и гитарите! „Да полетам“ беше многу јако изведена. Слаткар беше многу убаво облечен Друго... некои ќе речат премногу е первезен, дрзок... Што знам, така е, ама ајде преведете ги песните на 50 cent, пример Candy Shop (која сите ја знаат и си ја потпевнувале на времето кога беше хит) и кажете зошто таа песна е океј, а на Слаткар не... би рекла исти к*рац - друго паковање. На крајот од краиштата... кој сака нека го слуша... И тој како сака нека си ги троши парите. Негов живот.
се сложувам со Хипи мислам дека Слаткар не заслужува да се спомнува на форумов..не слаткар тутку тиквар
најискрено не сум фан на таквата музика , едноставно не ја сакам ! но слаткар не го сметам за тиквар туку за успешен човек од причина што не е будала будалата - будали се тие што го следат не го познавам лично не си земам за право да го навредувам од истата причина , го почитувам си имал замисла која успеа да ја оствари ..тоа е се што имам да кажам ..
^На крајот на свирката тој рече: „Работете на својот сон... еден ден ќе се оствари“. Така да... секој со свој филм. И ако, нека стои темата - тука нема ништо лошо.... само да не се отвори тема за Џеј Џеј
..тоа значи дека Слаткар си го остварил сонот.....да "пее" песни со многу вулгарни зборови....негов стил..
Имам слушано неколку негови песни (сестра ми ги слушаше едно време, па и јас морав покрај неа) и не ми се допаѓаат. Катастрофа се.
Не сум некој голем фан на слаткар но не ни го мрзам има некој убави песни а некој му се катастрофални .. Но последната песна со Тони Зен биди зелен им е врв.. Повеке ги слусам легијата рнс пеше ронин скиит скитара отколку слаткар али сепак слушам и некој негови песни
http://www.youtube.com/watch?v=o1torTI5Urc http://www.youtube.com/watch?v=HEopq3jZZPY еве ги ги најдофф
Ќе се отрујам за дејан фанки Идиот со диплома е. Па и лигавиот тип од твоите сни бе, јас не би рекла дека е тој тип од нечии сни.
Стварно незнам што толку еуфорија кај народот по Слаткар. Јас неможам да го поднесам ни него ни цела "Џеј-Џеј компанија" . Ама цело време си викав кој сака нека ги слуша ама во Сабота си излегувам во дискотеката каде што порано немаше ни С од Слаткар, си пуштаа нормални песни странски и сл кога што да слушнам - цела вечер песни од Слаткар и Тони Зен .Ќе полудев. До кога ќе трае таа Слаткар еуфорија аман.! Се знае која музика е најдобра- рок музика. Но не во Македонија, овде се слуша само некое ѓубре и ништо друго.