Devojki veke mesec i 20 dena ne mi e stignata pratkata... vika deka e vo Rusija, kolku vreme i treba od tamu ?
А од каде порачуваш? Ако е од Али, пратките не одат преку Русија, пиши му одма на селерот! Отприлика 10 дена
Девојки нарачав фустан на 10 април,ми го испратија на 15 преку China Post,сега сакав да проверам каде е ама ми пишува not found.Да ве прашам колку време треба да помине за да можам да ја следам пратката?
2014-04-19 12:40, MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF, SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Send item to domestic location (Inb) Овај ми е статусот на пратката, и сега одам денес во Битолската пошта и таа вработената ми вика нема ништо дури и ми се развика да си чекаш картонче, дали има некој искуство со подигање пратка од Битолската нељубезна пошта?
^ 1003 е кога ќе слета кај нас на аеродром. Почекај 2-3 дена да стигне до локалната пошта Тек денес почнаа со работа, празници ги фати, не верувам дека се замарале со пратки викендов
Јас имав пратка стасена на 19ти, денес ми стигна, а не сум од СК, си пишува дека е пратено на потребната локација. Се е тоа до ажурноста на поштите.Не го пишува бројот на локалните кога пратката ќе стаса таму. Сигурно утре ќе ти донесат катонче,или пак пратката.
Moже некако да направам ова: 2014-04-21 00:00, 出口总包互封开拆, 北京国际, 马其顿 2014-04-21 00:00, 出口总包直封封发, 北京国际, 马其顿 2014-04-20 00:00, 收寄局收寄, 北京国际邮件收寄中心, 马其顿 да не ми биде на хироглифи напишано? Вака исто ми се фаќа та пратела - та непратела нарачката, кога абер немам до кај ми е
1. Copy на хиероглифите 2. http://www.translate.google.com 3. Paste на хиероглифите 4. Кинески -> Англиски (Македонски...) 5. Translate Спојлер Пратката е во Кина сеуште 2014-04-21 00:00 Mutual export total package seal to open, Beijing International, Macedonia 2014-04-21 00:00 Direct export total package sealing, sealing Beijing International, Macedonia 2014-04-20 00:00 Acceptance Acceptance Bureau, Beijing International Mail Acceptance Center, Macedonia
Луѓе кога ја следам пратката излегува ова http://prntscr.com/3cyal1 . Веќе 7 дена не е стигната од Прага, а на дечко ми порачките порачани подоцна од моите веќе стигнаа. На вас за колку време отприлика ви стигнуваат нарачките од Прага?
^кај и да е би требало да пристигне, бидејќи е пуштена од Прага и патува наваму. 17track.net мене ми е најсигурна. За сите пратки досега ми нема промашено.
Кога точно ќе стигне нарачка кога е во Прага, Цирих...според мене е како гледање на гравчиња. Зависи од повеќе фактори кои не зависат од нас, а според моето искуство никогаш не ми стигале за ист број на денови од исто место. Една нарачка ми стигнала за 2 недели, друга за 5 дена, трета за 10 итн. Се случувало и да пишува дека е во Прага/Цирих, а таа е веќе стигната и испорачана. Така да бидете трпеливи, битно е да стигне. Некој има среќа побрзо да добие нарачка, на некој ќе му заглави ама мора да се има тоа во предвид со интернет нарачкиве.
Девојки, за неколку дена ќе ми заврши времето за кое требаше да ми стигне пратката, и сега го контактирав продавачот, и тој ми вели дека била може негде заглавана поради празниците и лошото време и ме праша дали сакам да го продолжам веремето? Бидјеќи немам некаво искусто со ова, ме интересира за колку дена се работи, дали секој од нив сам си одредува или има некакво си правило, бидејќи не ми се чека уште многу, веќе ми се одмили .
Ти одлучуваш за колку дена ќе го продолжиш времето. Кога ќе отвориш extend ќе ти се отвори прозорче со квадрат во кој ти сама треба да пишеш за колку дена сакаш да го продолжиш времето. Не се секирај, јас времето на една пратка ја имам проджувано 2 пати и тоа по 10 дена и на крајот пратката стигна.
Здраво девојки! Пишувам од профилот на мајка ми бидејки итно ми треба ваш совет во врска со една пратка од алиекспрес.Имав порачано очила за сонце и сеа ја следев со тракинг број и уште од 10 покажуваше дека е стигната во скопје и нели најкасно за два дена треба да ти ја достават,али ништо се јавив во скопје во пошти и ми кажа дека порачката ја пратиле во гостивар како е можно.тој во ск ми кажа кинезот погрешна адреса ставил али јас контактирав и со него и се е во ред.Незнам дали имал некој слично искуство али незнам кај да се обратам сега за да ми ја препратат од тука.некој совет нешто ?
Како му текнало на кинезот баш Гостивар да го стави..? Да не ти дал тракинг број од некој друг што нарачал од Гостивар, па ги помешал (намерно или ненамерно) заради државата? Ако на пратката пишувало твои податоци, а само градот бил погрешен тогаш ќе треба некој љубезен од пошта ако најдеш што ќе сака да праша таму во поштата во Гостивар или ти да се јавиш таму, па ако ја најдат, да средат за враќање ако не е и вратена од тогаш зошто има многу време поминато.. Ако пратката била за некој друг со тој тракинг број тогаш сигурно му ја испорачале веќе, а ти треба да контактираш во селерот и да му кажеш дека не си ја добила пратката и што те информирале во пошта. Се надевам дека не ти е истечен рокот за испорака за евентуално ако немаш повратен одговор да отвориш dispute.
sunfemina не е истечен рокот има уште 26 дена, а и ми врати кинезот и кажа дека од кај него било се во ред на мојата адреса ја пратил со тој тракинг број и дека овие направиле грешка од кај нас па незнам.Тој испадна љубезен и кажа ако не стигне ке ми ја препрати пак али не е тоа тоа да ја чекаш уште два месеци кога може од тука да се среди,таа од кина до тука стигна а тука забушаваат.а и како шо гледам во пошти тие ни љ немаат од љубезност така да...Во секој случај фала за советот
Некој некаква грешка има направено, кој е во право не се знае. И да е до нашава пошта воопшто нема да ме зачуди..нема гаранција дека ќе успееш да ја добиеш пратката ако ја праќале ваму-таму. Можеш да се обидеш да се распрашаш.. Не знам која е веројатноста да ја испорачаат во Гостивар ако постои улица и број исти како твоите, во спротивно би требало да ја вратат и од Скопје пак назад за Кина.
Не ми се верува да има иста улица и број.А нели на пакетчето има покрај име и презиме и мој број за контакт ако се толку љубезни би се јавиле да кажат дека порачката залутала.Искрено и јас сумњам дека порачката ке дојде до мене али останува уште да се јавам во Гостивар и да видам таму што ке кажат.Инаку ова како да се зареков читам тука на некој и касни порачката на некој воопшто не стигнала и си викам ауу па јас никогаш не сум имала таков проблем и оп ете ти