Онлајн шопинг Го пишувам тракинг бројчето за да видам до кај ми е пратката и на крај ми вика Нот Фаунд. Кај некој друг му се прави вака? Сто пати покушав и џабе...
Онлајн шопинг Колку време има поминато откако ти е испратена нарачката? Можеби е сеуште многу рано да се појави за следење.
Онлајн шопинг Goods Awaiting Acceptance ми пишува. А тоа значи дека веќе е пратена така ли? А пратена е пред недела дена..
Онлајн шопинг пратена ти е ама од кога ќе е пратена треба од 3-10 дена да поминат за да можеш да ја следиш
Онлајн шопинг Нарачка направив од алиекспрес на 30ти Јануари а сега сме 19ти и пакетот сеуште не е испорачан бидејќи на самиот прозиводот пишува дека се чека испорака,и дека порачката ќе биде откажана доколку продавачот не ја испорача за 13 дена. Јас му пишав зошто не е испорачано каде е проблемот но не добив никаков одговор,е сега ме интересира доколку воопшто не ми се испорача производот дали парите ќе ми се вратат бидејќи ова првпат ми се случува и незнам како да постапам,па некој ако знае би можел да ми објасни.
Онлајн шопинг порачката не е стигната и има уште 13 дена или не е тргната воопшто? ако не е тргната воопшто,ако не тргне дур да истече рокот мислам дека автоматски се откажува и се враќаат парите,а ако треба да стигне а има уште 13 дена ако не ти враќа продавачот,отвори dispute
Онлајн шопинг Веројатно сеуште не работи продавачот поради нивните празници, па затоа и чекаш да ја испорача толку долгу. И јас чекав многу време за да ми испратат порачки порачени за време на нивните празници. Почекај, кога ќе поминат деновите, ако не е пратена автоматски ќе ти ги вратат парите.
Онлајн шопинг Поминаа 10 дена и едната пратка уште не можам да ја следам. Ми вика дека не е пронајдена... На другата пратка ми пишува: Collection. На третото ми пишува: Dispatching. Кој се разбира да ми помогне.
Онлајн шопинг вторава и третава се движат некаде низ кина а првава незнам што да ти речам...и јас имам нарачка од пред една недела,сеуште не ја покажува...
Онлајн шопинг мислам дека има повеќе од 10 дена, а уште не можам да ја пратам порачката. Ај ако може некој нека провери. Јас проверувам само на http://www.tracking-online.com Tracking Number RC854672656CN
Нарачав пантолони од aliexpres,но вчера кога видов на слика пантолонитевоопшто не се исти како кога ги нарачав,сатенски и ваква боја. Е сега жената од кадешто нарачав ми рече дека за 30 дена ќе ги пушти поради празниците. Како може да ја откажам порачката додека не се пуштени пантолите,а притоа да ми ги врати парите.
Ако може некоја да провери до каде ми е праткава? 13 дена имаат поминато од ко е испратена, мене ми излегува дека не е пронајдена ... Еве го и бројчето за следење: RF204843841SG
^ Јас имам пратка пратена од пред 22 дена и уште не ми ја покажува. Му пишав на тој селерот и ми вика да не се секирам, ја пратил, ќе ми стигне... Порачав накит и сите се од ист селер заедно пратени и како може на сите различно да ми покажува? 15 дена како се пратени Collection, Dispatching, Opening, Departure from outward office of exchange, NULL
Онлајн шопинг девојки дали некој има искуство на али , со тракинг бројчината,неможам никако да си ги следам пратките претходниот пат беше се во ред со порачките сега имам порачано 7 пратки и на сите тракинг бројчина неможат да се лоцраат ,ми пиши дека неможи да ги најде, а па на две пиши дека се стигнат до последната дестинација украина што можи да е , некој далаверџија од продавач ќе да е ?
Онлајн шопинг Кога ги доби тракинг броевите и сите нарачки ти се од ист продавач? Треба да поминат до 10 дена за да покаже тракингот информација, а тие што имаат последна дестинација Украина изгледа не се ок. Треба да отвориш dispute затоа што нема да стигнат до тебе, штом покажува дека ќе бидат испорачани во друга држава. Едит: Или прво пиши му на селерот ако ти одговори, да не ти дал грешен број и можеби ќе ти го промени. Ако не, оpen dispute.
Онлајн шопинг Мена на последните тракинг броеви требаше да ми поминат повеќе од 10 дена за да почнам да ги следам, а гледам и други ги имаат тие проблеми. Почекај до кај 15 денови, ако повторно не се следат , пиши му и кажи му дека ќе отвориш диспјут.А за ова Украни отварај диспјут, ми се случи така, веројтно ти пратил друг тракинг број , а не го пратил производот.
Јас се изнервирав комплетно!!! Имав нарачко која неверојатно брзо ми стигна од Пекинг до Прага ~ 7 дена. И од тогаш ја чекам во Скопје. На сите страни за следење (вклучувајќи ја и Македонска Пошта) пишува дека уште е во Прага. И во петокот (7ми март) поштарот оставил картонче да одам да си ја подигнам во рок од 5 дена од 28.02!!! а он ми ја донел картичката 7 дена после тоа!! Не знам што ќе правам, утре ќе одам да видам дали е уште тука пратката, ама полудев начисто! Срамота!!
Веќе 3 дена пратката ми стои во Пек, (Пекинг) за колку време би требало да ми ја прикажат на друга дестинација, има 15-тина дека како се испратени.