@Bridget и @JuLleE добро ви вика @Avery не е доволно СПФ од пудрата. Ретко да слушнам некој да изгори на лице (освен дм шо изгоре и под мишки ) ама UV зраците, што се присутни цела година, се тие што прават брчки. UVA - прават брчки UVB - гориш Јас дури од пред 10 мес почнав да користам СПФ секој ден. Не знаев претходно дека треба дополнително. Прикачив слика што ми ја прати една другарка денес. Муабетот ништо не ми е... ќе ви биде за 20, 30 години. Патем, дека од тел куцкам набрзина, денеска роварев во ДМ и пола и повеќе продукти се со АХА или БХА киселини. Практично, добар дел од девојкиве користат киселини ама не знаат дека користат, а не ставаат СПФ. Примери вклучуваат Балеа и Алверде, меѓу многуте. Да не биде после леле ненормални, се горат на фаца. Јуле, за бекутан.... шо да ти кажам, ништо паметно нема таму. Да се одглавам со работа ќе доам викендов да пишам ко човек, на раат
Пудра користам оти сакам минимална шминка. Имам сува кожа мислам, од нечистотија кај што работам знае да ми излезе акна и тоа е тоа. Што треба да имам на лицето на овие години не знам.
Тука може да се видат состојките http://www.cosdna.com/eng/cosmetic_6080126870.html Jule,може ти е дехидрирана кожата,јас да не кажувам поарно што се користам,ама од хидрантниот тонер хада лабо за мене нема подобарhttps://www.amazon.com/Hada-Labo-Gokujyn-Hyaluronic-Lotion/dp/B000FQUGXA?tag=incepin-20
Лелеее значи... Цуца не те праша за факторот туку дали е најубава. Најубаа си Снежо, преку седум мориња и седум планини нема поубава од тебе. Поише си запалена од врат надолу, што е сосема на добар пат. Ништо сега, ја откри тајната на убавината, сега не е само Снежана најубава туку и Џулија од Свирипичино.
Ова беа одговорите што ги барав, не слики од стари баби, демек не ме штити пудрата и грда и збрчкана ќе бидам на стари години. Значи свашта
Уште ти фалеше со прашањево Ај да почнеме сега за староста да филозофираме. Човек да не праша дали е убав.
Следам блогерки и инфлуенсерки во препораки но не слепо. Најчесто за шминка, за козметика ептен ретко јер сите имаме различна кожа и не би се осудувала да си играм со тоа. Но, за шминка следам, особено ако сакам да си купам некоја поскапа палета или пудра, обавезно читам или гледам ревјус на блогерки. Сметам дека најголемиот дел го прават ради пари и маркетинг, исто како таа биотен кампањата, но сепак има блогерки кои што се реални и искрени во нивните рецензии и не им е страв да кажат дека нешто не е добро.
За почеток можеш од најосновното - крем за околу очи. Доктор Хаушка има еден едноставен без состојки што би можеле да иритираат, а прекрасен е. Во тубичка е, не знам точно како се вика. Ако сакаш да смениш крема, лесната верзија на кремот од роза на Хаушка е супер за малку сува, но нормална кожа. Но е дневна а нема СПФ. Ако ти одговара тој што си го користиш терај со него. Moжеш некоја хидратантна маска еднаш неделно. Имав една на Натура Сиберика, баш беше добра. Од вакви едноставни производи не може да имаш штета никако, дури ни на млада возраст ако користиш од мода. Само ќе си ја зачуваш кожата еластична и мека подолго време. За киселини другите нека кажат, не сум упатена.
Ве читам некои од вас користат секојдневно креми со сп фактор. Јас сум прилично бела и ја користам секоја прилика на сонце да ме фати боја, повеќе си се допаѓам бакната од сонце. Дури и кога одам на одмор ретко користам заштита од сонце. Не знам како ќе се одрази на долг рок.,Сега сум во рани 30ти и не сакам да бидам сега бела ко дух за сметка на немање брчки во старост. Сметам дека генетиката е многу важна, на сликата погоре со многу збрчканото лице е стара особа со азиско потекло. Азијците многу лошо стареат, до 49 години изгледаат на 25 годишни, кога ќе наполнат 50 год изгледаат ко да имаат 125 год.
И јас ставам талог од кафе.Ја прави премногу мазна кожата како совршена.Имам читено дека на луѓето кои береле кафе рацете им станувале нежни како памук
Јас имам две баби, двете околу 80тата година од животот, плус минус. И изгледаат драстично различно, и во моментов и во текот на годините јас како сум ги гледала. Едната е од оној тип на жени кои никогаш ништо освен обична помада не ставиле на лицето (и тоа некоја бебешка, што за мене не е ок, козметика за бебешка кожа и козметика за тинејџерска, возасна, зрела кожа се скрос различни и не се за џабе наменети и правени соодветно.) Другава е жена која што од секогаш имала скапи креми и инвестирала во квалитетна козметика. И кремови и серуми и пилинг и посета на козметичар и сериозно скапи производи, па и во фрижидер чуваше тоа што пишувало дека така се чува, значи се по ред. Естетски зафати, корекции, филери, ништо од тоа. Оваа што цел живот се негува, изгледа видливо и многу поодржано и тоа од авион. Другата што била само као "бејзик" со едно кремче, си ги личи и годините а и повозрасно. Факт е дека воздухот, водата, начинот на живот денес и пред 60 год се различни, па и козметичката индустрија. Но лично еве за себеси ќе кажам, пре би потрошила и инвестирала во квалитетна козметика, која што ми одговара, отколку да не правам ништо и да се потпирам само на "природа". Сум пробала природна козметика, не ми чини. И за кожа и за коса, за мене се подобри производи кои имаат "хемија" која што е направена со некаква цел и намена и од попаметни од мене, фармацевт не сум. Советите ми доаѓаат од сегде од каде што ќе научам нешто што одговара на мојата возраст и кожа, ќе проверам, проичитам, истражам, ќе прашам козметичарката, дерматолог, што и да е, па може и ќе го пробам ако заклучам дека сакам. Козметиката има дејство. НО, доколку се потпираме исклучиво само на козметика а не водиме никаква сметка што јадеме и каков живот водиме, од надвор е џабе мачкањето. Маркетинг постоел и ќе постои, само менува форма. Ако најдам нешто што е добро јас сама ќе го препорачам и "изрекламирам" по другарки. Лице на пример со влажни марамчиња не чистам. Во млеко за чистење исто не верувам. Шминка особено кога имам, лице мијам прво со средство, па после уште еднаш со памук и средство на него (моето е на водена база, исто е добро и двофазно со масло). Крем за околу очи апсолутно. Серум да. Пилинг да. Моментално читам за хемиските и мене ми се нови но имам желба да пробам. Многу жени користат производи против брчки тек после триеста кога е веќе и касно можеби. Од се што сум прочитала и ми кажале и професионалци, со брчките е најдобро превентивно отколку откако ќе се појават, што значи нешто пред триесетата.
Mene licno blogerkite i influenserkite (mozebi e isto koj gjavol gi znae),mi stanaja mnogu eftini i bedni vo sekoja smisla na zborot. Sve ke napravat i izmislat samo za da prodadat nesto i da najdat pogolem broj na sorabotnici duri i ako e toa vrz grbot na drugite luge,nema poveke nikakvi granici nitu pak orginalnost... Na pocetokot sledev nekolku YouTube-rki koj mi bea prizemni no sepak interesni i koj imaja sto da pokazat,denes nivnite videja stanaja eftin marketing pazar bukvalno, pocanaja da prifakat da reklamirat sve i svasta, Lookbook sto pravat sve mu e od sponzorirani stranici,za mene vistinsko razocaruvanje ja prodadoja nivnata orginalnost za pari. A sto da kazam za Instagram porano go obozavav,denes imam custvo deka stana duvlo na prostitutki so cesni i retki isklucoci.... Opsto socijalnite mrezi mi zdosadija mene licno do koska,i gledam deka lugeto stanaja mnogu depresivni i ja izgubija samodoberbata za zal.
Препораки за крема со заштитен фактор, начин на употреба, кај можам да купам, цена... Се ме интересира, шпанско село е ова за мене.