Ако се појави уште едно во пошта значи дека ти поминала без царина ако не, ќе добиеш писмо/емаил од царина да им доставиш фактура и ќе си платиш царина/ДДВ во зависност од износот на нарачката.
Што значи ако пратката вика at customs во МК, повеќе од 12 работни дена. Дали значи дека има некој проблем, каде да се обратам ?
Zdravo . Koj moze da mi pomogne za mojata pratka od stranstvo pisuva deka e vo Skopje PC 1005 ? Sto znaci : Skopje PC 1005 ???
За сите што се редовни муштерии онлајн и имаат мака со следењето на пратките преку сајтот на Македонски Пошти, пред некое време решив да изработам апликација за лесно следење на пратките кај нас. Апликацијата е моментално во бета верзија, и истата може да ја пробате преку TestFlight за iOS на линкот тука. Апликацијата е преведена на Англиски, Македонски и Албански. Нема потреба од никакво регистрирање или најавување, и сите податоци се чуваат на вашиот уред Можете да додавате, менувате и бришете пратки, како и да ги пребарувате Информациите за следење што се враќаат од нашата пошта, пробав да ги преведам во нешто поразбирливо Имате светла и темна тема ... Апликацијата ќе биде и официјално пуштена (после бета верзијата која е достапна за сите на iOS преку линкот погоре) за некое време кога ќе доиспеглам некој работи (најверојатно за недела две, а ако се е ко што треба на 03.09.2023 би била пуште и на AppStore за iOS и на PlayStore за андроид). Пробајте ја бета верзијата и пуштете фидбек за истата. Поздрав.
Бидејќи тука лимите на фајловите е до 5mb, за тие што користат андроид, на it.mk форумот фо пост имам закачено APK фајлови од апликацијата која може да ја инсталирате на вашите телефони, а доколку почекате, среда одам малку на одмор, штом се вратам за недела дена, апликацијата треба да е достапна и на AppStore и на PlayStore. https://forum.it.mk/threads/site-pratki-vo-vashiot-dzeb.82876/page-3
Здраво, ако може совет - имам пратка од iHerb моментално на царина, прв пат ми се случува ова ама добро пратката беше 77.64€, ама малку не ми е јасно, нели од 45€ до 90€ се плаќаше само ДДВ? Дали ќе биде ослободена од царинење или можат да ми наплатат и царински давачки? Колку е ДДВ на суплементи и колку време ги држат на царина праткиве, дали можам некако да ја убрзам работата ако им пишам мејл или ги побарам телефонски пред они мене да ме бараат? Фала!
Само данок ќе платиш 15%. Скоро секогаш вака ми пишува, а никогаш не ми ја царинеле ако не надминува 90евра.
Не е за козметика , туку пратка на патики и не е од алиекспрес, платив со картица онлине, имав тракинг бројче, следев на 17track.net, пишуваше стигнато во Македонија,после неколку дена на царина, потоа Mail processing center, па Sorting and distribution center ,и на крај испорачано во 6 сабајле, а пратката не сум ја примила и неможе да се следи на македонски пошти. Имал некој ваков случај? Може ли да се провери дали стварно била на царина пратката ? Се мислам да пишам на банката да пријават интернет измама зошто немам добиено ништо, а е платено со картица па имам некаква трага и основ за пријава.
Поточно за Али експрес можеш да си побараш рефундација на средтсва ако не ти е стасана. Но, сепак можрш директно во пошта да прашаш до каде е.
Ме збунува тоа што пишува дека ми е испорачана пратката на веб страната 17track. Па сега пошта е крива или е онлине измама тоа незнам. Значи твоја препорака е да прашам во пошта, каде да се обратам, во поштата кај Железничка станица?
Не сум од Скопје, не знам каде е поштата? Но сепак мислам по мое искуство дека е испорачана на поштата. И сега самата пошта кога ќе ја прими ( а тука им треба долго време) ќе се појави на нивниот сајт за следење на пратки. Сепак ти стои опцијата за рефундирање по истек на време.
Почекај една недела ако е во царина и ако се потребни документи може да ти доцни писмото. Провери си го и емалот, може и таму да ти пишат.
17 track не е веродостојна за следење пратки. Провери на официјална страна на Пошта, во делот следење на пратки.
Дали ако пратката ми подлежи на царина треба да ми стигне сепак до врата и да ја платам царината тогаш или како оди постапката? Бидејќи јас не сум од Скопје и нормално неможам да одам до таму само за царина да платам
Здраво, Ќе ве замолам за информација, кога се праќа препорачано писмо од Скопје до лице во Скопје, и кога на статус со код за следење пишува испорачано, значи дека писмото е лично доставено? Претпоставувам не би требало д аима грешка бидејќи станува збор за препорачано писмо (кое само лицето моѓже да го пиодигне)? Дали има можност писмото да е сеуште во пошта а да пишува испорачано? Ви благодарам многу