На пошта.мк ми покажува дека пратката ми е во Швајцарија... да не залутала негде? или одат и некои порачки преку Швајцарија?
Што значи ова, дека пратката ми е стигната во Прага или Македонија? 2014-05-16 16:45, Prague, arriving import exchange offices, Macedonia, Arrival at inward office of exchange, MK Инаку, на другата пратка ми пишува MK, send item to domestic location, и тоа ми стои од денеска од 16:00, до понеделник би требало да си ја добијам пратката?
Thu 5/15/2014 4:43 pm 布拉格 CZPRGA Arrival at inward office of exchange да ми преведи некој кадеми е пратката ?
Имав неколку порачки кои си стигнаа околу 25 дена, но сега на останатите три им стои ова 2014-05-20 10:12, 北京国际, 出口总包直封封发, 马其顿, Departure from outward office of exchange, MK, а еве веќе повеќе од месец како ми ги испратиле селерите. Контактирав со еден од нив, а неговиот одговор беше дека се е во ред од нивна страна и дека сега се зависи од China Post. Сега само ми преостанува да чекам. Му се има ли случено ова и на некој друг?
За тие што ги следат пратките преку Track17, ви препорачувам во делот каде што пишува Translate Aim Language да го смените во English (кај мене автоматски беше на Chinese). Откако ќе го направите тоа, во главното поле и да пишува на кинески (или хиероглифи како што ги викате ), кога ќе застанете над тоа (без да кликате) ќе ви се појави жолтово прозорче со превод на англиски Пратките стигаат за 20-40 дена, секому и секогаш различно. Не можеме точно да знаеме колку се задржува во Пекинг или на другите аеродроми. Некогаш 5 дена, некогаш две недели. Исто така од Прага најчесто стигаат за 3-5 дена, но знаат да се задржат и 10 дена. Преку Швајцарија, исто, потребни се околу 10 дена. Не ги праќаат секој ден наваму, сигурно чекаат да им се соберат повеќе пакети, па и самите си имаат распоред на праќање, дали е еднаш неделно, еднаш во 10 дена, они си знаат Најчесто пратките одат PEK-CZPRGA(Прага)-MKD, или CAN-SWITZERLAND-MKD. Сè додека има кинески букви, значи уште се низ локалните пошти додека стигнат на некој поголем аеродром. Ознаките изгледаат вака отприлика: Спојлер PEK - Пекинг CAN - Некаде во Америка SWITZERLAND, DIETZENBACH - Швајцарија CZPRGA-Прага MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF, SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE - веќе јасно, дека стигнала на аеродром Исто така, откако ќе влезат на територија во Европа, можат да се следат и на страната на Македонски пошти. Вака се движат најчесто, иако се случило на неколку девојки да им покажува локација Малта, Турција и слично, самите нека кажат дали стигнале производите, дали оделе по друга рута или било грешно тракинг бројчето.
После објаснувањево на sanja.burgundy ако се повтори уште некое прашање поврзано со следењето на пратките, значи јас лично ќe се упукам Браво девојко! И уште нешто ќе додадам, иако и ти, и други го имаат безброј пати пишано (само кој да прочита ): НЕ СЕ ЗАМАРАЈТЕ ТОЛКУ СО СЛЕДЕЊЕ НА ПРАТКИТЕ! Ќе стигнат! Ви кажувам од лично искуство дека колку повеќе ги чекате и следите, толку поспоро ќе минува времето и подолго ќе ги чекате. Едноставно нарачајте и оставете ја пратката сама да стигне... Прекрасно е чувството кога ќе ве изненади поштарот - верувајте. Освен доколку се задржи предолго - нормално е тогаш да отворите и да проверите што се случува со пратката за да имате можност да отворите диспјут или пак да го исконтактирате продавачот.
Од лап топ сум сега и не можам да сликам,ама ке и објаснам.Кога ќе отвориш во my orders одма до името на производот има Open Dispute.Се надевам дека ме разбра..
Ако ви пишува вака значи пратката пристигнала во Kина,во локалните пошти. Додека вала значи пратката е во МК. Многу пати е кажано, следењето е за ориентација, а не да се замарате со секој детал. Порачките одат Кина-Пек-Прага-МК или Кина-Кан-Швајцарија-МК, ова се главни дестинации кои ќе ги разберете. Се друго со кинески букви е Кина. Опен диспјут ви е кај View Detail
Дали ова значи дека ми стигнала пратката во МК???? http://www.femina.mk/out/?id=0b42c29539 ... x_en.shtml
Ја отвара само страната на 17track, види го постот над твојот, има принт скрин од пратка стигната во Мк.
сакав да порачам од еден на facebook и ми вика треба 3 долари да пратиш за да можам да ти ја следам пратката,демек толку се плаќало на еbay за сигурно да ти стигни.Стварно има таква опција за плаќање?Баш ме интересира дали ме лажеше за да ми земи пари? поарно нека кажи ако е така дај 200 денари или колку и да бара...ке го разберам
има една страна dresslink.com и многу има преубави работи за многу многу многу евтини цени .. ја препорачуваат дека е ептен ефтина странава. јас сакам да порачам од тука ама ми е страв да не ми ја зафркнат праткава .. иначе од кина стигаат работите се и на јутуб гледав неколку видеа викаат сите дека ги добиле работите во 3 пакети еден пакет ќе стигнел порано и еден подоцна , а за тоа никој на страната не обрнал внимание.. и сите викаат ако порачуваш од таа страна алишта да порачаш најголемиот број оти сите се мали во кина бројојте и можат мали и тебе да ти бидат.. еве ја страната , ептен е ефтина http://www.dresslink.com/