1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Следење совети од инфлуенсерки и блогерки

Дискусија во 'Тело' започната од Lilit, 13 октомври 2019.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Сериозна си со бабата со 80 години што цел живот инвестирала во скапи и квалитетни кремови, серуми, пилинзи и козметичари? :D Од каде е баба ти ако не е тајна? :D
     
    На Elence93, simoncelicius, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.651
    Допаѓања:
    116.433
    Пол:
    Женски
    Не е сечија кожа иста.Едната моја баба и на 80+ не беше збрчкана.Другата ставаше само Павловичева на лицето и немаше многу брчки.
    Првава велеше дека тајната е во селскиот кислород. :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    Споделете блогерки со име и презиме кои ви се допаѓаат кои не :)
    Мене нешто ако ме интересира прво го пребарувам форумов, сум наишла на многу содржајни мислења што некои членки прво требале да направат добро истражување и ми се поверодостојни од т.н инфлуенсерки, затоа што се искрени од искуство а не од лична корист, било тоа да е профит или популарност и гледаност. Многу пати си имам купувано производи тука прво што ги препорачувате (си правам така мала статистика од кој производ сте најголем број задоволни :D)
    Ја следам биодевојка, споделува одлични информации, во последно време ја најдов магнолиа на инстаграм, исто така постовите се со интересни skin care совети. Ако ме интересирало порано за конкретно нешто на пример, пребарував на јутуб и така ги откривав некои блогерки, ама не следам сега тоа.
    Секоја кожа е различна, па дури и доктор да ми препорача нешто, ако мене не ми се допаѓа, не користам. Исто како што во еден период напињаа со биотенот и лумеата, не штима и сите дерматолози да ти препишуваат биодерма. Па не е светиот грал бе.
    Лицето ми било многу полошо и затоа сега не се потресувам ако имам три бубуљици а не една брумка, пробувам разна козметика и поскапа и поевтина и поорганска, ама најбитно не легнувам никогаш со шминка и пазам на исхрана. And less stress please. Не можете да споредувате земјоделец со тој монкот. Не е сонцето единствен фактор, цел синџир фактори се испреплетени тука.
    Иначе за пудрите со спф, јас ставав лесна пудра од аптека не многу покривна без фактор само на челото и носот не ставав (no worries, не се приметуваше) , и на сонце само тие делови ми беа врцвенети, така да, боље ишта него ништа 8)
    Типс ен трикс, на постари години гледајте да сте попунички, не се познаваат толку брчките како кај поисушенките женички :lol:
     
  4. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723

    НИКАКО магнолија, девојката на неколку наврати прави рецензии за производи кои што во живот не ги користела, само става слики од интернет од производот и преведува рецензии од веб страни. Јас ја следам биодевојка, @kattzia, а од не бјути блогерки @angelageorgieva и @TeonaMango и двете често споделуваат шминки, третмани за нега на лице и козметика.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Од овде, од мк. Зошто не би била сериозна?
     
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Моите баби, пак, ми кажуваат дека кога они биле млади, немало телевизор во сите куќи. :^)
    Одење по козметичари е фенси последниве 10 години, кај нас 15- 20 години преку сила да постојат козметичките салони. Живо ме занима каде одела баба ти.

    Да речеше само скапи креми, океј, можда и носел некој од странство, ама посета на козметичар... :rofl:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам оваа и сум презадоволна. Ценат му е 1016 ден. Ја има во аптеките на Еурофарм и Зегин. 515Omn65IgL._SX425_.jpg
     
    На Lepaaa, blueeparadise и oblace1 им се допаѓа ова.
  8. Bella.alleB

    Bella.alleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    851
    Пол:
    Женски
    Многу ја фалат мустела спф50 и плус е со океј состав што мене лично ми е многу битно затоа планирам утре да ја земам. Во зегин е околу 600 ден. Одговара и за под пудра затоа што не остава бели траги. Во зависност од тоа дали си имаш рутина за нега на лицето и дали користиш средство за миење, тоник, серуми, хидратантен крем, кремата со спф ја ставаш последна, после овие производи. После можеш да користиш и шминка.
     
    На Ketchup и blueeparadise им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558

    Сега ми искочи видеово.
    Пошо некој рече не ми го правеле пилингот ко што треба, после сто години ми текна дека ме ви дадов визуелен приказ.
    Еве вака изгледаше.
    Буквално вака. И така треба да изгледа.
    Така да причиве за киселини, витамин ц и слично, превазиџена ствар ми се и све е за полнење на џеб на блогерките.
    Пиј си витамини и минерали, мачкај си колаген и хијалоурон, ставај си облоги од зелен чај под очи и пријатно.
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Здраво другарки.
    Мене ме нема одамна низ форумот - па кој ме знае - океј, кој не - ќе се запознаеме :D

    Гледам Лилит ме прозивала и понатаму да не навлегувам, не знам и зошто уствари реплицирам ама кога модерната технологија е толку развиена ќе ја замолам да прочита повеќе околу поврзаноста на фармацијата со дерматологија и козметологија. Бај д веј и за изборот на докторат после завршен фармацевтски факултет во европските земји.


    Не сум инфлуенсерка, не се доживувам така туку споделувам поради тоа што тоа ептен ме исполнува.
    Зошто побогу екстрахирам состојки скоро 10 години? За да се доживувам како блогер/инфлуенсер и некои тука да шират заблуда дека витамин Ц е штетен?! :o

    П. С. Секој лек е отров - зависно од дозата.

    Со почит женски,
    @magnolia.glamour ❤️
     
    На bellak, CindyAnn, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279
    Омилена:hug::hug::hug:

    Секој совет кој сум го применила сум имала одличен ефект на мојава страшно сува и осетлива кожа. Си ми била спас во најочајните моменти.
    Топла препорака на сите да погледнат што имаш да кажеш доколку тоа сеуште не го сториле.
     
    На simoncelicius и Lepaaa им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Од сите можни, единствена инфлуенсерка (до душа и не е), која ја следам, ме инспирира, сакам кога ја гледам со сториња и ме воодушевува е Ирина Дишо. Све друго... само за сеир.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.