Солено на врвот! Повеќе сум за солени работи, дури и кога ќе каснам благо, веднаш потоа имам потреба да грицнам нешто соленко. Јадам слатко, но во умерени количини, а само пред ПМС се нафрлам на чизкејкс, сникерс и слични чудесии.
Многу солено. Понекогаш дури имам желба и обична сол да земам и да лижам. Дали ми фали некој минерал, не знам ама премногу сол ми треба. Ако спремам салата за ручек, обавезно ми нагласуваат да не ставам сол во целата и да си извадам за мене посебно, зашто иначе не се јаде од што е солено А благо доста ретко, пред добивање и кога ќе почнат да ми се тресат рацете, ако ми падне шеќерот.
Еееее сеа шо да изберам море бе рекла и двете ама ајде ако мора 1 би избрала тортата јадам и солено и кисело и мешам ама благо си е благо
Неможам да се одличам, и двете ги јадам и ми се вкусни подеднакво. Вообичаено после секое солено јадење јадам благо и ги јадам подеднакво. Не ги делам
хаха и двете...ама слатко не сум јадела неколку месеци (само кога сум на роденден парче торта јадам и толку),инаку и двете ми се слатки
и двете многу ги сакам прво соленко па после десертче да си ја облажам душичката мх мх царски убавини.А диетата со ќе речи на ова
Е ова не е фер сакам пица секако но чоколадна торта леле ми се пријаде и сега искрено неможам да се одлучам ги сакам и двете и тоа баш во овој момент
Солено ( јас и така не јадам благо торти,слатки такви работи не да држам диета едноставно неможам да јадам благо )