Можеш сок да си направиш. http://moirecepti.mk/post/кашест-сок-од-грозје-дуњи-и-лимони Инаку ако се ептен мали семките ако не се јаки мислам дека можеш а ако не се мораш да ги извадиш.
@shushu еве од мене рецепт за џем од сливи(кој може да се нарече и слатко) Сливите се мијат ,се вади семката, се преполовуваат на пола а може и на четвртинки, се ставаат во длабок плех, се полеваат со шеќер(не многу на кг сливи 200 г шеќер доволно е) и се печат во рерна на 220 Ц со повремено мешање околу 1.5 до 2 часа.Може да се додаде и рум и јатки ореви за дополнителен вкус
@mareane фала на рецепчето мила ке си го зачувам за наредна година вака што читам си го замислувам убаво па и со рум мх мх .. Направивме слатко мајка најде рецепт поздрав
Девојки а да споделите рецепт за слатко од грозје? @Viktorijaaa5 @poenta ? Мајка ми се запнала сака да го прави за прв пат, случајно се погоди годинава да имаме домашно грозје без семки, а она го има одамна јадено некаде. Не можеме да најдеме рецепт кој е проверен, се ставало и ореви и суво грозје и тиква мислам. Како и да е не верувам дека некој ќе го јадеме, обично вакви работи ич не сакаме, ама би сакала да пробам барем какво е
Маџун е тоа, барем така го викаат во нашиот крај.Баба ми го прави, а тиквите(рачели, ги викаме) ги сече со едно посебно сечило-ноже како виткани да бидат.Ако те интересира ќе ја прашам како го прави, ако има уште останато ќе ставам и слика.
Викендот јадев мешано од тиква, ореви и грозје, преубаво беше- тоа и слаткото од смокви ми се најомилени, превкусно нешто, немам зборови. Рецепт немам за комбинацијата што ја спомнав, ама еве ти два одделни, можеби ќе ви послужат. http://moirecepti.mk/post/слатко-од-грозје/ http://moirecepti.mk/post/рачели/
Гуглам ама за маџун не ми излегува слатко туку некој си како сируп некаква темна течност, бидејќи грозјето се меле. Ако можеш да најдеш рецепта за сите состојки кои ги напоменав заедно пиши ми доколку не ти е проблем
Има слики од маџун со тиква во коментарите под сликите од слаткото од рачели. А не ми јасно зошто се викаат рачели, и јас така слушнав дека се вика, а не знам од каде доаѓа тој збор. @Winter Lady гројзето не беше суво, мислам дека и тоа како тиквата се мие во вар, ама не знам точно. Уф уште го чувствувам вкусот, мх, мх... @simoncelicius вели дека не верува да го јадат, ама верувам дека ќе се предомисли ако им се погоди, тоа е деликатес, нема шанси да не ти е вкусно.