1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слепа вера

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 19 декември 2016.

?

Што според вас е слепа вера?

  1. Безрезервно верување во нешто без притоа да се бараат никакви докази

    50 глас(а)
    92,6%
  2. Секоја друга вера, освен верата во моето убедување (верско, идеолошко, политичко)

    4 глас(а)
    7,4%
  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не ми требаат мене твоето искуство и поуки. Каде напишав став за слепата вера, па као нешто да ми држиш предавања?

    @EvAngelos, многу попродуктивно ќе беше, сепак да отвореше тема во Политика, под наслов Партиско слепило или Партиско лудило, или Партиско слепило или лудило? :nod:
    Зашто не се меша религиозна заслепеност со ова:
    Не земаш предвид дека кај најмалку половина од овие не се работи за никаква верба, туку за калкулантство? Да отвореше тема специјално за ваквите примероци, ќе вредеше да се одвои време, бидејќи се метастаза на ракот. Додека, обработувајќи го поимот „слепа верба“ од сите можни агли, фокусот се губи, јас се изморив и ми здодеа читајќи. Колку сака може некој да биде религиозен и слепо убеден, тоа си е негова лична одлука, интимно чувство. Не гледам во нашето општество претерано религиозни личности да наметнуваат своја волја и услови на живеење врз другите луѓе. Ниту 24/7 да шират говор на омраза и зла крв на интернет, надвор - насекаде. Не е во нив главниот проблем. Мислам, во ред е да се критикува слепото верување и да се разгледуваат негативните последици некаде во темите за Религија (а сигурна сум дека милион пати веќе се водела истата дискусија таму), ама овој начин е конфузен.
     
    На Rama, Petra777, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos бидејќи ти ја отвори темата за Слепа Вера и ги критикуваш останатите слабодушни кои веруваат дека се "излечени " бидејќи пастирот така им рекол како што е примерот со Кајшаров.А без да има реални докази дека се излечени.Таквите за тебе имаат слепа вера и јас се слагам.
    Но би те прашал зарем не сметаш дека и твоето "излекување " е исто? Јас гледам две варијанти за твојот случај или намерно лажеш ја користиш сензационалноста на новинарството за да си ја пропагираш твојата секта или пак навистина си во слепа вера како кајшарови,друга опција нема.

    Зарем сметаш дека покажување на новинарски изјави за твојот случј и сликата која си во кревет со лап топ е доказ пред останатите?Немаш документи да покажеш дека предходно си бил болен и документи во кои пишува дека си излечен,па да докажеш на писмено?

    Па ја би те замолил доколку немаш писмени лекарски документи да прикачиш за да не увериш за твојот случај,да престанеш да ја злоупотребуваш сензационалноста на новинарството и слабодушноста на луѓето за промоција на твојата секта.
     
    На Rama, Petra777, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Еве одговор.....
    @Bender Rodriguez Сега појасно ти е зошто во туѓите класификации не може да се вметнат „нашите“ слепи верувања?
     
    На Rama, Petra777 и korisnichka им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јас не ги критикувам или осудувам „слабодушните“ (ниту сум го искористил овој збор), јас ја критикувам слепата вера, аргументирано кажувајќи кои се последиците од неа.
    Јас ти постирав видео од исцеленијата на Кајшаров не за да ги критикувам нив, туку ти поставив јасно прашање: Дали веруваш во тие чуда и исцеленија? И зошто не? А ти лукаво го избегна одговорот :)
    Поентата ми е оваа: Ако ти слепо веруваш на немото дете од Струмица што наводно проговорело (а струмичани ништо не знаат за тоа), тогаш зошто не веруваш слепо и во овие исцеленија?

    Повторно си ја промашил мојата поента. И тоа не е затоа што не си доволно интелигентен за да ја разбереш, туку мислам дека тоа е затоа што не ги дочитуваш моите постови во брзање да ми реплицираш или пак со сила да контраш само колку ти да испаднеш во „право“.

    Кога ја постирав сликата, поточно printscreeen од фејсбук, не ми беше целта да покажам уште едно чудо, туку да ти покажам слепа вера во пракса од страна на членовите на фејсбук групата „Чуда во светото православие“. Зошто слепа вера? Епа 126 луѓе од нив кликнале лајк и некои пишуваа АМИН без да го проверат чудото. Кога би го провериле малку, не би лајкале и не би пишувале АМИН. Од каде знам? Па откако јас пишав во коментар дека тоа сум јас и дека сум протестант, запреа лајковите и никој после мене не пиша АМИН :) Со што се потврди тоа дека членовите лајкале и пишувале АМИН затоа што мислеле дека тоа е чудо во православието :)

    Дури и таа што го постирала не го проверила, во спротивно немаше да го постира во таква православна фејсбук група, бидејќи јас сум протестант и ова нема допирни точки со православие. Дури ни новинарот не проверил, во спротивно немаше да залепи на сликата икона од светка Петка :) Јас на ова реагирав и потоа ја тргнаа таа слика на MKNEWS, ама остана во Preview на фејсбук.

    [​IMG]

    Јас не сметам дека новинарските изјави се доказ. Исто така и сликата не е доказ, бидејќи не може да се види дали во инфузијата има цитостатици или пак витамини.

    Имам две папки полни со документи од моето лечење и најмалку 20 снимки од компјутерска томографија. Во папките имам фотокопија од историјата на болеста, испитувања на тумор маркери (кои почетно се високо покачени, а потоа во нормални граници), имам и крвни слики каде што се гледа драстичен пад на крвните вредности (леукоцити, тромбоцити, еритроцити, хемоглобин. Имам и ехо снимки (понекогаш правев ехо, за да не се зрачам постојано). Имам и документи од фондот за здраство кои што ме рефундираа некои скапи лекови што ги нема тука, документи за боловањето. Случајно, од сентиментални причини, чувам и десетина шприцови од неупогените со кои се боцкав самиот во трицепс :) (тие служат за покачување на леукоцитите)
    Имам и фотографии од мене каде што сум без коса и без веѓи (последица од хемотерапии).

    Не би сакал да се расфрлам со овие лични фотографии на форумов, зашто е многу веројатно после да се потсмевате со тоа, да велите дека се сечени, лепени, монтирани, дека се фалсификати и сл. Но ако нешто од овие ти биде доволно, ќе сликам и ќе постирам. Или уште подобро, како што им велам на сите, повели на едно кафе кога ќе доаѓаш во Ск, па ќе ти ги донесам во живо да ги видиш и допреш :)

    Други докази се следниве:
    - Кога ќе бидеш во Ск, може да појдеме заедно на клиниката на Онкологија и да ти потврдат таму дека сум бил нивен пациент.
    - На фејсбук ги имам докторката што ме водеше и неколку од медицинските сестри/браќа. Слободно кој сака можам во групна порака да го ставам со некој од нив и тие да му потврдат.
    - Можеш да ги прашаш моите пријатели на фејсбук (освен ако не веруваш дека можам над 1000 души да вклучам во заговор да лажат за мене :)

    Е ова се реални докази дека реално постоечка личност навистина била болна од рак. Не го земам моето исцеление како јасно натприродно чудо, бидејќи нормално користев стандардни медицински терапии. Но сепак убеден сум дека во многу детали Бог имаше силен удел. Сепак не е темата тоа тука.

    Темата тука е: Дали можеш ти да обезбедиш било каков доказ за тоа чудо што го прочитавте на тоа грчко блогче? Дали имате доказ дека во Струмица постоело немо дете што проговорило? И зошто струмичани ништо не знаат за тоа? Е за оваа слепа вера овде пишуваме.
     
    На ♡BuBaLe♡, Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Имаш докази за тоа? Оти ако немаш ќе те вброиме во слепите верници :?:
     
    На Rama, Petra777, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    На сликата јасно се гледа како си напишал " тоа чудо се случи надвор од православието".Тоа значи дека ти сметаш дека се случило кај тебе чудо.За да потврдиш дека не е слепа вера треба да имаш документ каде пишува дека целосно болеста ја нема 100%.Доколку е само намалена или ублажена болеста,тоа е нормално поради терапиите,затоа и се примаат.Инаку да имаш документи дека е намалена и ублажена болеста ,па дури и уште да си под терапија,тоа наликува на слепа вера...
     
    На korisnichka и Rama им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Го користам терминот „чудо“, бидејќи таму е наречено така.

    Како што ти наведов погоре, имам се од тоа што наведов и докмунетација и стотици луѓе што можеш да ги праша и плус докторите и сестрите од Онкологија. Малку ли е? :)
    Инаку лекувањето ми траеше од 2007 до 2009 година. Од тогаш поминаа 8 години во кои правам редовни контроли. Обично за исцелен се смета некој кој до 5тата година (од крајот на терапиите) има чисти резултати (скенови и тумор маркери). Доволно е?
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Не е доволно,само зборови напишани на форумов.Никакви докази.И не одговори дали имаш лекарски документ во кој пишува 100 % излечен.Наликува на слепа вера.
     
    На Rama, Petra777, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Ок, имаш фактички доказ дека медицината помогнала. Во нив поверувавме.
    Каде е доказот дека Бог помогнал?
     
    На ♡BuBaLe♡, Rama, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    А чекајте, зарем за здравје нѐ повика Господ? Не, туку за живот вечен. Притоа не е важно колку време сме на земјата, туку дали со нашиот живот сме се подготвиле за вечноста? Во прилог на мојот коментар го давам видеово, доволни се и последните три минути за да се поучиме, ако сакаме, поздрав на.сите феминки и феминци <3
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За тоа можеби ќе пишувам во друга прилика. Можеби не ја следиш дискусијата, но сликата што ја спомна @Bulgarian беше поставена во дискусија за слепата вера на членовите на фејсбук групата „Чуда во светото православие“ кои почнаа да го лајкуваат тоа сведоштво и да пишуваат во коментари АМИН АМИН АМИН без воопшто да го проверат тоа чудо дали е навистина чудо во светото православие. И потоа кога во коментар им пишав дека тоа сум јас и дека јас сум протестант и дека тоа нема допирни точки со православието, тогаш ниту лајк, ниту АМИН :D Разбираш ли каде е тука слепата вера? Слепата вера е во тоа што членовите на таа група слепо поверувале дека тоа е чудо во православието без воопшто да проверат.
    Ова е само еден пример од многуте примери на слепа вера. Не се обидувајте да го менувате контекстот на сликата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Тоа еднаш го кажа и не е добро да се повторуваш.За тоа доби одговор од мене дека православието не трпи лаги и кога тогаш вистината излегува на површина.

    Ај сега ти одговори и на @Jas! што ти постави прашање дека имаш докази дека медицината помогнала, каде е доказот дека Бог помогнал?

    Медицинските документи за болеста сепак се медицински тие докажуваат дека медицината помогнала.Како така заклучуваш дека Бог помогнал без доказ?Нели според твоја логика тоа е слепа вера?

    Имаш многу видеа на Youtube каде православните чуда за исцеление се опишуваат многу поверодостојно дека потекнуваат од Бог.Каде таквите личности се убедени дека е од Бог исцелението бидејќи имале видение на сон или јаве како светец им кажува дека ќе бидат исцелени,каде имаат и други реални виденија или на сон како светец им препорачува да одат до таа и таа црква за исцеление итн и на такви случаеви не им веруваш.А зошто си веруваш на твоето медицинско лечење дека е Божјо без ниту еден знак ?
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Од твоите постови јас заклучив дека кога православните христијани веруваат во чудо без докази се неразумни. А кога ти со сите свои сили, но без докази се обидуваш да докажиш дека лично тебе ти се случило чудо кое потекнува од вера различна од христијанството тоа е сосема во ред. Нели и тоа е слепа вера??
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Повторно ми ставаш твои зборови во моја уста и сакаш да одговарам за истите :) Јас не ја постирав таа слика со цел да изнесам Божјо чудо на форумов.
    Таа слика беше поставена во дискусија за слепата вера на членовите на фејсбук групата „Чуда во светото православие“ кои почнаа да го лајкуваат тоа сведоштво и да пишуваат во коментари АМИН АМИН АМИН без воопшто да го проверат тоа чудо дали е навистина чудо во светото православие. И потоа кога во коментар им пишав дека тоа сум јас и дека јас сум протестант и дека тоа нема допирни точки со православието, тогаш ниту лајк, ниту АМИН :D Разбираш ли каде е тука слепата вера? Слепата вера е во тоа што членовите на таа група слепо поверувале дека тоа е чудо во православието без воопшто да проверат.

    Јас ниту реков, ниту се обидувам да го докажам тоа. Јас јасно напишав дека не го сметам тоа за јасно натприродно чудо бидејќи користев стандардна хемотерапија (и хируршка операција). Таа слика беше поставена во дискусија за слепата вера на членовите на фејсбук групата „Чуда во светото православие“ кои почнаа да го лајкуваат тоа сведоштво и да пишуваат во коментари АМИН АМИН АМИН без воопшто да го проверат тоа чудо... да не се повторувам по трет пат, читај горе :)
     
  15. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    А малку претходно пак...

    И пак не ми е јасно? Бог ти помогна да се излечиш или не?? Ако одговорот е да, како си докажа на себе си дека баш Бог ти помогнал??

    Јас, како член на оваа група овде се прашувам дали твојот Бог навистина ти помогна да се излечиш и како да го проверам тоа?!?
     
    На korisnichka, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Молам??????
    На сликата на фб групата си пишал цитирам :
    Почитувани,ова е моето сведоштво.Јас сум протестантски христијанин и ова чудо се случи надвор од православието.....

    Ваквата контрадикторност потикнува многу прашања.Па би те прашал како тоа христијанин може да се служи со лаги?
    Еднаш викаш се случи чудо,после а не не се случи лажев.Која ти беше целта да лажеш дека ти се случило чудо ?
    Сакаше со лаги да привлечиш верници во твојата секта ?
    Или злонамерно си се подбивал со православни?
     
    На korisnichka, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не. Реков дека прашањата не се тенденциозно поставени кон тебе или било кој друг со намера да бидат ограничувачки. Едноставно, се работи за прашања кои имаат два можни одговори, кои меѓусебно се исклучуваат еден со друг.

    Еве пример за она што зборувам – тенденциозно поставено прашање, кое наметнува ограничување на одговорот е „Дали си за ВМРО или СДСМ?“ Вака поставеното прашање те ограничува, во смисла дека мора да одбереш една од овие две опции, притоа занемарувајќи ги сите други партии на кои би можела да бидеш поддржувач и исклучувајќи ја можноста дека можеби си и политички неопределена. Е, ова е ограничувачки поставено прашање.

    Меѓутоа, моите прашања не беа такви. Ти се обидуваш да ја направиш дискусијава да биде за семантика, со цел да го избегнеш одговарањето на релативно лесни и едноставни прашања. Тоа е исто како да те прашам да се изјасниш кој пол си, машки или женски, а ти да ми кажеш дека нема да го направиш тоа, бидејќи постоењето на само две опции ти делува нелогично и ограничувачки или дека ти не се пронаоѓаш во ниедна од нив.

    Ти можеш да не одговориш на прашањето и да тврдиш дека не се пронаоѓаш во оваа класификација, но тоа не го намалува или оспорува фактот дека ти си женско, односно дека секој од нас може да биде или машко или женско. :)

    Јас никаде не се обидов да покажам колку е сомнителна слепата верба. Мене поентата ми беше дека ти, со своето верување во примерот со чудесното излекување на немото дете, не само што можеш да бидеш категоризирана, туку и припаѓаш во типот I според категоризацијата на Курц.

    А ова го темелам на фактот што велиш дека не ти се потребни докази за да веруваш во чудото, ниту пак нешто друго што ќе прочиташ или чуеш ќе направи да се посомневаш во тоа верување. :)

    Пак ќе ти кажам, тоа што ти самата не можеш да се пронајдеш во ниедна од наведените категории, не значи и дека навистина не припаѓаш на ниедна од нив – во која од нив припаѓаш и зошто, пишав погоре.

    Океј. Кој Бог? Истиот во кој ти веруваш или некој друг? Ако е истиот во кој ти веруваш, тогаш пак збориме за православни христијани, а не некои други верници.

    Еве ти контрадикторност со она што го кажа погоре – веруваш во чудата „од верници од различни вери, кои поверувале во семоќноста на Бог“, како што кажа погоре, или веруваш само во чудата на верниците од сопствената вера, кои поверувале во семоќноста на истиот Бог во кој ти веруваш – which is it? :)

    Дали е ова твојот критериум за тоа што е вистина? – нешто што предизвикува „љубов, мир и блаженство“ кај тебе, како што претходно рече? :D

    Во тој случај, имаме многу различна дефиниција за вистината. Вистината не зависи од личните чувства и перцепции кон нешто – таа е базирана на факти и докази. И иако нејзиното осознавање може да предизвика љубов, мир и блаженство, подеднакво може да предизвика и немир, вознемиреност, па и омраза. Нашите чувства кон нешто се целосно ирелевентни во однос на неговата вистинитост.

    Вистината може да биде само една – без разлика на нашите ставови и верувања. Без разлика на тоа што ти се верник, а јас не, чудо во Струмица или се случило или не се случило – немо дете или проговорело или не проговорело – приказната е или вистинска или е измислена. Трета опција нема, дури и да ти изгледа тоа ограничувачки на тебе. :)

    Те поздравувам!
     
    На Lella и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Веќе ти одговорив на тоа, не ја сфаќам потребата да се повторувате и вртите во круг?

    Јас ниту еднаш не сум ги нарекол слабодушни тие луѓе. Тоа е твој збор. Јас ја критикувам слепата вера и тоа аргументирано.

    Но кажи ми ти, зошто се слагаш дека следбениците на Кајшаров имаат слепа вера без да имаат реални докази дека се излечени, а не се согласуваш дека е слепа вера верата во чудото што било објавено во грчкото блогче за немото дете од Струмица кое наводно проговорело? Наведи ми барем еден единствен доказ дека тоа дете воопшто постои, па после ќе дискутираме дали навистина било немо или дали навистина проговорело :)

    Ако прашувај се слбоодно. Застани пред огледало и прашувај се, размислувај, анализирај итн. Но јас не го изнесов овде моето излекување како Божјо чудо (за сега да треба да го докажувам), туку јасно објаснив што е и не планирам да спамирам и да се повторувам. Сликата ја постирав во сосема друг контекст. Таа слика беше поставена во дискусија за слепата вера на членовите на фејсбук групата „Чуда во светото православие“ кои почнаа да го лајкуваат тоа сведоштво и да пишуваат во коментари АМИН АМИН АМИН без воопшто да го проверат тоа чудо... да не се повторувам по четврти пат, читај горе :)
     
    На Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos ти убаво си имаш напишано во фб групата и секој кој би те читал би помислил дека ти се случило чудо.Го немаш ставено зборот чудо во наводници.Дали испровоциран и љубоморен од православните чуда во фб групата кој си ги гледал па си морал да лажеш дека и кај тебе имало чудо?
     
    На korisnichka, Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Само неразумен и лековерен човек може да биде љубоморен на слепа вера и непроверени чуда без никакви докази. Јас не ни знаев дека таму го постирале тоа. Други ми кажаа. Затоа и не е веднаш реагирано. А реагирав најмногу затоа што некој со злоупотреба на мојата приказна сакаше да ја велича света петка и православието, без да провери и испита. Којзнае уште колку вакви има таму. Ништо чудно и некоја исламска приказна да е ставена под капата на „чуда во светото православие“ :D

    Туку, дали ти би реагирал доколку некоја твоја приказна, некое од твоите чуда што ги спомна дека ти се десиле, ги видиш во некоја фејсбук група „чуда во светиот Ислам“? :)
     
    Последна измена: 22 декември 2016
    На baba Rada и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.