1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Следбеници (The Following)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Speechless, 30 септември 2013.

  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Мислам дека серијава заслужува тема. :rock:

    [​IMG]
    Криминална драма, која што се работи за харизматичниот писател- сериски убиец, којшто креира таканаречена секта-следбеници додека е во затвор, и ФБИ агентот којшто пробува да му го следи секој чекор.

    Досега има само една сезона, следната се очекува да искочи на 4ти март.
    Дали сте го гледале? Каков впечаток ви остави?
    Јас искрено сега за сега сум до 3та епизода, и серијава ми е ептен вау. Со секоја епизода е се помистериозна. :o
    Љубителите на драма, ви ја препорачувам.
    Морам исто и да кажам дека има брутални сцени :!:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Изгледав 7 епизоди од серијата и ја прекинав.
    За мене Кевин Бејкон е одличен глумец, но тука ми делува за нијанса истрошен. Не дека не глуми добро, но може и многу подобро.
    Негативецот е многу погоден, многу харизматичен и секси.
    Сите останати ликови ми се невидена утка и тотално ме иритираа, посебно девојката со кратка коса, т.е. дадилката. Па има ли поодвратен лик од неа во серија?

    Се чудам искрено како ја обновија и и` дадоа втора сезона на серијава.
    Не заслужува според мене.
     
  3. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав во еден здив, сите три сезони. Имаше ликови кои и мене премногу ме иритираа и на моменти многу брутална и депресивна е серијата, но сепак ...
    Првата сезона беше најдобра, со добра замисла, идеја, цел. Втората беше ок, ама веќе третата ја префорсираа, ја изгуби првобитната идеја, забега во скрос друг правец. Но, се поврзав многу со ликовите и жал ми е што најверојатно нема повеќе да ја има, но ако продолжи да се снима сигурно ќе биде утка.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    И мене првата сезона ми беше скроз ок, ама втората некако потешко ја пратев , не ми оедеше и сум некаде на половна од втора...изгледа нема ни да ја изгледам :/
     
  5. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Да знаев дека има уште некој што ја прати серијава ќе си коментирав тука и така немав со кого да споделувам мислења. :)
    Според мене прва сезона беше најинтересна и највозбудлива,втора беше најдосадна и третава ми беше океј, ја оправија и баш тогаш ја прекинаа.
    Уште од почеток се знаеше дека нема шанси во сите сезони Џо да биде главен негативец и никад да не го фатат. Иако мене лично неговиот лик ми беше многу интересен ама во втора сезона малку го развлекоа и тоа што го имаше во прва се изгуби.
    По мене серијава не е баш најдобро осмислена и напишана. За некои како дел од ФБИ воопшто немаше почитување на протоколи, скоро сите постапки на Рајан беа избрзани и непромислени па дури дали и еднаш го суспендираа. Гледајќи ја серијава добив впечаток баш спротивно за непрофесионализмот и непочитување на прописи и правила па и инфилтрирани агенти колку сакаш или толку било лесно да им ја хакираш мрежата на ФБИ. Односно со серијава реално се истакнуваа колку полицајциве се како да кажам ама прости и глупави. Имаше многу вакви ситуации посебно со Рајан и Мајк.
    Вака приказната со култовиве ми беше интересна и затоа и почнав да ја гледам ама реално сум гледала мнооогу подобри крими серии. Би и дала една 7ца и тоа ради Џо Керол.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    :) И мене приказната со култовите е привлече (дај кажи некоја таква серија :) Една ја загледав - Twisted, интересна ми беше многу, ама не знам дали ќе има втора сезона. изгледа откажана е офтопик знам :) )
    Мислам дека ќе ја изгледав вторава сезона, пошто многу мразам да оставам недогледани серии , кога веќе сум ги почнала...Ај ко ќе ја догледам ќе кажам впечатоци.
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    И јас исто,кога ќе почнам да гледам не можам да ја откажам така да ти препорачувам да ја догледаш инаку ќе те копка како завршува(а завршува со cliffhanger и има потенцијал за нова сезона).
    Инаку ако бараш добрa крими серија јас ти ја препорачувам The Killing нема да зажалиш или пак ако те интересира со слична тематика ѕирни ја Cult ама не сум сигурна дека е добра не сум ја гледала.:)
    http://www.imdb.com/title/tt2193053/
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Многу јака серија! Обожавам вакви болнички серии, мило ми е што ја открив.
    Истотака благодарение на серијава, почнав да збеснувам по Кевин Бејкон. Мммм :inlove:
    Порано немав некое мислење за него, добар глумец- просечен.
    Сега онака под влијание на серијата, ептен ми е уххх...
    Претажен ми е во серијата ми иди да го гушнам хаха .