Легијата, Единствена опција, Грин аут, Стр 2 се сметаат се' уште за Old School рапери во Македонија. Токсикологија можеби биле тоа, сега повеќе не се. Слаткар си е врзан со Тони Зен, а Тони Зен со мулето Џеј Џеј, зашто видоа кај има парички и како најлесно може да лапнат кеш. Што значи, 90% од раперите го ругаат Слаткар и Токсикологија, тоа е сосем точно. Се имам изјаснето претходно на темава и си останувам на моето мислење.
Aјде и Легијата летото,секој втор ден беа на А1 Ексклузив. Но не се ругаат меѓу себе,напротив се почитуваат. На пример Слаткар редовно соработува со Џака Накот. А Трендафилка во право си за тоа дека се со Џеј Џеј ради пари.
-Слаткар не е крив што советот за радиодифузија дозволил на телевизија да ја пуштаат "Спушти се доле" Ако родителот мисли дека 6 годишно дете смее да има пристап до интернет конкретно youtube,тогаш не е проблемот до Слаткар,туку до родителот е. Ако зборуваме за така мене лично Чиста Околина кои се сметаат за БОГОВИ во рапот,ми се тапа, но ги почитувам, рап во тоа време да правиш било wow или уа. РНС е добар.. срцепарателни лирики. Само се жали. ___
Неам нишо против нит се замарам со вакви Слаткари него мене ми е за децава, т.е. девојчињава шо рикаат на Слаткар а он го плука женскиот род у песните. Да му идам на концерт у прв ред да се лупам од земја а она да ми пее на увце, ти си топ курва со цицки надвор секоја вечер со различен смрдиш на пудра се спушташ доле ауу (лупам не му ги знам точно текстовите) нема шанси бре! И напраи една песна онака ко за жалење и за сечење вени, као леле колку е само реален Слаткар колку јака песна напраи онаа Да полетам ли беше, оооо абе ме расплакува коа го слушам просто! Ма дај! Се запрашувам дали тој може да се нарече рапоер или пејач или било што... За рап може од САФ да земе да учи, не тука „курво не се дери магла„ да ми пее! Клошар!
Слаткар зад себе има 10години рап. Слаткар не е само Шопинг,Топ и Спушти се доле. Слушни нешто од Единствена Опција и со копиљаците од маало,па види дали се реални или не текстовите. Ова што го прави денес е нешто како: дури има овци има и некој што ќе ги стрижи = ПАРИ. За текстовите: кој како си се пронашол. И тапа се споредбиве со САФ,јасно е дека САФ е кулминацијата во македонскиот рап.
http://www.youtube.com/watch?v=VDlq2aPf1pE Слушни го текстов, ако ги знаеш сите рап артисти ќе сфатиш колку ги величи. Споредбиве САФ-Слаткар се глупи, од причина што немаат апсолутно никаква допирна точка ни во битовите, ни во лириките. Сите знаеме дека САФ се како што кажа beached кулминација на македонскиот рап и никој не вели дека Слаткар е подобар од нив, НИКОЈ. И јас денсам на спушти се доле, битот ми е јак,а и не се чувстувам нешто навредено во песната бидејќи не се пронаоѓам,така да гајле ми е.
Јас веќе еднаш се изразив на темава во смисол дека Слаткар не ме иритира до толку колку што ме иритираат други кич појави на музичкото небо кои што се далеку позастапени тука Ниту пцовките не ме иритираат затоа што американските рапери кои ги слушаме се далеку повеќе вулгарни. Или поарно кажано подеднакво ме иритира Слаткаров колку што ме иритирааат Lil Wayne или Lil John. Само Слаткаров барем нема железа во уста место заби Видов дека во повеќе наврати ги спомнувате САФ. Е да, неспоредливо е. Тоа беа други времиња. САФ или поточно Пики Сипи (како член на Чиста Околина) го одбележаа почетокот на рап културата во Македонија, освен ако секако, не ги спомнеме и раперите како Peace Brothers или Нулта Позитив Веќе еднаш кажав тука на темава, дека би сакала да се вратат времињата кога вистинскиот хип хоп имаше други димензии, но веројатно тоа нема да се случи. Порано Митко во неговата рап емисија на 103ка не дозволуваше во MC battle да се пцуе, сега пцовките се алфа и омега на секоја рап песна. Други времиња дојдоа, кога дури ни рапот не е она што беше. А јас сигурно звучам сега како моите родители кога ми кажуваа „Што е ова туц туц, порано се знаеше, имаше балади, шансони, одличен рок, а сега?!“
Имам некое чувство дека луѓево кај нас се алергични на промени... Прво треба да се извакцинираат од нус-појави па тек тогаш да се опуштата и полека да се тргнат од масата преовладувачко мислење за да створат свое. Слаткар мене ми е тотално ок. Песните му се со став и приказна, има тотално ок муабет дечкото и има музика која е СЕРИОЗНО добра. Неговите песни се лични само каде што има простор да бидат такви, останатите отсликуваат реална слика на урбаниов живот во градов , отсликуваат мисли на едне просечен 20и нешто годишен дечко што живее катадневно со македонските проблеми... И додека прави пари преку еден мочко ЏЕЈ ЏЕЈ, уште повеќе се потврдува себе како квалитет... Слаткар е вистинско освежување.... Во моментов е најафтентичен квалитет на сцентата.
И јас дојдов до истиот заклучок дека во секоја песна го бламира женскиот род, но од не кој знае колку многу блиски извори на Слаткар дознав дека секоја песна е напишана за личност која е дел од неговиот живот. Значи сите девојки што тој ги има испеано биле или се дел од неговиот живот. Тоа го дознав слушајки ја (мислам дека му е најнова таа песна) "Сакаш да си фаца" така нешто беше. И баш искоментирав па дури и име спомнува.. . Тогаш ми кажаа која е таа од каде ја знае и сл. Епа нашата младина и не се покажува баш во најдобро светло, сум имала милион прилики да се изнагледам еден куп бламажи. Не е дека нема нормални, паметни и убави девојки, но заради овие другиве фрлени се во сенка за жал. Па и да не се она другото е по интересно за посмев. Дечкото си има инспирација и храброст јавно да ги омаловажува.. па ако тие си го дозволиле тоа кој им е крив? Јас лично не сум љубител на неговата музика ниту пак имам изградено било какво мислење за него.
Ја искрено неам везе од рап. Али поштувам квалитетен рап, знам да го преознаам. За жал дотичниов го нема тоа според мене, талент 0 што да зборам, тотално антипатичен, наркоманче, невоспитан копиљ Јас не реков дека треба да се пронаоѓате или дека некој се пронаоѓа во неговите текстови ( пу пу далку било, да не се препознае некоја). Е сеа тоа е една работа да не се пронаоѓаш, а сосема друга да го сакам она што тој го збори, бидејќи он пее конкретно за нас за македонските девојки како се ова како се она.. нели... не се работи тука за пронаоѓање во текстовите, иритира самото негово „пеење„ за тоа, а дали му се посветени или не или се вистински приказни од неговиот живот мене како публика воопшто не ме интересира, дали он искачал со спонзоруши што го цеделе до последен денар или не, не ми се допаѓа воопшто тоа што така не прикажува нас девојките во неговите „песни„. Е од таа причина неможам да го сварам!
тоа дека го омаловажува женскиот род слаткар, преку песните навистина првпат од вас слушам , а дека не е нешто посебно како музичар не е , а и вулгарен е . Тони Зен е ок, а џ.џ. мислам дека не е лигле, само така се прави баш е слаткичок во песните. да не бидам оф топик само сакав да кажам дека и Врчак и ДНК се вулгарни, па така да кога ги преслушав песните од новото цд на Врчак сите вулгарни песнички ги избришав оти МРАЗАМ вулгарности
Сега имаш везе или немаш од рап? Ако немаш веза,како го препознаваш добриот? И зошто Слаткар не е добар? И рап артистите најчесто пишуваат на теми од животов,за ситуации кои ги доживеале. Па така Слаткар пишува за кучките кои го заебале. Тоа е рапот. Кажи ми што имаш слушнато од Слаткар,што те натера да мислиш дека има талент 0? http://www.youtube.com/watch?v=iKCwKK5Ru5k oва? или http://www.youtube.com/watch?v=A4fcTXv4uO8 oва?
Нема талент? Талент за што? Си слушнала негов фристајл? ___ All you ladies pop your pussy like this Shake your body, don't stop, don't miss All you ladies pop your pussy like this Shake your body, don't stop, don't miss Just do it, do it, do it, do it, do it now Lick it good suck this pussy, just like you should Right now, Lick it good suck this pussy just like you should My Neck, my back Lick my pussy and my crack ___ Lets have sex. Some real good sex. Some real hott sex. Some sexxxy sex. Lets just have sex! __ I just had sex And it felt so good (felt so good) A woman let me put my penis inside her (her) I just had sex (Hey!) And I'll never go back (never go back) To the not-having-sex Ways of the past and..?
Слаткар многу ме нервира, многу се фура ама има добри песнички, а нај многу ми се свиѓаат: http://www.youtube.com/watch?v=eShHYumA ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=VrlYKp-zbyk
Леле навистина ме просветливте со песниве, навистина биле прекрасни! Ве молам информирајте ме за наредниот концерт да купам карта за во први редови, да вршитам и да се палам зашо ме нарекува ку*ва издрогирана, спонзоруша, да се спуштам доле јеааа, да го повеличам и јас малце кралот на рапот наш Бај д веј вулгарноста во рапот е присутна никаде не реков дека не треба да биде тоа така, ама тоа вреѓање на женската популација во НЕГОВИТЕ песни не ја сакааааааааам бе и крај, и сеа ќе ме убедуваш да го слушам тоа говно *ку*во не се дери магла, сушти се мори доле, да ти го напунам*** , ти излегла пола ци*ка уживај баш си пи*ка Ај ако ви се слуша слушајте си го не туку ме убедувајте тука, мене ми е понижење да го слушам Слаткар!
Во ред е да не го сакаш,не си ни прва ни последна. Но неможеш да кажеш за момакот дека има талент 0,кога не го знаеш доволно неговото дело. И Слаткар нема песни само за курви.Ни една од овие кои ти ги постирав не е за курви,туку е социјалка.
Нека ти биде, не те убедувам дека нема вулгарности и навреди во неговите текстови,туку ти дадов текстови од три хип-хоп песни (првата пази ЖЕНСКО ЈА ПЕЕ!) за да воочиш дали е Слаткар единствен како што го правиш ти и повеќето што се изјаснале на темава. btw http://www.youtube.com/watch?v=obMFc1l8uJc http://www.youtube.com/watch?v=RUS4KjDuvW8&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=0dmCJ-zbKKo http://www.youtube.com/watch?v=wFH4Pf4VhHk http://www.youtube.com/watch?v=cw-s92qPIeM нормално тука да не ставам линкови.. спаѓа и цел албум на токсикологија -елоквентни господа
Темава е отворена со цел секој зачленет на форумов да си го остави своето мислење, а не да убедуваме некој дали да го слуша или не
Многу ми е гајле дали Слаткар или тако звани Паткар пцуе или не пцуе. И моето мслење никој не може да го промени. Нека си тера по свое и нека си прави нешто што тој го нарекува „музика“, секој си има различен стил на изразување. Мене хип-хопот како музика воопшто не ми се допаѓа (со пар песни кои што се ретки исклучоци). А Слаткар е скроз на дното од целата бранша на хип-хоп изведувачи.
Koга отвораш некоја тема дали на виртуелен форум или не, основниот мотив е да се развие дискусија на истата, по тоа се гледа и квалитетот на темата. wild child, добро се изјасна. Сега моментално нема р од рап во неговите песни од типот на шопинг и топ, тоа го прави да е подолу од некои си кои останаа андерграунд. Меѓутоа за мене најдолу се Врчак, ДНК, Денис Екс.. додуша ете нека спаѓаат во клаберски хип хоп