1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Следење совети од инфлуенсерки и блогерки

Дискусија во 'Тело' започната од Lilit, 13 октомври 2019.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.270
    Глупоќата на македонската жена ќе ја видиш у следењето на македонски инфлуенсерки кои им делат совети за нега на кожа и све проаѓа под - совет од фармацевт.
    Витамин ц мачкаат на кожа насабајле па ставаат спф крема...
    Ја злоупотребува довербата на луѓето стекната врз основа на звањето што нема веза со козметологија или дерматологија и при тоа си тепа бизнис и следачи. Читам и се чудам. Препорачува киселини, врагоини... заклучоци контрадикторни. Резултат може да биде трајно уништена и флекосана кожа.
    Изгледа сепак треба да ги пријавуваме во комора...
     
    На simoncelicius, melnicanecot, Justicija и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Таман си е постапката за вит Ц и СПФ ;)

    Кам да видиш - www.realsimple.com/beauty-fashion/skincare/vitamin-c-sunscreen%3famp=true

    А од киселините сјае лице... ако знаеш да ги користиш и соодветно се хидрираш потоа. И без СПФ ништо. :)

    Пробај, ќе те бендисаат.

    Полошо е кога се трие лица со сода и со механички пилинзи и шеќери и не се користат хидратори ама ај.
     
    На Wild.Cat96, FVP, Feminka22 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.270
    Не викам дека не, викам дека нон сенс е да пратиш некој на инста да те советува што да ставаш кога секое тело/кожа е уникатно.
    И не, вит ц не се става наутро. Како знам? Од јебените совети од нет и флеката на левиот образ, дерматолог ми ја потврди грешката. И мачкав Roc спф.
    Витамин ц се ПИЕ, не се мачка и е клучен за создавање и врзување на колагенот кој такоѓе се ПИЕ и се јаде за да го имаме доволно.
    Ама да, со цигара у едната рака и пипета витамин ц ќе го мачкаме на лице и ќе се бориме против слободните радикали и не знам веќе што таму. Ако си пушач, нема ни потреба да зборуваме на темава зошто што и да правиш со мачканици, една запалена цигара прочитај колку витамин ц уништува.
    Ова се некои нови моди. На хемиски пилинг одев уште пред да се издеси модава. И се прави многу многу внимателно, а не дома. Три пати третман, па кожа се лупи, долг процес кој се прави еднаш до два пати годишно. Зошто не повеќе? Како да ви кажам, не е фин фактот зошто не повеќе пати и не, спф не спасува. А штетата се гледа декади потоа. И повеќе не го правам, се каам што воопшто сум некогаш.

    И да не почнам со реакциите кои се гледаат за 30 години. Имам тазе ферман да пишувам. Кожата има свое ph и се повеќе од тоа што има намена да и направи "добро" менува нешто на неа. Тие микро штети кои наводно се превенираат со спф, се викаат базал сел карцинома за 20 години на пример ( не, спф не ве штити, повторувам НЕ ве штити) , а по темата да речеме прилично можам да напишам осврт.

    Жртви на маркетингот на козметичките индустрии, подпрочитајте за процесите кои се дешаваат во телото, џабе мачкате, ако пушите и се храните со шеќери. Устата за 10 години секако ќе ви биде по рабовите како хармоника што е првиот знак за губиток на колаген. И еј... у случај да мислите дека колаген е само козметички шит, прочитајте каде се ни треба и го имаме и пробајте колено да лечите со мачкање на колаген, па пишете за резултатот.
    Линков ти е полн со спонзорирани производи, и тоа е доволно.
    Ретиноидите се сосема ок од друга страна. Но горе посоченото комбо...вит ц наутро, па спф за превенција - но, но. Киселини по неколку пати во месецот..
    Никотинамид ака фор факс сејк витамин б3... кој се јаде... ај џаст кент...

    Си набавуваш квалитетни суплементи, креираш дневно мени кое е прикладно, мечтаеш за вкусна храна, ама јбг... кожата. И да, нега у 4 чекори е сасвим ок, за се останато - јбг ботокс и директни хијалуронска киселина, зошто мачкање на истата - м-м, не помага ( си пишува колкава способност има кожата да впие нешто, ако е поинаку ко ќе одите на море би тонеле као морски сунѓер). И... не се изложуваш на сонце, освен нужното. Воопшто, евр... особено не со намера да се сончаш.

    Не те сфатив што со механичкиве пилинзи и зошто ми ги спомна, но ок, бидејќи не ги споменав. Има турска техника за пилинг која отстранува токму вишок и не употребува ништо сем вода, гуглајте.
     
    Последна измена: 14 октомври 2019
    На Imagina, cresa-jagoda, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Вау, who hurt you?

    Не знам што проектираше на мене, но тонот ти е апсолутно девалвирачки и непотребен. Сугестијата да пробаш беше најпријателска затоа што памтам дека се распрашуваше за киселини и состојки но не знаеше од каде да почнеш.

    Не сме сите неедуцирани peasants што слепо се клањаат и ќе лапаат Хербалајф шејк и купат машна за коса оти Лила или Јелена го носела на главата - дел од нас знаат да бројат macros, да креваат тежини у теретана, да читаат состав на производи, да си нарачаат строубери колагенче од Грчка (јер нели, нежртвите на маркетинг индустријата нема да платат дупло за тој што го препорачуваат ДОКТОРИ овде ;)), да не лапаат торти и хамбургери, да си ги исчистат забите со конец.... и да си напраат хемиски пилинг безбедно.

    Статијата што ти ја пратив беше најбејзик нешто што успеав да го најдам у 1 по полноќ. Од телефон. Ама еве знаеш и сама да си најдеш, па ќе те оставам на сопствена милост и немилост да се расчиташ за се' што те интересира.

    Не знам каков хемиски пилинг си правела и каков витамин Ц си ставала ама дефинитивно, дефинитивно не си го направила или не ти го направиле тоа како што треба. :worried: Хемиските пилинзи НИКАКО ама никако нема да направат да се лупиш - речиси цела година ги користам безбедно, и јас и девојки во мое окружување и никој никогаш не се излупил. Со правилна употреба, апсолутно се безбедни и ја негуваат кожата на долг рок многу, многу подобро од механичките. (а кога сме на тема гугл, види која е разликата меѓу механички и хемиски пилинг - па мош ќе разбереш зошто ги спомнав механичките. Оти ексфолијација си треба ама ок).

    Има девојки со сериозни проблеми на лице (јас, фала Богу, не сум една од нив) и за посериозни случаи, мора да се користат појаки препарати - вода од нане не им помага. Па мислам не е океј да се плашат дека ќе им испадне лицето ако ставаат гликолна киселина 3 пати неделно или ако користат хијалуронска наутро - оти нема.

    Тогаш, таквата постапка не те прави ништо поразлична од тие што го пропагираат спротивното. :hai:
     
    На simoncelicius, Despinaa, sorbet и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.270
    Дали си пушач?
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Не бе среќо, не сум.

    Не пијам, не пушам, не пафкам, не јадам шеќер, не седам до касно, не живеам седентарен живот, не се прејадувам, не се нервирам. Живеам досаден и воглавно здрав живот со all the bells and whistles само оти го немам луксузот на здравје да не живеам така.

    А киселиниве и кожата... се само мал дел од сето тоа. :)
     
    На simoncelicius, sorbet, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.327
    Кога сме кај козметика и маркетинг нешто што многу знае да прелаже луѓе е природна база.
    Да, јасно ми е дека постојат стотици хемикалии кои можат да ја оштетат кожата, но тоа не значи дека треба слепо да се залетувате да го купите производот, оти и од природно може да си закачите белја ако не го знаете производителот или состојките се несоодветно употребени макар и истите да ги употребуваме секојдневно.
    А и како што рече Дузи, на некои луѓе со кожни проблеми, обични природни третмани не им вршат работа.
     
    На TashSefton, Independent Girl, goddess.Of.chaos и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.909
    Кaкви киселини бичес? Зa нaс зaтупените aкo мoже нa крaткo, мaкaр и изгoрени вo фaцa oделе. Све зa убaвинa.
     
    На Harper, Trxmx, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Бриџо, гуглај AHA и BHA киселини. Од млечна до салицилна, кажи шо мака имаш и ќе ти најдеме шо да мачкаш. :D

    Да напоменам, вчера по дискусијата со @Lilit отворив да читам некои истражувања за штетноста на киселиниве, тенчењето на кожата и опасноста од УВ зраци, па ветувам дека кога ќе имам време, ќе отворам тема за хемиски пилинг, на што да се внимава, како да се прави, кои се можните последици и кој НЕ треба да го прави.

    Мислам и @Mishela ќе се убаци овде оти гледам дека некои девојки навистина се горат со киселиниве. (facepalm)
     
    На Despinaa, Oxymoron, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.247
    Инфлуенсер и блогер, не е дерматолог, ниту козметичар.
    На 'стручни лица' не им верувам за се', не па на рендом ликови.

    Плус, не читам никакви блогови, ниту следам 'инфлуенсери'.
    Advertisement е тоа
     
    На mime87, Independent Girl, poppie и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    85.761
    Пол:
    Женски
    Јас корејанците и јапонците ги следам https://fiftyshadesofsnail.com/why-...how-to-build-your-own-asian-skincare-routine/и нивните чекори,мачкам ц витамин серум 20% еднаш на ден ,АХа и останати чудесии од корејската козметика,многу полжави :Dсамо ме мрзи два пати на ден .
     
    На oblace1, dunika, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Не следам блогови само јутунерки и Инста профили и и јас имам еден. и на него си ставам мислења на производи кои одговараат за моја кожа коса и сл. Рекламација (за разлика од многу кои се спонзорирани) не правам и сметам тоа е многу полошо. Мое е дали ќе "послушам" некои такви инФлуенсерки или не ама пред да одлучам што ќе земам читам состав фала богу. И користам производи за основна нега а не серуми киселини и ствари против брчи за подмаладување и сл.
     
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    39.412
    Дузи ај набрзински скроооооз, јер видим да се разумеш.
    Наравно ќе се инфомирам и на доктор.
    Мрсна кожа со пори...комбинирана би рекла. Маскирам се со пудра.
    Еднаш месечни на козметичар пробувам но не секогаш успевам.
    За Ц концентрат читав дури и се наканив да нарачам ама немукаетчика. Крем ЕДВАЈ ми се погодува , шо не значи дека мора да е хипер скап. Осетлива ми е кожа и склона кон лузни но не келоиди.
    Страв ми е било што ригорозно да направам од стравот од лузни. Кои ионака ги имам тук там. Ама се кријат си пудра плус коректори...
    Шта да радим са оцетом??? Се шалам:D
    Дали за некој ваков е аха маха кератолитици хијалурони и чуда?
    Можеш и пвт плиз 2 реченици што строго не. Што можеби да. Па ќе исѕражувам после. Јер овие на кои им плаќам нормално ќе форсираат своето.
    Тенк ју.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.013
    Пол:
    Женски
    Што да кажам што веќе не е кажано, само ќе потенцирам по 120ти пат дека киселини и вакви производи не се за луѓе што сакаат преку леб погача и кои мислат дека ќе добијат совршен тен без да се замараат и без да водат евиденција што/кога ставаат и колку.
    Не може да го шлакнеш пола шишенце аха-бха пилинг на едно користење и да дремеш со него на лице 20 минути, само затоа што се има чувство дека 8 минути „не прават ништо за моето лице“. Немој ме. :worried:
    Си треба дисциплина, умереност и најважно од сè - следење на реакцијата на кожата затоа што јасно ни е на сите дека ништо не делува скроз исто кај сите.
    Чист пример јас и ти - сосема истиот тип на кожа, различни реакции на сè по ред. Сè е кажано со тоа.

    Блогерки, инфлуенсерки и инстаграмерки одамна не следам како слепа за стап. Ми пројде таа фаза и велам фала Хесус и Вирхенсита линда. :D
    Сè што читам по социјалните мрежи го правам чисто рекреативно, обично кога си скролам насекаде да видам што се случува. Се информирам од други места затоа што спонзорираните постови што си кружат низ таквите медиуми одамна ми створија една толку голема одбивност кон сè што се рецензира па...нека си пишуваат, игнорирам.
     
    На simoncelicius, Lepaaa, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.511
    Пол:
    Женски
    Ја си праам пилинг со кафе (откако ќе го испијам, со талогот).
    А сега пошо сум у другом стању ни кафе не пијам ќе ја ебам кожава изгледа, ќе морам да видам Лила шо става на нејзиното. Дајте линк од блогерките.
    А до сега киселини и такви ствари не сум ставала и не планирам. Кожата си има природна "масленост", само треба да се негува (да се мие, да се брише, да не се пуши, да не се јаде тоа шо не треба, да не набројувам и има да сија :D).
     
    На Lilit и referentka им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    85.761
    Пол:
    Женски
    Незнам,јас не гладам ништо страшно во следење козметички блогови.
    Пред да почнам со корејскава козметика јас појма немав за неа.
    Следејки ја блогеркава погоре многу работи дознав .
    Читав рецензии проверував состојки и следев препорачана рутина за мојот тип кожа.
    Разлика има огромна пред/после ,срам ми е слика да ставам,но кај мене има многу разлика,тотално ми одговараат корејските и јапонските производи, е сега не се ич ефтини посебно јапанските :( ама тоа е,и западната козметика не е.
     
    На Juicy, oblace1 и Doozy им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.909
    И домашни пилинзи и маски правам и купувам, ама сакам некст левел, да се излупи еден слој и другиот бебешки да никне :D Инаку не одам по козметичари оти сум од тие стари баби што велат -како не, глупости, ќе те истрие со некој гел, ќе те помасира, ќе те намачка со некој евтин крем што ќе ти го испофали мислиш ќе те регенерира инстантно и ќе ти побара xx евра. За тие пари и пилинг и тоник и крем и серум ќе си купам за 2 месеци. Што и не е далеку од вистината, зависи каде одиш. Ама ако има нешто револуционарно, би испитала па би пробала.
     
    На Independent Girl, Dentina, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Киселини! :devil: Колку тоа страшно звучи :) :D
    Користам гликолна киселина (5%) 4 пати неделно за хемиски пилинг. Гликолната киселина во тој процент воопшто не ја лупи кожата, до лупење доаѓа кога се користи киселина со концентрација од 30-40%.
    Ставам и хилауронска киселина и серум витамин Ц+Е и активен кислород и правам double cleansing и се масирам со ролерче...и баш ми е убаво :D и на мене, а Бога ми и на кожата.
    Дали инфлуенсерки ми влијаат при изборот на козметика и потпаѓам под нивно влијание? Ох, секако дека ДА! @Doozy ми е инфлуенсерка numero uno, која после еден пост ме натера да читам за киселините :devil: и физичкиот пилинг.
     
    На simoncelicius, Dentina, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.781
    Допаѓања:
    242.725
    Ти пак си трудна:o?
    Пак ли близнаци:wasntme:?

    На темата, се осеќам како да сум залутала некаде. Освен мицерална вода која сега почнав да ја користам и крем, друго ништо не ставам на лице.
    И не знам што да ставам.
     
    На Elenpelen, gjoker4e и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    Зависи од тоа каков тип на кожа имаш ама на кратко овие се чекорите за нега на лице:

    1. Пилинг/скраб или ексфолиатор за лице - дали и колку големи гранули ќе има зависи од типот на кожата, препорачливо е да се прави еднаш неделно.
    2. Млеко за лице.
    3. Тонер.
    4. Серум освен ако немаш масна кожа.
    5. Маска.
    6. Крем за очи.
    7. Крем за лице.

    Секое од нив има специфичен начин на нанесување и одреден број пати во неделата.
    Кога ќе имам повеќе време, ќе опишам подетално за сите.

    Дали првата реченица си ја посветуваш себеси?
    Затоа што подоцна сама кажа дека си следела такви совети и поради тоа сеуште имаш последици...
    Сепак премногу генерализираш, како што веќе се изјаснија некои членки погоре, а еве и јас, никогаш ама баш никогаш не сум ставила ништо на мое тело, а посебно не на лице кое секако е далеку почувствително, без да прочитам и проверам што содржи, без разлика кој ми го има препорачано.
    Сум проверувала дури и по препораки од доктори затоа што, фала Богу, 21век е и благодарение на модерната технологија за се може да се информираме, а не па слепо да верувам кога ќе ми кажат дека на некоја рандом особа тоа многу и помогнало или на инфлуенсерка која е платена за тоа да го рекламира.

    Витамин ц мачкаат на кожа насабајле па ставаат спф крема... во врска со витамин Ц, чисто информативно да ти кажам дека и на луѓето со кои работам препорачувам да мачкаат на кожа АМА :!: летно време строго само навечер со што би се спречила таа појава на флеки и зимно време слободно преку ден ама секако не користат SPF одма после тоа затоа што зимно време, логично, немаат ни потреба.
     
    На simoncelicius, Lepaaa, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.