На царина ако треба да одиш ќе ти стигне прво известување од царина, но тоа е така само ако пратката ти го надминува лимитот (45еур+ или ако има некоја друга х-причина за царинење). Ако не тогаш очекувај го поштарот да ти ја донесе или да ти остави картонче за подигање од пошта.
Според моите истражувања пред некое време, 1003 е на аеродром, не се секирај, значи прво стига на аеродром па ја носат во пошта Тоа значи дека пратката пристигнала во Прага
Девојки јас повеќе пати имам порачувано преку интернет но до сега се беше во ред. Последната порачка што ја направив веќе од 3 март ми покажува дека е пристигната во Македонија и е на царина. До сега за еден ден ми ги пуштаа од царина. Сега незнам што е проблемот. Имала ли некоја некое слично искуство?
Мене на две порачки на крајот ми пишува Турција во destination country и гледам да не имам утнато нешто во адресата, ама тоа е се во ред само што два пати го имам напишано градот, а мислам дека на второто место требаше државата. Горе ја одбрав секако Македонија и поштенски код напишав на градот и не знам што е проблемот. Прв пат ми беше да порачам, не знам дали е нормално така да пишува.
Вака ми пишува денес 2014-03-28 09:00, Receive item at office of exchange (Inb), Gonderi (Varis)alip verme merkezinde alindi, TÜRKIYE. Како да постапам женски помош Не е скапо можам да го порачам пак околу 3 и нешто долари, или можно е да ми го пуштат пак ако им напишам порака? Како можеше првиот пат ова да ми се случи, малер сум стварно.
Пробај пиши му на продавачот, да не има случајно направено некоја грешка Мене ми се нема случено овакво нешто, но можно е да ти дал погрешно трекинг бројче... Сепак исконтактирај со него и прашај го зошто така пишува...
Фала KatFem, му пишав, беше онлајн, ми одговори да му дадам неколку дена да види за што се работи па ако е загубено или грешно пуштено ќе ми го препрати на мојата адреса.
2014-03-28 00:00, TAC Air, PEK, Macedonia а другата 2014-03-24 00:00 TAC Air, CAN, Маcedonia да не знаете дали уште долго ќе ги чекам? А сега гледам на третата ова ми го кажува 2014-03-29 00:00, acceptance acceptance Bureau, Beijing International Mail Acceptance Center, Macedonia
2014-03-28 10:55, MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF, SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Receive item at office of exchange (Inb) Ми го пишува ова ^, и после него ова: 2014-03-28 11:39, MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF, SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Send item to domestic location (Inb) Прашањето ми е за доместик локејшн, значи дома дека ќе ми го донесат или? И кога би ми ги донеле од прилика некој ако има искуство, абе многу сум нестрплива
Бидејќи јас не сум од Скопје кај мене ова би значело дека ми ја пратиле пратката во градот,а ако си од Скопје вероватно значи ја пратиле во локалната пошта т.е. во поштата од населбата или незнам како идат тие работи во Скопје за другите градови значи дека од СК е пратена пратката до градот и обично следниот ден или ти ја носат пратката или ти стигнува картонче
Или дома ќе ти го донесат пакетчето или пак поштарот ќе ти донесе картичка за да го подигнеш од пошта И не се секирај наредниве неколку дена сигурно ќе ти стине, само полека - биди стрплива
Ви се случило една пратка да ви дреме повеќе од 20 дена на едно место. Конкретно мене ми е во Цирих нарачката. Малку ме загрижува.
Да. Една од првите пратки ја чекав 2 ипол месеца, многу време стоеше на едно место и на крајот кога веќе се откажав од нејзе пристигна. Секогаш е различно, мене на пример друга порачка ми стигна за 1 недела.. Има многу фактори кои влијаат врз брзината на испораката ама јас би ти кажала да не се секираш, ќе стигне. А и не им верувај секогаш на странициве за следење на пратките, некогаш многу каснат со ажурирање. Стискам палци, па пофали ни се кога ќе ти пристигне.
Дечки ланче порачав од Алиекспрес 800 денари и уште пред недела и пол пишуваше дека е во Скопје , го нема нигде...да не го дрпнаа Македонциве , од Скопје до Куманово треба да го пратат..ама многу е скоро 2 недели поминаа