Македонија SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE 11/4/2017, 1:38:00 PM Record item customs information (Inb) Ова го пишува на страна на македонска пошта откако го укуцав бројот за следење на пратката, ама сега е 23 ноември, а ова последново пишува дека на 4 ноември било на царина, зошто толку долго е таму? Што да правам?
Пратката според бројот за пратење ми е пристигната во Скопје на 12 февруари, 2018. Еве веќе 7 дена поминати, уште ја нема. Има ли некој маил каде да се обратам во главната пошта во Скопје? Нормално никој не се јавува на телефон.
Ако според трекинг бројот ти пишува на страната на македонска пошта дека е стигната пратката, оди си директно во поштата што го покрива твојот регион и побарај си ја таму. Не е битно дали ти донеел поштарот картонче или не.Само дај им го трекинг бројот и сами нека си проверат нека ти кажат. Преку мејл или тел нема да ги добиеш ни случајно.
Девојки направив 4 порачки на 12ти и за следење последно е ова од 14.06 Has left [Jiangsu Wuxi Receiving and Receiving Center], the next station processing center Зошто стои 16 дена вака, има ли некој проблем? Нарачките беа од 4 разл селери со повеќе производи..
Имам пратка од Пекинг,тргната од таму е на 18ти месецов накај Чешка фактички веќе патува 11 дена уште колку отприлика би требало да чекам? Имам искуство со купување од Али али одамна не се сеќавам баш нај нај колку му требаше до Чешка.
Јас месец ипол ја чекав од Чешка последната. И јас со пратките. Имам веќе 2 пратки на кои на страната на македонски пошти стои дека ми се доставени до врата, со временски печат, со сите пошти низ кои минале, со се'. А јас не сум ги примила. Каде да се обратам? Ме крадат или ми ги фрлаат?
Незнам искрено не сум се соочил со нешто такво до сега,али кога би бил на твое место би одел до пошта да се допрашам што се дешава ако не успеам да се разберам со вработените ке тркнам до кај главниот на поштата.Бидејќи сепак си дала пари не е тоа туку така.
Барајќи по форумиве апликација за следење пратки, случајно налетав на македонска апликација за следење пратки (ама за жал екстензијата е само за Google Chrome). Се вика Следи Пратки (Sledi Pratki) и еве кај може да ја инсталирате, се надевам ќе ви се најде и на вас ИНСТАЛАЦИЈА
Пратката ми е се на се’ 39,99€ со shipping. Дали ќе ми ја царинат или ќе треба нешто дополнително да плаќам?
Пратката ми доаѓа 105 евра, дали ке ми ја царинат и колку би коштало тоа? Дали постои некој начин за да нема царина,( пр да ми ја пишат како поклон)?
Да ќе ти ја царинат. Пратка над 90 евра плаќаш царина и ддв. Зависи што е пратката. Јас за чизми нарачани платив 15%царина и 18%ддв. Преку дхл ми стигнаја. И преку нив никогаш поќе се царинат. А ако е назначено како поклон мислам дека не се плаќа царина
Здраво , сум нарачала од wish веќе 34 дена . Пратката треба да се достави до 25.06 ама на апликација пишува дека стигнато е во Македонија . Јас бев на пошта ми рекоа дека не е стигнато ниту немаме информација . Се јавив и на аеродром викат не работиме со wish. Богами незнам кај да ка барам што да направам . Ако има некој искуство со Wish нека пише , би била многу благодарна!
Ohrid 6000 6005 8/23/2022, 4:45:21 PM Vo Posta Ohrid PC 6005 1003 8/23/2022, 4:50:51 PM Vo Posta Skopje IO 1003 1006 - CARINA 8/24/2022, 7:52:18 AM Vo Posta MKSKPB 8/24/2022, 10:12:20 AM Pratkata e stavena vo vre}a(Izlez) Skopje Carina 1006 1003 8/24/2022, 11:38:36 AM Vo Posta Толку имам информација, од 24 немам абер, пратено е за Германија ама не е стигнато.
Ддв се плаќа од 45 до 90 евра, над 90 ддв и царина, под 45 не се плаќа ниту ддв ниту царина, рачунај дека во вкупната цена ти е и шипингот, за да не се зафркниш да мислиш дека него не го рачунат значи продукт ако е 25 евра и шипинг 25 евра =50 евра плаќаш ддв
Ова значи дека пратката е во пошта? До сега секогаш ми стигнувало картонче да одам да ја земам, дали без тоа картенче би ми ја дале, само со бр на пратка?