Feminki...na stranicata za sledenje na pratki mi go davase slednovo : 2014-06-20 14:45, CZECH REPUBLIC, PRAHA 120, Send item abroad (EDI-received)... a, sabajlevo cicko postar me iznenadi...so ovaa prtka...Mi stigna, nenadejno! Pozdrav
Хахахаха и мене истото ми се случи, баш денес гледам со татко ми се симнуваме и во влез застанува вика абе нешто има у сандуче и оп картончето, се изненадив. А исто ми пишуваше дека е во Прага
Да ви се придружам, и мене истото денес ме снајде. Веројатно има некоја блокада во следењето. Имам пратки кои вчера ми ги покажуваше во Кина, а денес ми ги покажува во Македонија, па ги очекувам и нив овие денови. Како и да е, навистина пријатно изненадување.
Морам да ви го кажам и следново .... Направив нарачка помала од дозволената и после тоа незнаев како да ја стопирам бидејќи на страницата за следење на пратката ништо не ми покажување за мојата пратка. Си мислев дека ми отишле онака тие пари ( не беа кујзнае колку 2 евра ) и оп што ќе видам денеска чичко поштар ми ја донесе пратката.....јухуууу Како е можно ова....
Здраво феминки, јас веќе подолго време правам нарачки на али експрес и никогаш сум немала проблем со следењето. Но еве неодамна нарацав еден саат, и за следење селерот ми го даде ова бројче 30300368803, и притоа да го следам на оваа страна http://en.4px.com/ , но јас никако не можам да се снајдам каде е нарачката. Доколку некоја има искуство со следење на оваа страна, ве молам да ми објасните сто е финтава Позз
Ова значи дека порачката ми е во Македонија,така? Destination Country - Macedonia:Tracking Consuming:530 Millisecond Origin Country - China:Tracking Consuming:1280 Millisecond 2014-07-02 15:59, 北京国际, 出口总包互封开拆, 马其顿, Opening, MK 2014-07-02 09:38, 北京国际, 出口总包直封封发, 马其顿, Departure from outward office of exchange, MK 2014-06-28 17:03, 长沙国际, 出口总包互封封发, 马其顿, Dispatching, MK 2014-06-28 16:38, 长沙国际, 出口总包互封开拆, 马其顿, Opening, MK 2014-06-27 16:43, 长沙县信广中心, 收寄局收寄, 马其顿, Collection, MK
Бројчето ми е чудно бидејќи му недостасуваат букви Мене сите тракинг бројчиња ми биле од овој тип пр: RB442875522CN (CN е за Кина). Преку која пошта ти го има пратено пакетот? Иди на http://www.17track.net/index_en.shtml, внеси го бројчето и таму каде пишува translate подеси го јазикот на англиски, стави го маусот над кинеските букви и ќе ти се појави како жолто прозорче со англискиот превод. Инаку, ако ова е се што ти се има појавено досега, мислам пратката дека се уште е во Кина.
Не знам преку која пошта е, но исконтактирав со селерот и ми вели да почекам, доколку не стигне во одредениот рок да не се секирам ќе ми ги врати парите. Па сега ке видиме, иако и мене ми е сомнително, ваков тракинг број не сум имала. Сепак фала. Позз
Дали некој знае што значи ова? 2014-07-11 15:49, CZECH REPUBLIC (THE), PRAHA 120, Insert item into bag (Otb)
На 17track.net ми го пишува ова 2014-07-14 13:13, MACEDONIA (THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF), SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Receive item at office of exchange (Inb) а на онаа страницата со мапите дека е во Прага. Кое е точно?
Само три страници поназад (тука) имате детално објаснување што и како значат ознаките, кратенките, сите кинески букви.. Скоро сите прашања се одговорени, а одговорите нажалост се губат кога одново се поставуваат истите прашања. Значи, сериозно, на следната страница пак истото - што значи ова, што значи она Не напаѓам никого конкретно, на некои ете им е прва порачка и паничат или пак проверуваат по 6 пати на ден, а пратката им стои во место Не е ништо страшно, кулирајте Од сега само copy-paste на деталното објаснување (за сите девојки кои многу пати објасниле)
Имам една порачка од 4 јули порачана меѓутоа немам реуларен број за следење туку го има ова: Seller's Shipping Method 10724615410 you can track your order fromSeller's Shipping Method's website with your tracking number. И наведена е оваа страна за следење http://www.hongkongpost.hk/ Имал некој вакво искуство оти на странава неможам да се снајдам, ако некој можи да се обиди нека ми помогни или па е некоја лага.?
Мене многу често пратките преку Хонг Конг не може да ми ги пронајде дури и кога има регуларен број за следење (оној со RC/RN/RD). А најново ми е, мислам дека и друга феминка на претходната страна прашуваше - пратка со број за следење само овој 30305614684. Кога го внесувам во 17track, ми појавува дека е најверојатно преку GLS (некоја друга пошта), но и кога одам на официјалната страна на GLS, повторно не го наоѓа. Искрено не ме загрижува нешто многу, ако стигне-стигне.
Морам сама да се надополнам, затоа што најдов нов сајт за следење конкретно на оваа моја пратка што е само со бројки. Во АлиЕкспрес, во View Detail, како предлог за следење ми е оставена оваа страница, не знам зошто до сега не погледнав и не побарав Го внесов бројот на пратка, но нема некои детални информации, само дека треба да стигне во МК, ништо повеќе. Во описот на страната најдов дека Global Postal Services се некој нов поштенски сервис кој е во соработка со Singapore Post, Hong Kong Post и China Post. Можно е поштарините да се пониски, односно условите поповолни штом некои селери почнале и преку нив да праќаат (може и сами да ги прочитате во описот). Значи, повторно, нема место за паники
^ Мене па последнава нарачка ми е нормална со RC и како предлог страна за тракинг ми е како што си стоело и претходно Hong Kong Post Air Mail Website. Е сега на која и да пробам тракинг страна не ми пронаоѓа информации за пратката освен на 17track каде што ова ми се појавува: и кога ќе кликнам на тоа Global postal ми се појавува најнормално вака: Исто така и на линков што го имаш постирано sanja.burgundy, не ми покажува ништо туку исто како рефреш да се направило си стои така без информации Не се разбирам баш многу, втор пат нарачувам. Првиот пат се си беше во ред, а сега се чудам што е работава. И ова што го пишува на вторава слика од денес фала богу, значи простигнало во Скопје така? Барем да не го мислам веќе, но ме чуди и тоа што волку брзо пристигнало, за 2 недели од нарачката, а за само 6 дена од Хонг Конг. Дека обично во коментарите на производов сите беа презадоволни од производот ама разочарани бидејќи многу време чекале. Се секирам многу за праткава дека е доста поскап производ..
Со мојата порачка веројатно има некој проблем Во периодот од 5 до 19, три пати ми се појавува истото - Hangzhou International exports total letters sent to each other, Macedonia, Dispatching, MK. Ви се има случено нешто вакво?