1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слатки ролати

Дискусија во 'Рецепти' започната од Barbie-mwa, 28 јуни 2011.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Ајде некој рецепт за саламици :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Саламици

    Да не мислиш на саларици??
     
  3. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Саламици

    Не на саламици мислам еве вакви
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Саламици

    www.coolinarika.com,имаш доста рецети на хрватски
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Саламици

    Овие колачи ми се :puke:
    Кога ќе ги видам, цела маса полна со колачи, а во уста не се ставаат. Обично ги има по слави и други прослави каде што е важно да е полна масата, па ќе видите каснато и оставено колаче затоа што јас не знам некој што ги сака овие колачи.
    Главна состојка им е шербет, мелени бисквити и мелени ореви, се се меша, плус се додава нешто шарено внатре, може локум или што ви се наоѓа по дома, значи вкусот не е важен, важен е квантитетот.
    На мојот список на гадни колачи се втори, први се турските бомбониери ( поки, роки...како и да се викаат).
     
    На Libera, wolf4e и blond им се допаѓа ова.
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ролат обланди
    5 јајца; 24 лажици шекер ; 24 лажици врела вода; 24 лажици брашно ( се мати и се става да се пече);Во другата кора само се додава 2 лажици какао
    Фил:
    750 гр млеко;6 лажици брашно;1 маргарин;3 лажици какао;250гр шекер;
    Маргаринот и брашното се пржат се додава млекото и шекерот – предходно зовриени.
    Секоја кора се дели на 10 дела од едното 10 и десет до кафеавата. Обландите се премачкуваат со фил и се редат, кафеава па жолта, па пак кафеава...
     
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ролат со чоколадни бананчиња
    250гр мелени бисквити
    50гр мелени ораси
    2 чаши млеко
    125 гр шекер(да зовријат со 70гр маргарин и 50 гр чоколадо)
    Се прави како кора на која се редат бананчињата, а потоа се мота.
     
  8. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Ролат

    4 јајца
    125 гр. шеќер
    125 гр. брашно
    1 пециво
    Мармалад за премачкување
     
  9. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Состојки:
    500 gr мелени бисквити или плазма
    4dl сок од портокал
    300g шеќер
    1 маргарин кристал
    100g чоколада (за готвење)
    1 пакетче ресани (со вкус на портокал)
    150g ораси или кикиритки
    1 лист обланда

    На оган се става портокалот, шеќерот, маргаринот и чоколадото да се растопат. Се сечкаат орасите, како и ресаните. Се трга од оган смесата и им се додаваат орасите, мелените бисквити и ресаните.Се меша. Се формира ролат со помош на обландите и смесата.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    Ролат со гриз

    3 големи филџани гриз
    3 големи филџани зејтин
    3 големи филџани млака вода
    3 лажици шеќер
    брашно

    Од состојките се замесува меко тесто и се дели на 2 дела. Во едниот дел се става какао или кафе и пак се размесува. Од двете теста се раскуваат кори. Кафеавата кора се става врз белата. Се витка ролат и се сечат парчиња. Се печат во подмачкано тавче. Откако ќе се испечат, се оставаат да се изладат. Потоа се валкаат во топлиот шербет.

    Шербет:

    1л. вода
    1кг. шеќер
     
  11. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Црешов ролат

    Состојки
    За пандишпанот
    5 јајца
    5 лажици (100 гр.) шеќер
    4 лажици (40 гр) какао
    1 ванила
    за филот
    250 мл. млеко
    5 лажици шеќер
    2 лажици густин
    2 жолчки
    1 ванила
    100 мл. слатка павлака
    малку рендана кора од лимон
    За црешовото полнење
    500 гр. цреши
    3 лажици кафен шеќер
    100 мл. вишновка
    2-3 зрна каранфилче
    1 ванила
    1/2 лажичка цимет
    За прелив
    1 лажица густин и сирупот кој останува од варените цреши
    Подготовка
    Црешесто и вкусно...право изненадување на вкусовите...
    Подготовка
    Пандишпанот
    - Со миксер добро уработете јајцата со шекерот и ванилата. Потребно да се утрои обемот. Внимателно додадете го пресејаното какаото, разбркајте со шпатула. Исипете го тестото во плекче 30х30 см. постелено со хартија за печење, ставете да се пече околу 8-10 мин.во предходно загреана рерна на 170 степени. Кога ќе се малку олади, замотајте го во ролат заедно со хартијата.

    Сигурно забележавте дека нема брашно во состојки за пандишпанот, нека не ве буни тоа, овој пандишпан е без брашно.

    Крем
    - 200 мл. млеко ставете во касеролата да се загрева заедно со шеќерот. Во остатокот од млекото растворете го густинот, додадете ги жолчките и со миксер сматете. Кога проврие млекото тргнете за кратко настрана, додадете го густинот и жолчките, ванилата, вратете на повторно на огнот и нека се свари во густ крем. Оставете да олади.
    - Сматете ја слатката павлака, додадете во оладениот крем, измиксајте со миксерот да се добие фина хомогена смеса. Додадете сега ренданата кора од лимон. Оставете го околу половина час во фрижидерот.

    За црешовото полнење
    - Исчистете ги црешите од семките, ставете во касеролата заедно со сите останати состојки и нека провријат околу 2-3 мин. Со решетка лажица извадете ги и оставете да се цедат и оладат. (внимавајте да не ги преварите црешите, тие треба да останат цели, само да сосема малку омекнат и да се ароматизират, доволно толку време)
    За преливот
    Добиениот сируп во кој се вареа црешите згуснете го со додавање на густинот, само кратко да проврие, тргнете го од огнот и нека се олади.

    Завршниот дел
    - Одмотајте ја кората, премачкајте со дел од филот, наредете ги исцедените и оладени цреши, замотајте повторно во ролат.
    - Со дел од филот што останува премачкајте го одозгора ролатот, а можете целиот фил да го ставите во кората, а одозгора да го декорирате со сматена слатка павлака, тоа останува на вас. Како сакате така го декорирајте.
    Сечете и послужете прелиен со преливот...
     
  12. tHeBeAuTyFoReVeR

    tHeBeAuTyFoReVeR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Го напишав и во друга тема
    Салама со кафе

    Тесто:
    250 гр. кокос
    250 гр. мелени бисквити
    200 гр. шеќер во прав
    3 филцани сварено засладено кафе

    Фил:
    3 варени жолчки ( јас не ги ставам )
    125 гр. путер
    100 гр шеќер во прав
    100 гр. желе бонбони
    малку рум

    Подготовка:
    Во еден сад се промешуваат сите состојки предвидени за тесто и се замешуваат со варено кафе.На наместена алуминиумска фолија се расплескува кора прст дебела, се премачкува со филот, се завиткува како ролат кој, пред да се сече, треба добро да се стегне најдобро на собна температура ( јас практикувам 20 мин во замрзнувач дека ми се брза).

    Фил:
    Путерот пенесто се мати со шеќерот во прав, се додава малку рум (една лажичка), желето исецкано на коцки и на крајот варените пасирани жолчки (кој не сака не мора).
    На крај се прелива со едно чоколадо за готвење (претходно стопено на оган со малку путер)
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    Ролат со мармалад

    1кг. брашно
    1 квасец
    5 јајца
    10 лажици зејтин
    8 лажици шеќер
    млеко

    Се замесува средно тврдо тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се дели на 4 дела. Од сите делови се расукуваат кори и се премачкуваат со мармалад. Се виткаат во ролат и се премачкуваат со изматена жолчка. Се печат во подмачкан плех.
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    3 пакувања ресани
    1 пакување крем бананчиња ( 140 гр )
    100 гр сецкани ореви
    100 мл млеко
    100 гр маргарин
    150 гр црно чоколадо за глазура

    1. Ресаните и крем бананчињата ги сецкаме.
    2. Во еден сад ги ставаме ресаните, крем бананчината и оревите. Ги мешаме заедно.
    3. Во сад на оган го ставаме млекото да се стопли. Го додаваме маргаринот да се стопи во млекото. Откако ќе се стопи го додаваме во садот со претходната смеса. Мешаме.
    4. Смесата ја ставаме во калап. Оставаме да се здрви.
    5. Врз калапот ставаме глазура.
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Eве
    ке пишам рецепт само да го најдам книфчето :D незнам каде е :)
    иначе рецептот е лесен и вкусен :)
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      254,7 KB
      Прегледи:
      277
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    кој рецепт е тоа..Име? :P ме настрви ;)
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    домашен ролат со банани

    за раванија или пандишпан(како и да е)
    5јајца
    10лажици шекер
    10лаж брашно
    1пециво
    5лаж варена вода охладена

    сите овие состојки ги промешуваме и во тепсија со хартија се пече( правоаголна тепсија или калап)
    од како ке де испече ја виткаме раванијата во чиста крпа и со помош на крпата витакме ролат и се става настрана да се олади раванијата.
    во сад подготвуваме хопла или шлаг пена по ваша желба
    Rаванијата ја премачкуваме со шлагот и во средина ставаме кругови банани и виткаме ролат.
    ролатот згора го премачкуваме хопла или шлаг и украсуваме по желба со банани и чоколадо :)

    може 1сат да се стегне во ладилник
    сликата погоре :)