Основните вкусови на храната се слаткиот и солениот.Доколку би морале да се одлучите за еден од овие кој би го избрале?Што е подобро по ваш вкус ,вкусна чоколадна торта или можеби добро парче пица?
Секогаш солено. На повеќето можеби им е чудно,но солено преферирам oтколку благо. Имам некоја чудна навика некогаш после благо ми се јаде многу солено. Чоколадото го обожавам и ми е незаменливо, но мене благо неможе да ме најаде. Со благо се дојадувам да се облажам малку. Чудно да но сум приметила дека е така. На благо имам повеќе мерка, бидејќи ако изедам многу ќе ми се сложи, но солени не, можам да јадам до пукнување Имам слабост на мајонез ама избегувам бидејќи дебелее и не здраво Ќечапот ми е љубов, не се ставам ќечап Неможам да си замислам убав оброк без добро парче печено месо, барем 2-3 пати неделно.
И солено и благо.Зависи од моментот.Ама ако мора ај нека биде благо.Инаку меѓу торта и пица дефинитивно пица
Почнувам со солено, се најадувам добро и за на крај еден добар десерт. Без благо јадењето не ми е комплетно. Значи преферирам солено, но дефинитивно многу сакам и благо. Не одат едно без друго.
Jaс најпрвин би одбрала парче пица, а потоа и чоколадна торта Не можам да се одлучам меѓу овие две мајке ми. Ги обожавам и двете.
Кога би морала да бирам меѓу пица и чоколадна торта не знам што би избрала, најверојатно и двете а инаку повеќе сум по благото.
Солено.Не сум голем благар,има некои моменти кога ќе ми се пријаде благо и тоа ненормално многу но повеќе сакам да јадам солено.А и благото ме заситува многу брзо,со едно мало чоколатце се заблажувам а ако изедам повеќе ми се слошува.Додека чипсови,грицки можам да јадам во неумерени количини.Така да дефинитивно солено.
СОЛЕНО !!! Кога би требало да одберам едно од тие два вкуса јас би одбрала солено.Вака..да се разбереме.Солено повеќе јадам ама не дека ќе одбијам и некој десерт.
Дефинитивно солено. Не сум зависник од благо. Можам и со денови да не пробам ништо благо. Дури и кафето го пијам без шеќер. Не јадам чоколади, освен црно, по коцка-две. Викаат здраво е. Е сега роденденска торта, колаче по некој повод или слично, не одбивам.
Солено! Без благо можам многу долго да издржам, а кога ќе ми дојде нагонот тоа е најчесто за чоколадо. Ако има бело, уште поубаво...
И раце и нозе кревам за благо! Поомилено ми е, далеку повеќе и го конзумирам. Зависна сум ептен, ептен..