Ова е нова серија на Сител. Ја даваат во викенд. Јас неколку епизоди изгледав искрено мислам дека ќе биде интересна серија Како што гледав на интернет нема премногу епизоди но ако продолжат само во викенд да ја даваат тогаш ќе ни трае подолго Не најдов тема за оваа серија, се извинувам ако веќе постои ваква тема.
Пелин нема среќа во љубовта, но конечно ќе го најде совршениот и на денот на венчавката него го снемува. Една видовита жена ќе и кажи дека причина за нејзината не среќа е тоа што ја стигнала клетва од минатото, клетва од личност која била повредена од нејзина страна. Се започнува кога таа сака да ја најди таа личност и да побара да и прости. Пелин порано била многу дрска па и треба време да се одлучи која може да биде таа личност. Таа се сеќава на Танкут со кој биле заедно на факултет (мислам медицински факултет), тој ја сакал но таа го користела за помош на факултет и ништо повеќе. Пелин заедно со нејзините другарки се во потрага по Танкут но не можат да го пронајдат. Тие одат во нов ресторан каде Пелин се кара со некој Синан. Кога подоцна ќе треба да одржи говор сопственикот на ресторанот таа го гледа Синан. Кога ќе го заврши говор Синан, неговата мајка му се обраќа со името Танкут. Пелин конечно го пронајде Танкут, но тој е сега многу сменет. Таа се мачи за да и прости Синан (Танкут) но тоа тешко и оди. Танкут повеќе не е стариот наивен и заљубен во Пелин, како што си мислеше Пелин. На крај Синан решава дека ќе и прости но под услов определен период таа да работи во ресторанот (што за Пелин е незамисливо но мора да прифати за да ја расипе клетвата).....
Еве ја првата епизода: http://www.tvserijali.com/uncategorized/слатка-одмазда-1-епизода/ Тука можете да ги видите и другите епизоди мислам. Еве ја рекламата од Сител: https://sitel.com.mk/slatka-odmazda
Серијава е многу интересна. И не е 3000 епизоди, па да се врти едно исто. До сега од првиве епизоди мислам дека добра ќе е.
Серијава многу ја засакав. Многу интересна. Спојлер: Нешто за во понатамошните епизоди Накај 17 епизода ќе ја киднапираат Пелин. Синан ќе ја пронајди но во бегањето Пелин ќе падни па ќе заврши во болница. За сега толку разбрав, понатаму ќе пишам и за друго што ќе се случува.
И јас, ама на одмор сум и не отварам нон-стоп компјутер, а на телефон ми е многу ситно . Добро е што веднаш ги смирија, да не се нервирам премногу . Спојлер Којзнае како ќе го решат запросувањето на Џејда. И таа пак пред сите, веројатно за да не ја одбие. Па знае дека оној на олтар ја оставил Пелин, или пак си мисли дека Синан е човек од збор Едит: си ја најдов содржината на Сапунко, сега ќе си читам
Серијаваа толку многу ја засакаав Оваа Рузгер ме нервира.. Мислам дека ќе прави некои сплетки Хахахахаха девојчево мало колку им е јако.. Се надевам нема прстенот да го испија или нешто слично...
Спојлер Ќе има „скаламуции“ со Рузѓар, пак со Џејда... Едно време ќе бидат разделени, не ви пишувам како, ептен да не расипам и на крај љубовта ќе победи . Така беше со Дефне и со Омер, за да снимат уште некоја сезона
Оваа Рузѓар стварно поради дедо и го прави ова или има и нешто друго? (знам дека го сака Синан) Бидејќи кога се појави прв пат правеше муабет на телефон и ми беше сомнителна нешто