И заштитна крема никој не става онолку колку е препорачано, во спротивно би трошеле отприлика по една на ден. Тотално не те штити таа количина но очигледно не дава да изгориш ко ракче.
Убави пудри имаш затоа. Јас користам или Артдеко или Ревлон и не горам на лице, ни боја не ме фаќа ако не се исончам.
Очигледно не се разбираме... Односно убаво ме разбираш, али ај да се надмудруваме... Во пудрата со спф 15 имаш заштитен фактор кој штити, но не штити еднакво на слој крема за лице со спф 15.
Ако кажам дека не горам со пудра значи дека се надмудрувам? Имам и јас нет и можам да прочитам дека не е исто крема и пудра, само реков дека не горам.Ако ми ставиш исечок од статија а милиони ги има низ нетов, треба нешто да се потресам или да се преиспитам дали стварно не сум горела години и години наназад или само така ми се чинело? Што е проблемот?
If you want to prevent wrinkles for as long as you can, you can’t go without sunscreen. UV radiation is the leading contributor to visible photoaging, and over time, your daily walks to the mailbox will age your skin faster than your once-a-year weeks on the beach. It’s the middle of winter in the northern hemisphere, but that doesn’t mean the quest for a good sunscreen can stop. If you’re trying to minimize visible skin aging, fight hyperpigmentation, and/or prevent skin cancer, then the sunscreen quest never stops. UV radiation (particularly the deeply damaging UVA radiation) is present whenever the sun is, even if it’s playing coy and hiding behind clouds or fog.
Јаа сега ставам крема која содржи спф 15. Тоа значи заштитена сум? До скоро бекутан ставав на лице само. Ама отсекогаш користам добра пудра и никогаш не сум изгорела во лице. Искрено ова за мене е шпанско село. Не ни знам да ги користам работиве. И ова е услов за убаво негивано лице? Јас го имам со една обична крема од 120 ден и пудра.
Јуле не е само козметиката во прашање за убаво и негувано лице.Се знае мн вода,доволно сон,цигари јок,соодветна исхрана и секако помалце стрес.Плукни се на кремите ако се друго запоставиш
Не пушам, исхрана каква што морам, значи воглавно здрава храна, спијам, вежбам. Еве ти ме знаеш, јас со бекутан поминував до скоро. А и проозводите ги користат прилично млади девојки.
Кожата не ти била убава затоа што си мачкала Бекутан, туку си мачкала Бекутан затоа што си имала нормална кожа. До генетиката е, за жал повеќето ја немаат таа среќа да поминат со Бекутанче. И 100% сум сигурна дека лицето ќе ти било уште поубаво ако си користела поквалитетна козметика. Инфлуенсерки не слушам, и особено се трудам да останам имуна на хејт фолоус. Киселини не мачкам, иако ефектот на тие што знаат да ги користат е очигледно добар. За мене е комплицирано и се заинтересирав, ама крајниот впечаток ми беше who the fuck has time for that? Инаку тоа е тоа, модерен маркетинг. Поефтино им е отколку да снимат високобуџетна реклама со Каролина или некоја друга ѕвезда ако имаме, на пример. Плус, преку инфлуенсерките допираат до повеќе публика. Не се некои селебритис па изгледаат "почовечни" од ѕвезди што бараат многу пари за класа реклама, па рекламата им успева. Јес да е глупо, ама маркетинг каков и да е има за цел да продаде па не може да се жалиме што лажат. Секогаш е надуен, во било која форма.
@LivingGlam да бидам искрена не ни знам што да купам и што треба да користам. Мислев дека ми е доволно крем и пудра само.
Ти постави прашање дали си најубава ако пудрата ти е со спф и ја информативно ти кажав дека реално пудрата не ти ја нуди заштитата што е пишана на етикетата. Ја не знам што толку се натегаш стално по форумов и све нешто во лоша конотација сфаќаш. Ете и ја имам интернет од пред 15 години, па тек пред 6-7 месеци прочитав за маркетиншкиот трик со спф-от. И сосема е во ред штом не гориш, ја имаш таа среќа и добар пигмент на кожата
Не следам слепо конкретно никој, но имам применувано работи кои сум ги слушнал од блогерки. На пример за лекување на акни со етерични масла, дознав од рандом бјути блогерка што ми искочи на јутјуб, меѓутоа производите што таа ги користеше беа домашно направени со состојки кои се тешко достапни кај нас. Истражувајќи тука за етерични масла, стигнав до блогот на Биодевојка и почнав да ги практикувам нејзините совети и рецепти, што мене многу ми помогнаа. Генерално, ако нешто практикувам од интернет, гледам да прочитам што е можно повеќе за тоа што ќе го ставам на лице и претежно да е на природна база.
Зависи што ти подразбираш под заштитена. Друго, ако не изгориш ( немаш видливо црвенило) не значи дека uv зраците не прават штета на твојата кожа. Последиците после 20 години ќе ги видиш. Прв услов за убаво лице, знаеш дека е генетиката. Некои луѓе, што имаат среќа како ти, можат цел живот да поминат со Бекутан крема, а некои кои мачат мака со акни, пори, митесери и сл, за жал мора малку повеќе да се потрудат. Како кај шминкањето, вежбањето, исхраната, здравјето, така и кај негата се е индивидуално и секој си прави рутина која мисли дека му одговара. Ако за тебе е доволно само крема И никој (односно барем јас) не следи слепо некој трендови или препораки. Фино лепо ќе чуеш/ прочиташ нешто што ќе те заинтересира, ќе си истражиш добро и ќе си донесеш самостоен заклучок дали ќе го примениш.
Еве побарав да ми кажете што треба да користам? Сфаќам ако некој има проблем со акни и слично, но што е со оние кои немаат никсков проблем, а користат заради тренд. Тоа дополнително не штети?
Тоа пробувам да ти објаснам, дека никој не може да ти каже што да користиш. Освен, секако дерматолог откако ќе ти ја види кожата. Ама и тука, пак препораката ќе биде според некои свои убедувања. Каква тип ти е кожата? Дали има нешто на неа што ти пречи? (Пори, брчки, црнки, флеки...?) Лично, мислам дека секој треба да користи крема со заштитен фактор преку цела година, повремено да прави хемиски пилинг, темелно да ја МИЕ ( а не само да ја брише со марамици или миц. води) шминката и да користи добра хидратантна крема за својот тип на кожа. Останатото е по сопствен избор
Не може да немаш проблем Или ти е сува кожата па имаш цел третман за сува кожа кој не ја иритира, или мрсна, или порите малку поголеми, или нерамномерен тен, акна некоја чат пат, осетлива кожа, црнки...штом користиш пудра значи нешто пробуваш да корегираш. Што е тоа само ти си знаеш. Ако ништо од ова немаш (на овие години ) и имаш мазна и чиста кожа ко порцелан, тогаш уживај, една од ретките си.