1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Следоред (Succession) [2018]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mishela, 18 јуни 2023.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    81.448
    Пол:
    Женски
    Succession или „Следоред“ е хит-серија на HBO која досега успеа да освои 13 Еми награди и дури два пати беше прогласена за најдобра драмска серија.

    [​IMG]

    Неодамна заврши, па планирам да ја почнам и еве нека има и една тема кај што може да се дискутира за серијава.

    Се работи за ултра-богато семејство, а главните случки се вртат околу Логан Рој и неговите четири деца. Фамилијата е сопственик на еден од најголемите медиумски конгломерати во светот и низ четирите сезони го следиме текот на нивните животи.

    Ја гледа некој друг? Како ви се допаѓа?
     
    На MissChievous, Lotus Girl, Camille84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    4.507
    Пол:
    Женски
    Фан сум на серијата и едвај чекав последната сезона да излезе :) и можам да кажам најдобра, најтажна сезона . Не сакав така да заврши али крајот беше реален.

    Кој и да се одлучи да ја гледа нема да згреши. Love and hate relationship со сите ликови ама буквално.

    А стариот е невиден ѕвер. :inlove:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.158
    Допаѓања:
    67.387
    Пол:
    Женски
    Јас стигнав до трета епизода. Ама, тешко оди. Сите ми се одвратни, некако ми е тужна за гледање, како кога ќе изедеш премногу благо па ти е тужно на стомакот. Од баклава. Е такво чувство ми дава серијава. Не знам дали да продолжам.
     
    На tace73, marsilia и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  4. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав цела серина првите 2 сезони одеднаш 3 и 4 како што искачаа сезоните...многу е реална за тој свет, тешка за гледање зашто сите главни ликови се со тешки нарцисоидни нарушувања и други пропратни пороци и лудости, итн. Колку можат да те оштети лошо родителство, многу пари, желба за моќ....дефинитивно не е серија за фамилијарна љубов, туку за сите можни предавства од најблиски....не правам спојлери....
     
    На do-re-mi и MissChievous им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.031
    Ги изгледав првите 2 сезони, и двете во 2 дена ги мавнав. И пошо дрдорев колку се опседнав, го заинтересирав и мм и со него пак ја почнав првата.:wasntme: И сега по втор пат изгледани првите 2 епизоди сфатив дека малце спор е почетокот, што е нормално за серија со толку ликови, додека да ги убацат сите и да се запознаеме со работата, конфликтите и намерите. Затоа, @RainBow не се откажувај, дај уште шанса. :D Патем, успешни се во поентата, бидејќи намерно ликовите се одвратни, јас барем така мислам.
    Прикажани се психата, комплексите и траумите на размазени, но и dare I say угнетени богаташи кои ќе се испоизгазат меѓусебно за да зграбат поголема моќ и поголем статус. Не е ни прашање на пари, туку баш е за статус преку кој се огледуваат какви луѓе се. Колку побитна позиција, демек толку поспособен.
    Абе од старт можеш да ги изучуваш психолошки што ликови се. Со сè што кажуваат, со секој израз на лицето, со секоја гестикулација. Ептен убаво ги разработиле ликовите.

    Е сега; Логан е ладнокрвен гад што не го заболе за неговите деца, нив ги гледа само како луѓе кои го носат неговото презиме, а неговото презиме мора да продолжи да стои на директорската позиција на фирмата. Секако ако смета дека било кој од нив е доволно способен, а на моменти се чини дека тоа е невозможно. Сè што прави, прави со позадинска умисла.

    Дури и кога му помогна на Кен после сообраќајната несреќа, го направи тоа само за да може да го контолира, а не дека му беше гајле дека би можел да заврши во затвор. Што и се докажа на крајот на 2рата сезона.

    Кендал е комплициран тип, си има доста комплекси, сите направени од татко му. Сака да му покаже и докаже колкав маж е. Сака да чуе од него колку е паметен и способен. Како да живее за негова валидација. Како цел живот да му се врти околу татко му. Татко му како цел живот да го вреѓа, па он цел живот ја игра играта да го освои и придобие. Му го заебал карактерот до степен да се дрогира. А можеби се дрогира од аздисаност? Или од премногу стресови и товари? Веројатно комбинација.
    На моменти ми паѓа жал за него, толку многу се труди и бори. И на моменти се чини како само он да знае што прави, па ми изгледа како правиот човек за работата. Ама му фали она ладнокрвното, мекуш е за бизнисот кој го тераат.

    Ми се допадна како заврши втората сезона, го направи најлогичниот потег што можеше, му се намести татко му во дланка. Ваљда? Ќе видам утре во 3та. :D

    Роман е убедливо најгадниот. Со сите негови одвратни досетки и дофрлувања, циничен и саркастичен до степен да ти се згади. Кога зборува постојано чекам да каже punch line, а он уствари нонстоп е сериозен, односно таков си, не се заебава. Пореметен тотално, колку го имаат фамилијарно заебано? Од него се гледа дека живеењето во таква фамилија е како живеење во дувло со волци. Кутриот морал да стане таков надркан само за да опстане. Он има нешто што другите немаат, директност и храброст како да никогаш да нема што да изгуби. Добар asset е, во одредени ситуации он може да ги избави со неговата пореметеност.

    Шив ми делува најподмукла. Храбра е, силна е, паметна е. Има многу познавање и знае како со луѓе. Добар противник е, знае да убедува. Користољубива е како неа и' одговара. Постојано го гази Том на секакви начини. Постојано седи на 2 столчиња, и во професијата и во љубовта. Доста логично е она да биде директор, но иако е способна за многу, сепак како да не го знае оној финансискиот дел што Кендал го разбира најмногу. Сепак, добар asset е.

    Конор, најстариот и најнекорисниот. Он као не се меша, ама кога е потребен тогаш има мислење и преференција. Low key, тежок чудак е.

    Богат е, а иде со курва. Вриштеше за вилушките и путерот на прославата, отпуштуваше луѓе наоколу. Програмата за претседател му е скроз пореметена. И ред други работи.

    Том па. Што сè трпат луѓе за статус, ццц. На сила се прави Рој, а може да има нормален живот. Будала. Лигуш. Мисли дека може да биде еден од битните, а не знае реченица асално да склопи. Се плаши постојано, д'тка и гледа никому да не му згазне на нога, а воедно да придобие што е можно повеќе. Од него бајаги ми се гади. Класичен гзолижач.

    Грег е човекот што сите ќе ги заебе на крај можеби? Некако така ми делува. На еден или друг начин, се упика и на сите им знае по некоја тајна, зошто сите го гледаат ко небитен и го искористуваат. Мислат дека ништо не им може. Баш ме интересира до кај ќе истурка.


    Серијата е добра поради лиовите. Тематиката е мање више битна, односно не е ништо посебно битно какви зделки прават, што работат, со кого соработуват. Битен е нивниот профил, што прават и како размислуваат. Барем за мене.

    Друго, кинематографијата е перфектна. Прекрасни кадри со преубави бои. Њујорк. Ракош. И други луксузни места.

    Трето и многу битно, музиката. За мене музиката ја прави серијата. Има 2-3 мелодии што се провлекуваат постојано и даваат супер драматичнен вајб. Послушајте: https://open.spotify.com/playlist/3w11vUckYm0Np28KFfG4tv?si=GFHW2IK1QbK2LGx-THrXIg

    Мене и шпицата ми е погодена. Деца растени во палата, позади нив стои татко им. Доволно за да сфатиш како се грумирани и зошто се такви какви што се.
     
    На M.B., do-re-mi и Camille84 им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.158
    Допаѓања:
    67.387
    Пол:
    Женски
    Сето ова што го напиша ми е јасно. Го увидов од трите епизоди. Ама, дали сакам да ги гледам овие ликови што прават во животот? Сосема е јасно дека све што прават е за титулата и моќта, не за парите, затоа се тепаат кој на која позиција ќе биде, не за друго. Ништо мистериозно нема во сериава, све е на тацна, ликовите од прва епизода се гледа какви се. Нема нешто што ме влече да ја продолжам, едноставно можеби не е за мене, не дека е лоша серијата, сигурно не е, со толку признанија и награди. Ама ете.
    Ќе и дадам шанса уште две епизоди. На почетокот и Шитс Крик ми беше тапа, ама по неколку епизоди ме освои и ми е една од омилените.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Машки
    Сериозно серијава е преведена “Следоред“ а не “Редослед“?!
     
    На simoncelicius, SupernovaS, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    @MissChievous супер анализа на ликовите и психолошки профил. Она што не е предвидливо се потезите на секој нив, особено на Логан во одреден момент, таман помислиш аха ок се среди ќе биде супер тој уште поголем нож забива.
    Првите 3 сезони спремаше по едно дете за нов СЕО само да им докаже дека не ги бива...тиран, деспот.....сепак и крајот на 4 сезона ме држеше во неизвесност
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    4.507
    Пол:
    Женски

    Од сево ова само за Логан не се согласувам :)

    Во последната сезона
    се дознава дека он почнал од 0 и цел живот го посветил на империјата . Нормално се борел со секакви бизнисмени и затоа е толку заштитнички настроен кон своето богатство.
    И нормално најголемиот проблем му е кој е вистинскиот човек од неговиоте деца да го наследи. Нормално никој тоа го мачи него. Градел цел живот и сака само империјата да ја сочува за неговите деца да продолжат да живеат како што живееле до сега. Се плаши дека тоа што го создавал нема да може никој да го менаџира.
    Се соживувам со него поготово во денешно време сведоци сме како семејни бизниси згаснуваат преку ноќ поради неспособни деца. А деца како деца секој се смета достоен да води бизнис. Иако немаат ден работно искуство како во случајот Шив.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.158
    Допаѓања:
    67.387
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да користите спојлер, повеќето штотуку ја почнуваме, па со оглед на тоа сите информации за содржината ставајте ги во спојлер. :)
     
  11. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    175.111
    Пол:
    Машки
    Зборот „следоред“ не постои во македонскиот јазик.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    81.448
    Пол:
    Женски
    ХБО кај нас така го превеле насловот и по медиуми гледам си стои така. Дали е точно или не, не навлегувам, можеби е и игра на зборови.
     
    На Waverly Raven и Peco им се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    13.274
    Пол:
    Машки
    Како што Grey’s Anatomy ја преведоа Вовед во анатомија. :rofl:
     
    На simoncelicius, Angie1432, Peco и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    175.111
    Пол:
    Машки
    grasshopper = тревоскок :rofl:

    Модератор нека го брише мислењево. :)
     
    На simoncelicius и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.158
    Допаѓања:
    67.387
    Пол:
    Женски
    Така е преведена официјално. Имаат право на уметничка слобода можеби им се чинело поинтересно и поприкладно, со оглед на содржината.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.031
    Ја завршив, ми се допаѓа серијата од почеток до крај, ништо не би сменила.

    И на крај, дали му се оствари ли стравот? Бизнисот ќе продолжи да постои, нема да згасне, но нема го води неговата фамилија.
    Навидум за сè самите Кен, Ром и Шив си се криви, затоа што не ги ставија на страна комплексите и не соработуваа. Но истовремено не се они криви. Лошо се воспитани, никој не ги научил подобро и имаат доживеано премногу трауми. Што значи, не се 100% самите криви.
    Да беа попаметни можеа заедно како тим да пробаат да ја водат фирмата, и на момент се чинеше дека им успева, но дозволија егото и желбата за моќ како и секогаш да уништи сè. Имаа секаква предност да бидат на врвот, на крај испаднаа од играта, свртени еден против друг.
    На крајот испадна дека навистина гзолижачите се тие што успеваат. Оние што се виткаат како што ќе им се нареди. Што не се спротиставуваат, едноставно прават како што главниот ќе им каже. Вака, така, онака, успеваат да се протнат таму кај што треба.

    Серијава е приказ како моќта го расипува човекот. Испаѓа дека не се битни ниту љубовта, ниту почитта. Не е битна фамилијата, битна е империјата, да трајвува по секоја цена. Битна е позицијата во империјата, или поточно, битно е само едно единствено место - директорот на фирмата. Лидерот. Победникот кој се издигнал над сите. Ништо друго не е доволно. Животот е вечна трка како да се стигне до врвот, макар и да се стигне таму газејќи по најблиските, секогаш со оправдување дека тоа е за доброто на сите, затоа што тој што би стигнал таму е најдобар, најпаметен, најсилен, и поради тоа ќе направи најмногу за сите водејќи ги.
    Овие луѓе не се задоволни ни од парите што ги имаат. Ги расфрлаат наоколу ко да играат монопол. Зошто не станува збор за пари и богатство, туку за статус и репутација. И како да го прифатиле фактот дека океј е да се газат меѓусебе зошто тоа е дел од играта, секој смее да прави тоа што е корисно за него, а утре како ништо да не било, пак седат заедно на маса, пак се дружат, пак се гледаат. Токсичност на сосема друго ниво.

    Стварно многу ми се допаѓа серијава, ликовите се кој од кој по зол, посекако ќе ти се згадат сите до еден, што само кажува колку успешно имаат прикажано една токсична средина.

    И пак ќе кажам, без музиката серијава не би била ни пола од тоа што е.

    Шпицата - https://open.spotify.com/track/7aNUzAjnpWMEct8P1z2ajq?si=9J4zP1UFSnaK0njYidCIbg

     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    81.448
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава и испарив, тоа е. :tmi:
    Изгледав две епизоди и добра е, ми фаќа око да ја гледам понатака, само ми треба нешто полесно измеѓу. Не ми е од тие серии кои се гледаат наеднаш, маратонски. Така што, не оди баш според замислата темпото на гледање, ама тоа не значи дека нема да ја решам серијава. :D
    Ќе ми треба да погледнам уште некоја епизода за да оформам мислење.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.158
    Допаѓања:
    67.387
    Пол:
    Женски
    Еве сум. На 4та сезона. :D
    Првата сезона е многу бавна и некако досадна. Дури и покрај се што се случува пак е... Па, треба да се преброди. Сите се одвратни, и тоа ја прави уште толку потешко сварлива. Морам да кажам дека Роман и Шив ми беа краааајно грозни. Е сега, Роман е толку забеган, ама хуморот, мрачен, вистинит, тажен, баш му е на место. Знаат да бидат децата толку сурови меѓу себе во првите три сезони што не знам како е можно такво нешто. И не можам да знам зошто татко ми не е билионер и јас не сум израснала жедна за моќ. :D

    Ама, се навлеков сепак, дијалогот е предобар, референците одлични, кинематографијата исто, освен нели, ликовите. Не сум за никој, никој не ми прирасна за срце, не можам преку одвратноста да поминам.
    Знам дека има култ за Кендал и he can do no wrong, ама
    уби човек, уби човек и остави сето тоа да го заташка татко му.
    Ме нервира што неговата зависност ја користат како ќе им текне, ако треба е потенцирана, ако не, океј, функционален зависник. Том испадна мнооогу гаден и одвратен, лигле невидено. Иако со грег имаат бесценети златни моменти на кои сум урлала. :D

    До 4та сум мислам,
    умре Логан, попаѓаа децава, мислиш леле млад човек и одненадеж умре, а не старец со куп проблеми кој живееше на позајмено време. Мислам стварно претеризам со неверицата и плачките.
    Знам дека сакаат да покажат колку биле под негово влијание и моќ, ама сепак. Очекувано беше.

    И така, ќе пишам за крајот.
     
    На Camille84 и MissChievous им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.158
    Допаѓања:
    67.387
    Пол:
    Женски
    Требаше да си останам на ова. Да си биде не. Толку токсична серија мислам немам гледано.
    На крајот, на истото се дојде, како и на почетокот, бла, бла, богаташи плачат моќ немале и ќе се убиваат, па ќе ги жалиме, не знам што...
    Сума сумарум, не ми се допадна серијава и мило ми е што ја откачив. Не е вредна за хајпот според мене и припаѓањето во несвест.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.327
    Допаѓања:
    137.357
    Има еден муабет кај нас, што вика вака:
    Продаваш куќа. Ти викаат, ти ја правеше или ја наследи?
    Ја наследив
    Епа лесно ќе се договориме со тебе.

    Така и во серијава. Стариот душата ја даде за фирмата која ја создал, децата ја продадоа уште незакопан.

    Дали бил лош? Каков да биде кога од 0 создал се, а жена му го оставила и му ги оставила три деца он да се грижи за нив? Си имаше тежок карактер ама можеа да го хендлаат.

    Па Шив... Леле колку беше лековерна, само заљубена, инаетлива...

    И нормално е што плачеа на крај по татко им, не само што им беше татко, им беше и столб оти сами се крајно неспособни да постојат.

    Особено глупава работа беше кога го жртвуваа Кендал наместо Том.

    И ги купи еден ит:) останаа без моќ, со по стотици милијарди во џеб