Следења, обид за насилство и демнење на улица - лични искуства

Discussion in 'Општи дискусии' started by Curious cat, Dec 3, 2023.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2015
    Messages:
    4,898
    Likes Received:
    34,102
    Gender:
    Female
    Бев некој 14-15год и си идев од излегување беше околу 12ч.Пред зграда имам улица и после мојата зграда почнува ромско-македонска населба со куќи.Одам јас накај зградата од надолу нагоре , а типот од спротивна страна ја помина улицата и ме пресретнува .Јас сакам да го поминам тој не ми дава , а не ни збори нешто.Беше македонец.Ми вели дај да те бацам.Велам не може За среќа светнува вц од комшиите на први спрат и јас почнав да викам по девојчето што живееше таму.Типот се упаши ептен ,а јас трчев накај дома.
    После тоа го гледав често типот ама не знамев што да направам.

    Мене еднаш еден во Ск од економски до Кузман со мене одеше еден . Старче некое и ми велеше како е на Д.Јанев(проф по математика /осигурување на економски-сега у затвор)брат.Како можел да ми среди да положам математика-значи прва сум била.Не знам што се не ми збореше.Бев преплашена ептен.Кога пред Кузман ги видовме дечко ми и другарми типот избега го снема.Исто го имав и на факс видено баш со наведениот професор ,ама мене не ме чепна пак.

    Уште една срашна случка.Бев дете основно изгледа.Двајца роми од мое маало не знам зошто ме гонеа често ,за гз да ме фатат.Еднаш дојдоа во мојот влез и едниот ме држеше ,а другиот ме излижа по врато јас пискав па комшиката од први викна по мене и избегаа глупаците.

    Немојте да велите дека е безбедно јас не сум од Ск ама од манијаци вриеше градот.Темно без струја сокаци .Да поминеш покрај роми ,а да не се бутне некој или било што правеа за да те исплашат.А секогаш кога ние излегувавме тие се враќаа накај дома.
     
  2. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2017
    Messages:
    571
    Likes Received:
    6,019
    Gender:
    Female
    Ми се имаат десено повеќе помали случки како и на сите девојки/жени, ама оваа ми е најтрауматична.

    Една година пред короната во Аква паркот во Скопје, бев нападната од група албанци, во онаа мрзливата река, поточно едниот од нив а другарите чуваа и пазеа околу него.
    Ме допираше и бакнуваше по телото и пробуваше да ми ги соблече горните купаќи, среќа не продолжи насилно зошто испаничив и пробав да испливам и тогаш доаѓаа луѓе, инаку да беше било каде којзнае што ќе ми се десеше. Не знам зошто не можев да земам да викам устата ми се парализираше од страв.
    А друштвото демек ќе дојдеа да ми се придружат за 2 минути и ете прва прилика сама што ми се деси.
     
    SummerGirl and Curious cat like this.
  3. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Joined:
    Oct 23, 2018
    Messages:
    151
    Likes Received:
    507
    Gender:
    Female
    Не знам дали се сеќавате, пред неколку години пред да стават столпчиња пред пазар Буњаковец, тоа беше како паркинг за возила, наредени едно до друго и дење и ноќе. Одев една вечер за накај читална у браќа миладиновци, зима беше, не беше ни многу касно, 8 саат навечер и ајде поминувам меѓу возилата тука. Ептен беше празен градот, мислам и недела дека беше. И од зад една кола ненадејно ми излегоа две циганчиња, 15-16 години, и едново вади од јакната нож, ми вика: Давај парите! Јас се стаписав, си реков готово, крајот било ова. Беа двајца, знаев дека немам никакви шанси, само што посегнав по новчаникот - од спротива дојде човек на точак и овие киднаа.
    Еден од поголемите стравови у живот... Не можев да се смирам цела ноќ после тоа.