Девојки многу сум заинтересирана за романите "Слатки мали малжливки". Дали некоја од вас ги има читано? Дали ги препорачувате? Има и серија но јас сакам најпрво романите да ги прочитам. Доколку има друга таква тема слободно клуч.
Не ти препорачувам да ги читаш книгите. Серијата е илјада пати подобра. Дејствијата во книгите се неинтересни и малце надвор од реалноста, мене воопшто не ми се допаднаа. Плус, ликовите во серијата се многу подобро прикажани.
Ја има во просветно дело по 290 денари се .Инаку јас го добив првиот дел како награда од списанието наш свет.И многу му благодарам
Ако има некој што е опседнат со Слатки мали лажливки, тоа сум јас. Серијата ја обожавам и одвај чекам да дојде 11ти Јуни. И книгите многу ми се допагаат.
Ја гледам и серијата а и книгите ги имам прочитано сите прекрасни се едвај чекам да излезе новата епизода ама има уште многу да чекам
Книгата Слатки мали лажливки во сите делови е прекрасна,многу ми се допаѓа,само да ве прашам каде можам да го најдам филмот?
И јас ги имам сите 4 книги прочитано,а серијата ја имам гледано негде до 2ра сезона и се разликуваат.
Јас ги имам прочитано четирите книги но на интернет видов дека има уште многу Серијата не ја следам, така сум изгледала некои епизоди и можам да кажам дека се разликува од книгите.. првите 2-3 епизоди ги следат настаните, а потоа се оддалечува! Како и да е не сум голем фан на книгите, сите ме нервираа освен Спенсер прекрасен лик ми беше и иако никој не ја оправдуваше јас сепак мислам дека имаше право, зборувам за книгите не за серијата. Вреди да се прочитаат но ништо посебно.
Па вака, јас ни ја имам гледано серијата, ни ги имам читано книгите. Јас моментално ги гледам вампирски дневници и си мислев вака да правам, да ги читам книгите, па да ја гледам серијата, но ја почнав првата книга и првата сезона од серијата и почнав да си ја гледам серијата, но се многу поразлични книгата и серијата. Ама на македонски, колку што знам се преведени само 4, а мислам дека има повеќе, незнам. ТИ препорачувам да се одлучиш, или сријата или книгите, оти можи и тие да се хаос.