1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слатко

Дискусија во 'Рецепти' започната од OzzyAngel, 31 октомври 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Девојки, ако има ваква тема веќе, посочете ме. мене ми треба рецепт за слатко од зрели смокви итно!
     
  2. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Слатко од смокви

    Мајка ми вака го прави: во длабоко тенџере се става 1 кг вода и отприлика од 800 до 1000 гр шеќер(зависи колку сакате да е благо),кога ова ќе зоврие се пуштаат смоквите(1кг смокви ако имате повеќе ја дуплирате целата доза) и кога ке почне да се згуснува шербетот се трга и се собира.(Некој го собира додека е топло слаткото,а некој кога ќе се излади.) :)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Слатко од смокви

    На кило смокви околу 800 гр шеќер и две чаши вода , шеќерот и водата се ставаат да зовријат после се ставаат смоквите и се мешаат едно 3 сати после се собира во тегли ладно.
     
  4. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Слатко од грозје

    Девојки, дур не ми скапало грозјето до крај..хехе... Сум пробала слатко од грозје но не знам и како се подготвува. Доколку некој знае- секоја помош е добредојдена.Поздрав
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Слатко од грозје

    Направиш шербет во голема шерпа во зависност од тоа колку кг грозје имаш (обично оди 1кг шеќер на 1кг овошје, ама бидејќи грозјето само по себе е благо тогаш помалку шеќер 600-700гр. Ќе процениш сама колку е благо грозјето). Откако ќе се стопи шеќерот во водата го додаваш грозјето, на него му треба многу малку да се вари, некаде половина час до 45 мин. На крај додадеш сецкан лимон на кришки и собираш во тегли.
    Слаткото се собира ладно во топли тегли ;)
     
    На ancetupance му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Слатко од грозје

    Браво бе феминки мои, од вас се можам да научам ќе станам супер домаќинка :D , а сакам да прашам дали со црно или со бело грозде?
     
  7. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Слатко од грозје

    Благодарам за насоките :D Сега останува да си ги опробам моите готвачки капацитети.. хехехе сега се потсетив на песничката од Сара Кеј- златни раце матат вешто ке испадне барем нешто!! :rofl:
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Слатко од грозје


    Со бело грозје, има специјално кое е без семчиња и е за слатко.
    Ајде кухајте :D па викајте на кафе и слатко
     
  9. Lady-Love

    Lady-Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    Слатко од цреши

    феминки Ве молам помогнете ми ..ако можи некоја да ми даде рецепт за подготовка на слатко од цреши ..благодарам
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Слатко од цреши

    Јас правев од вишни сега ама исто е и со цреши.
    Како прво мора да се извадат семките :) е знам, многу досадна работа, али има техника како се вадат ;) со онаа тенка игла (оние ептен тенки) за плетење или било каква тенка игла.
    Обично оди 1кг шеќер на 1 кг овошје али ако е поблаго овошјето се намалува количина на шеќер, одприлика 700-800гр.
    Прво се прави шербет затоа што на овошјето му треба многу малку време за да се свари. Доволно е да проврие овошјето околу пола саат до 45мин, и самата ќе приметиш дека е варено овошјето. На крај додадеш исецкан лимон на кругови за да не се шеќердиса слаткото и најбитно е дека слатко се собира во тегли кога е целосно ладно. Значи може комотно утреден да се собере во тегли.
     
  11. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Слатко од грозје

    А од обичново грозје нема нешто слатко/мармалад нешто да се прави? Татко ми купил цела гајба божем ние само грозје да ќе јадеме... :) Ај ако има нешто пишете рецепт :)
     
  12. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Слатко од грозје

    Некој ако знае рецепт за маџун нека напише. :)
     
  13. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    Сè од овошје

    слатко од висни

    се прави шербет од 1 кг шекер и сестава вода само колку да го порие шекерот одкако ке се згусне шербетот во него се додаваат 1кг(исцистени од семки)висни и заедно се варат се додека не се згусне околу 2 часа,при крај на варењето се додава малку лимонтос и потоа се трга настрана да се олади,на крај се собира во тегли

    слаткото од висни мозе да го користите и во сладолед и во торти и колаци
     
  14. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Рецепт за слатко од зелени смокви

    Кажете убав рецепт за слатко од зелени смокви,сакам денес да наберам и да правам. Некој испробан рецепт :)
     
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.953
    vickyy90 малку каснам со одговоров на твоето прашање, но сега го видов пребарувајќи во рецепти! Пред една недела правев слатко од зелени смокви, излезе супер и е превкусно, но верувај ми се изнамачив!!! Смоквите се засекуваат од страната на рачката рамно и се боцнуваат 2-3 пати со игла. Се ставаат во тенџере со ладна вода и откако ќе зовријат се менува водата. Постапката се повторува 9 пати!!! По деветата промена на вода се вари шербет - за 1кг смокви е потребно 1кг шеќер и 700мл вода. Откако ке проврие шербетот се ставаат сварените смокви и се вари со повремено протресување на тенџерето до саканата густина. Се додава лимонтус, се трга од оган и се покрива со навлажнета памучна крпа. Се остава да се олади (обично преку ноќ) и се собира во чисти тегли.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Слатко од дуњи

    - 3кг. дуњи
    - 2.5 големи чаши вода
    - 2.5кг шеќер
    Дуњите се сечкаат на коцки (или каква форма и да сакате). Се вари шербет од водата и шеќерот, но да не биде премногу густ. Се ставаат исечканите дуњи и се варат додека не добијат розовкаста боја (жолто-розова). Теглите се полнат и се ставаат во рерна на 100 степени додека да се стоплат, потоа рерната се исклучува и се оставаат теглите внатре до сабајле (ова мислам беше за да затворат убаво и да не се расипат).
     
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Имам грозје и за да не го фрлам сакам да го направам слатко ,но со семки е :| што би ме советувале вие ?
     
  18. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    26.127
    Пол:
    Женски
    обожавам слатко од капини и смокви не се контролирам колку можам да изедам
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @Viktorijaaa5 Ако грозјето е во мала количина и е полузрело, може да го направиш и со семки.
    Подобро да го користиш за домашен десерт отколку да го фрлиш, доколку не сакаш да го консумираш свежо.
    За овој вид слатко, најдобро е да се подготви од грозје без семки од сортата Султанија.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Фала ти @poenta.Знам дека најдобро за слатко е грозје без семки но еве прашувам дека и јас самата никогаш не сум пробала со семки и незнам како би било :?: