Мора на секој форум да се отвори посебна тема за овој копуков. Е овие глупости ги расипуваат девојчињата, а богами и момчињата. Пораснуваат и веќе им е всадено во главата дека најголем фраер си ако имаш пи*ки, пари и убава кола. Мислат дека тоа е добар и квалитет живот и автоматски ќе има глупаци, е ќе има. Со закон да се забрани срањево. Јас стварно се чудам, треба толку изопачен вкус за музика да се има, па да се слуша ова. Нека постира некој негов текст, и нека ми каже што гледа убаво во текстот. Не ве разбирам.
Го гледам трупов на ТВ и не можам да се начудам. Од што е надуван не може да стои, подочњацине му дошле до колена, видоа не му оди во живо (труп буквално интонација не можеше да фати ), па му пуштија плеј бек. Пантолонине му се спуштиле како да е посран. Од самата личност како појава добивам нагони за повраќање ! Па уште Џаро со Горан Брегович и Здравко Чолич го споредува. До каде отиде светов... Жалосно е, не е за смеење...
Искрено кажано.. Јас не ни знам кој е Слаткар НИКОГАШ немам ништо слушнато од него и по коментариве не ни сакам!!!
Тоа со д‘ткањето, нема што да му замерувате, па не е човекот крив што д‘тка. Можам да замислам како се чуствува, исто како јас кога некој ќе ми пререче со мојата говорна маана. Како мала имав многу комплекси и одбегнував да читам и зборувам. МОжеби и затоа ме сметаат за повлечена. Туку ај да не одам оффтопик. Незнам зашто сите се фатиле за тоа што ги навредува женските, кога јас немам слушнато ниту една навреда. Напомена: НЕ СУМ НЕГОВ ФАН. Знам многу англиски песни, со пцуење, и никогаш не биле омразувани како на Слаткар. Еве, и Тренди даде пример, земете ја Кенди Шоп од Фифти Сент и преведете видете колку такви зборови има. Само на вас ви делува по изразено зашто е на македонски. Што знам за Слаткар, немам некое посебно мислење, и не го мразам. И добро, ако ве нервира толку немора да коментирате на темава. НЕ сакам да дојде до кавга после ова мислење. http://www.youtube.com/watch?v=4h7wqU8e_Dg Еве погледнете ја и оваа. Една од омилените ми е. Признавам. Многу ми се свиѓа. И искрено јас ова не го доживувам толку ЛИЧНО па песна е, не дошол до тебе да те вреѓа. А инаку, Тони Зен, има многу убава МУЗИКА, само музиката и затоа некои песни ги слушам повремено, само заради МУЗИКАТА. So I pick the world up and I'ma drop it on your f**kin' head! Шала.
И ја не сум Фан на Слаткар ама па си го слушам....Биди зелен ми е хит месецов.... Ваков или онаков не ме интересира...надуван или не негов проблем....ама битно ми е интересен хех и да напоменам немам 14 години.... Морам да се сложам со Дејзи секој рапер пишува лошо за женските...така и Слаткар ама мене не ми смета ниту пак се пронаоѓам во песните...убаво кажа Дејзи па не дојде да ви пее на вас па сте се фатиле ги вреѓа па ги вреѓа женските.... Нејќам да се карам само си кажав мое мислење...
Го слушав минатото лето Слаткаров и сега се чудам ккао сум можела тој да го сакам(како пејач)сега ми е одвратен,менувам канал кога му почнува некоја негова песна.
^^ Само да се дополнам. Секако дека ми би било срам да пуштам него песна пред други (постари) луѓе. Додека пак овој англискиов можам да го пуштам речиси пред секој а да не ми е гајле. Зашто сепак е англиски.
абе каков-таков чоекот си се проби, има некоја слава стекнато и колку и да ги неќиме песните негови пак ги слушаме, на радио, в кафич и сл.
oфф ЛЕЛЕ! значи слаткаров ваш буквално плука по женскиот род у неговите ,,песни,, . а девојчињава (што е најтрагично и машките) се попалиле по него ко којзнае кој да е -.-, а уствари ОСВЕСТЕТЕ СЕ! Дефинитивно најглупа тема на форумов!
^ Можеш ли да ми најдеш ти или некој друг стих, строфа, дел од песна на Слаткар во кој директно плука по женскиот род? Ќе ве молам.
^ Ииииих, било проблем? Еве од ФМ Превземено од http://pesnarka.co.cc/ И уште мал милион вакви примери.
Уууууууу, па ова не го сметам за навреда на женскиот пол. Ако е така, скоро секој втор човек (жена,маж) го има навредено женскиот пол. Не, за мене ова не е "плукање" по женскиот род. И како што кажав во претходните мислења, не дошол до тебе да те вреѓа во лице, песна е. Или не те посочил. И не сум обожавателка на Слаткар.
Најодвратното и најарогантното дете,наркоман,не знае да се изразува и нај големиот простак на целата естрада неможам да сватам што е уствари убавината во неговите песни и незнам зошто толку збеснале децата по него или само си го збогатуваат речникот со вулгарности
Добра е, го нема да се избаци во последно време. Моите уши се поштедени. Изгледа ги потрошил парите на ганџа и сега нема пари за да сними нов албум, за среќа.
Од кај знаеш дека има? Менаџер да не си му? Нели во една песна пееше, како немал пари ни за леб, сиротичок. А тоа ЌЕ, е идно време, има големи шанси и да не се случи. Дај Боже да не се случи. Таман го заборавивме, и не ни треба. Пс: Без вулгарности иако ти е идол.