1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Следење онлајн настава со уклучени камери - ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Коронавирус' започната од poi, 1 март 2021.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ следење онлајн настава со уклучени камери?

  1. ЗА

    38 глас(а)
    45,8%
  2. ПРОТИВ

    45 глас(а)
    54,2%
  1. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Што мислите на оваа тема? Дали сметате дека сите професори треба да бараат од своите ученици да ги уклучат камерите за време на онлајн наставата?

    Според мене, предноста е што професорите ќе бидат сигурни дека учениците се пред компјутер/телефон, дека се дома и дека на некој начим барем физички се присутни на час. Се разбира, како што во училиште има психички отсутни ученици од настава, тоа може да се случува и сега. Недостатокот е што уклучените камери влечат повеќе интернет и може да има потешкотии при следењето на наставата.

    Дали професорите ви бараат да уклучите камера вам или на вашето дете?
     
    На cresa-jagoda и Hortenzija им се допаѓа ова.
  2. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Јас како наставник, барам од учениците да пуштат камера најчесто кога имаме повторување и тест.

    Тогаш задолжително е да пуштат сите камери и микрофоните да им се уклучени.

    Кога предавам нови лекции, презентации и слично, не барам од нив да ги вклучат камерите.

    Јас често пуштам камера, ретко кога сум исклучена.

    Среќа што во нашето училиште нема толку недисциплинирани и вулгарни ученици, па да се "плашиме" да уклучиме камери.
     
    На Bezobrazna01, sunshinebabe, WaitTillTheEnd и 2 други им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Машки
    Мислам дека додека трае предавањето нема потреба, пошто неможиш со сила некого да го натераш да слуша пошто тој шо не сака и со физичко присуство да е ќе отсуствува, тој шо си учи не му менува.

    Кога ќе се полага, мислам дека задолжително треба да се вклучи камера, микрофон и Share Screen.

    Јас вака мислам, барем како иден наставник ако имам ајде ќе речам "ксмет" до тогаш ^_^
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Треба да бидат пуштени камерите секогаш (не знам дали ова ќе го намали квалитетот на видео колот) зашто сестра ми на пример, ги преспива првите два часа.
     
    На Glowy и poi им се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Препораката на Мон мислам беше часовите да се со вклучени камери а исклучени микрофони,ама така веројатно ќе се создаваат многу технички проблеми. На моето дете му бараат камера кога ги испрашуваат и некогаш за тест. Наставничките некои пуштаат некои не. Реално, секој може се да препише, да не слуша итн. Кој сака да учи ќе учи и вака кој не, ништо....
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Извини вака, но тоа што сестра ти ги преспива првите 2 часа не е кривица на наставникот или било кој, туку на сестра ти.
    Кога наставите беа со физичко присуство имаше ученици кои исто се успиваа, кои на домашните им викаа дека се во школо, а беа на кафе и ученици кои стварно ја пратеа будно наставата од 7 до 1.

    Не е до камерите туку до самите ученици.
    Сами си го избираат патот и начинот на едуцирање, односно не-едуцирање.
     
    На Glowy, Anie93, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.560
    Пол:
    Женски
    И што рече членката? Дека е за да се пуштени камерите затоа што сестра и ги преспива прците 2 часа..
    Што и се нафрли? Не праша чија вина е што ги преспива па да и се пуштиш така..
    Знае дека е вина на сестра и и затоа сака да е со пуштени камери.
     
    На ane.bella, Glowy, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    А, од кај процени ти жити се дека сум и се пуштила ?
    И шо толку ти се најде навредена !?

    Јас не ја обвинив неа, а во однос на чива вина е, па сигурно не е на наставикот или на другарчето. Да речеме ете сплет на околности.
    Но, да бидеме реални отсекогаш имало ученици кои ете се успиваат и тоа не е ништо ново, но тука не може да се префрли вината на друг освен сам себе да си преземеш одговорност.
    Зборам со исклучок на некои ситуации.
     
    На WaitTillTheEnd и tinka-mace им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Во ред е :D Никаде не ја оправдав сестра ми, ако некој најгласно и збори против ова, тоа сум јас.
    Да беше таа единствена ок, не знам дали имаш во близина тинејџери и дали имаш претстава колку се немотивирани за учење? Катастрофа ни е образованието.
    Јас кога учев морав да си ја заслужам и двојката, а не 5ка. Сега не се замараат зашто знаат дека и професорите не се замараат и ќе ја добие 5ката секако. Ги слушам и професорите како читаат лекции од книга, никаква интеракција, никаква заинтересираност и тие само гледаат да им помине времето. Пред да ме нападне некоја, знам дека има исклучоци, зборам во глобала како е.
     
    На ane.bella, Ladyy*, Glowy и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.560
    Пол:
    Женски
    Препрочитај се, ќе видиш од кај сум проценила..
    Не се спуштам на твое ниво да се докажувам за остатокот од пишаното ;)
     
  11. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Во право си за дебаклот во образованието и тоа за заслуженоста на 2ката во тоа време требаше да се потепаш.
    Имам тинејџери околу мене да и ги разбирам. Но, Јана и ние сме биле тинејџери исто. Како за се имавме време ?
    Мислам дека ако некој сака да учи ќе учи без изговори дали наставникот предава добро, лошо, дали е онлајн, со физичко присуство и слично.
    Затоа што на крај краева учиме за себе.
     
    На poi, tinka-mace и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  12. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    А, моето ниво е ?
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    До професорите е. Знам дека ако имаш желба ќе учиш и покрај се ама кое дете со тие хормони го става учењето на прво место? Затоа професорите зимаат плата, нивна работа е да ги натераат ако не за 5ка,барем за пролазна оцена да научат, пак нешто ќе им влезе во глава. Жити професорот што чита лекција од книга, нема грам креативност и авторитет. Јас конкретно имав постари професори, може со позастарени методи беа ама функционираа. Многу би сакала моето дете да учи од исти такви професори, за жал ги нема веќе.
     
    На Glowy, LadyLollypop и Осе им се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Да се надоврзам на муабетов..
    Не е само до професорите, и до родителите е.
     
    На Glowy, edna_malecka, Jana06 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Не е секогаш до професорите сведок сум била како за 2ка професор молеше ученик да одговара на 4 прашања од 1-2 реченици одговор.
    Професорите се предобри за денешните разгалени деца и сеуште е така со онлајн настава да го молиш да одговори за основни работи.
    Да сум професорка сите што не се уклучуваат на час, и не се замарат со наставата би ги оставила да повторуваат година.
    И да се надополнам баш заради тоа не оставање да повторат година и поклонување 2ки ќе има се полоши и полоши генерации.
     
    На BayernKa, Ladyy*, Glowy и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Више да помине короната и да си почнат во школо, ова онлајн учење доага тешко за сите.
     
    На edna_malecka, Jana06 и poi им се допаѓа ова.
  17. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Дискутабилно. Професор може да те мотивира, а со сила да ти стави во главата не може. На крајот од денот и тие се луѓе, родители на нечии деца. Тие во денот едуцираат 50 души, ако сакаш да научиш ќе слушаш, ќе прашаш. Ако нема интеракција дома сама ќе си разглабам, ќе побарам помош од родителите или другари шо не знам.
    Зошто и од дома ете родителите не повлечат конци да го стегнат нивното дете за учење и воспитување ?
    Или полесно е да се рече, абе таа или тој ништо не предава...затоа не научив.
    И јас ја имав таа чест да учам повеќето од повозрасни професори, но имаше и такви кои од икс причини не доаѓаа на час или не пуштаа да си одиме дома. Тоа не го намали мојот интерес за тој предмет.
    Сакам да ти кажам има и професори терсене, но и ученици кои претеруваат.
    Засега вторите се повеќе виновни.
    По мое.
     
    На raww, tinka-mace и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    20.770
    Пол:
    Женски
    Сум за пуштени камери при испрашување или тестови. За предавања сметам дека не е потребно од тоа што навистина ја ослабува конекцијата и предизвикува проблеми а и плус немаат сите услови постојано да се со уклучена камера.
     
    На Ladyy*, Glowy, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Не гласав затоа што сум во средина за ова, со други зборови сум 50:50. Од една страна, како што пиша една членка, со камери ќе се види кој е навистина присутен на наставата, иако не 100%, но од друга страна со вклучена камера може да ти кочи, особено ако ти е слаба конекцијата. За предавања зборувам.

    Но, за тестови, испрашувања, испити и колоквиуми сум за вклучени камери и микрофони, како и за споделување на екранот. Ах, и за целосно исклучени мобилни. Макар што препишувачите ќе најдат начин да препишат. Штета што факултетот на кој студирам не ја купи платформата Exam.net. Не ти треба споделување на екранот кога ќе ја отвориш таа платформа зашто и онака ништо, ама баш ништо друго не можеш да отвориш шткако ќе ја отвориш таа платформа. Ама затоа мораш да се вклучиш од мобилен и да го ставиш настрана.
     
    На Glowy и poi им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    На училиште професорот е тој што треба да постави афторитет врз себе, да знае како да му го одвлече вниманието на детето, родителите дома ќе го воспитуваат детето нормално да седи и слуша, ама ако професорот не знае како да се постави спрема учениците џабе е.
    Еве пример јас кога бев средно и една професорка по англиски дојде баш тогаш, нова и ни се падна нас да ни предава, едно што она немаше поима од англиски и многу пати се случуваше на гугл транслејт да преведува нешто, друго не знаеше никаков ред и дисциплина да воспостави, и часовите ни беа ужасни, досадни, седевме на телефони, јадевме, спиевме.
    После нејзе ја преместија во друго училиште и дојде друга професорка исто девојчето не беше со претходно работно искуство, ама уште од старт таков афторитет постави, се трудеше од петни жили часовите да ни се интересни, се ни објаснуваше, со сите работеше, а не само тие што знаат а другите што не им оди многу јазикот така да седат како телиња.

    Во врска со темата убаво е да е со вклучени камери.
     
    На Осе, SkarletOHara, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.