дефинитивно солено...обожавам смоки,разни грицки,сончоглед и семки,зачинети салати и супи.Благо јадам ептен ретко,така ако ми се науми некогаш купувам чоколада,апнувам 2-3 коцки.Знам дека солта е штетна за организмот,но едноставно не можам без неа!
Кога го јадам едното,го сакам другото и обратно.И двете приближно исто ги сакам,ама сепак ќе кажам солено.
Солено !! Смоки, чипс, пуканки ммм. Било која храна ја посолувам, на лепче си ставам сол, на се се се
Благо, дефинитивно. Без солено можам, не ми е проблем да се одречам од било што, ама од благо нема шанси! Да можам цел живот на благо, на благо би била. Дури и диета кога држев, многу солени јaдења не јaдев, ама денот без блачко не ми поминуваше.
Голем гурман сум по природа,но ако треба да бирам веке со драго срце би се одлучила за едно парче торта.