1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слепа вера

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 19 декември 2016.

?

Што според вас е слепа вера?

  1. Безрезервно верување во нешто без притоа да се бараат никакви докази

    50 глас(а)
    92,6%
  2. Секоја друга вера, освен верата во моето убедување (верско, идеолошко, политичко)

    4 глас(а)
    7,4%
  1. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Неможе никој во твое име да измислува за тебе.За да пишуваат во фб групата за тебе дека ти се десило чудо сигурно си се фалел( си лажел) на друго место.Значи сепак таа приказна од тебе произлегува и не ти е крива фб групата.
    Со право си докажа дека и тебе може да те ставиме во групата слеповерници. ;)
     
    На korisnichka, Bitter-Sweet, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали тоа значи дека ти си една од тие 2 гласа горе на анкетава што гласале дека слепа вера е „секоја друга вера освен верата во моето убедување“? :)
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Oнa едниoт глaс, ти oчигледнo другиoт.
     
    На Rama, Petra777, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Абе некој изгледа нема подобра работа и попаметна.. Бог да чува
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не. Веќе неколку пати го имам напишано мојот став за слепата вера, ама веројатно не ги пратиш тие дискусии. Еве една од нив:

    Ова е речиси идентично со првата дефиниција од анкетата што јасно открива кој став го делам јас за слепата вера со мнозинство што гласале.
     
  6. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Ќе го занемарам фактот дека темава почна од немото дете од Струмица и недостатокот на докази за неговото постоење и чудесно се префрли на некоја сосем неповрзана статија на интернет.....

    Но, не се ни обиде да го скриеш деталот на сликата во кој ти тврдиш дека верата ти помогнала во лекувањето. Затоа јас дојдов до заклучокот дека и ти слепо веруваш.
    Еве јас на неколку пати се обидувам да ти покажам дека јасно ми е дека поентата ти е дека православните верници згрешиле што слепо поверувале дека тоа е православно чудо и не провериле дека е грешна информација.
    Може сега да ми одговориш на прашањата за тоа на кој начин твојата вера помогнала да се излечиш и како ти ќе докажеш дека навистина е чудо? Бидејќи и таа статија ти ја воведе во дискусијава....


    Не е контрадикторно ако ти не си го разбрал ....
    Тоа што слепо верувам дека мојот Бог е исцелител и мене лично не ми треба доказ за такви чуда, не значи дека туѓите верувања во такви чуда, без разлика од кои божества се,треба да бидат прогласени за невистинити или да бидат осудени. Секој има право да верува, а јас немам право да им судам за тоа.
    Не и во верата. А тоа што сум одбрала да верувам во нешто, за кое не постојат фактички докази, не значи дека не постои.
    Summerlover напиша:
    А што е вистината уствари?
    Она у кое ти си веруваш.

    Bender Rodriguez, Вторник во 17:10

    Некако брзо ставовите ти се менуваат......
    Она у кое ти си веруваш, не е секогаш апсолутна вистина докажана со факти.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Некој сам си се намести во стапица, сѐ уште нема докази за неговата вера, хахаха, е ај да видам кој е тој маж што ќе дпкажува вера :) и сега му останува да брише туѓи коментари. Жалосно.. Но поарно слепа вера отколку слеп без вера.
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И едното и другото не се добри. Многу подобра варијанта е разумна вера. Разумна вера поставува прашања, не ги затвора ушите пред аргументите и фактите, не се плаши од вистината, туку напротив, целта и е запознавање на вистината и реалноста без разлика дали таа се коси со нашите тековни убедувања, емоции и сл. Разумната вера не зема сè здраво за готово, бара причини за да верува, истражува, анализира, споредува, таа е во согласност со разумот, логиката, со објективната наука.

    Веќе кажав дека добар пример за разумна вера е банката. Банката нема слепа вера кога ви доверува кредит и не верува слепо дека вие редовно ќе го исплаќате. Таа пред да ви даде кредит, прво ќе ви постави еден куп прашања, ќе провери каде работите, колку имот имате, дали имате редовни примања, дали редовно плаќате сметки итн. и дури потоа ќе ве определи за кредитоспособен и ќе ви даде кредит.

    Друг пример за разумна вера е добриот избор за брачен партнер. Никој од нас претпоставувам не сака да влезе во брак на слепо со непознат партнер/ка. Тоа би покажало слепа вера во партнерот дека нема да ве изневери во брак или дека нема да се коцка на пример. Но разумната вера прво ќе го запознае човекот, ќе го анализира дали е лојален, стабилен, одговорен, кои се неговите/нејзините ставови по важни прашања, кое е неговото минато, што велат другите за него/неа, како тој/таа се покажал во процесот на запознавање итн. и дури потоа со разумна вера би одлучиле да ја положиме нашата доверба и нашето идно семејство со тој брачен партнер.
     
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Мислам дека модератори проработеа, ама се кријат. (fingers)
     
    На Orthophill и Bulgarian им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Петра, не можам да ти пратам лична порака, си ја блокирала таа опција.
    Да ти кажам дека ти го пријавив претходното мислење за оф топик. И наредното, исто така. Сега пак продолжуваш, постојано пишуваш оф топици во овој подфорум.

    Се извинувам за оф топикот и јас, ама да објаснам зошто те пријавив бидејќи очигледно се буниш за бришење мислења и не ти е јасно зошто некој те пријавува. Овој пат бев јас, па да ти кажам зошто.
     
    На EvAngelos, Bender Rodriguez и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Тоа е разумно однесубање, со банката и брачниот другар. Верата си е вера, доказите по дифолт не спаѓаат во таа област. Верата се сведочи, значи се покажува, се манифестира, докажувањето и слепоста ѓи се мачку несреќни термини за да се определи верата. Сознателна вера е подобар опис отколку разумна, кога верникот го ЗНАЕ предметот на својата вера, а тоа е на пример, дека е Бог Свет Троица: Бог Отец Бог Син и Бог Свети Дух, Кој е Создател на сѐ видливо и невидливо, Кој иако Господар зеде обличје на слуга, т.е.се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек, па беше распнат, Кој нема грев, во сѐ се уподоби на човекот освен во гревот, и Кој воплотувајќи се ни ПОКАЖА како да живееме на земјата за да стекнеме вечен живот, за да бидеме секогаш со Него, бидејќи Него не можеме да правиме ништо. Треба да се љубиме еден со друг за да нѐ познае светот дека сме Негови ученици, а ние се делиме како да сме незнабошци, како едно божество да прави едно чудо а друго божество друго итн. Е сега верата како таква ја има својата полнота во Православната Црква, значи почитување икони и Пресвета Богородица, кадење со темјан, сите дејства што ги има во храмот се однесуваат не само на душата туку и на телото. Господ дојде меѓу нас и нѐ повика на светост уште кога го создаде првиот човек. Тоа е верата. А она што го имаш ти како тема е верување сфатено како израз на наивност и простота, т.е.необразуваност. Но без разлика на школото што го имаме, сите сме повикани да бидеме образувани во Божјата наука. Сѐ што не е втемелено на вера во Бога останува привремено и минливо. Секој сака да остави трага, да биде запаметен по убаво. Тука доаѓа до израз нашата вера. Верата се покажува преку делата. Делата се најчистиот доказ за тоа дека некој има права сознателна и дејствителна вера, вера двигателна, која ги придвижува и другите околу оној што така верува. Св Серафим Сваровски вели стекни дух смирен и илјадници околу тебе ќе се спасат, т.е. Ќе Го познаат Едниот вистински Бог
    . Тогаш и тие ќе поверуваат - сознателно. Како свеќа од свеќа што се пали, така и верата се шири, кога ги гледаат нашите добри дела.
     
    На Petra777, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Синоќа пивме кафе со мешано друштво, меѓу кои имаше и 2 католички вернички. Зборевме за сличностите и разликите меѓу католицизмот и протестантството од теолошки, но и од практичен аспект. Се сложивме дека дека Исус и апостолите не биле ниту католици, ниту протестнати, ниту православни, туку едноставно христијани и дека ние луѓето сме ги направиле тие поделби.

    Ме поканија во Понеделник на Божиќна литургија во Католичка црква. Они ќе свиреле во хорот. Задоволство ќе ми биде да прусуствувам. Ме импресионираа со нивната зрелост, почитување и култура во дисксуиите, познавање на својата вера, но и познавање на другите вери, што автоматски зборува за тоа дека не користат слепа вера, во спротивно би ги затворале ушите за се што е поразлично од католицизмот.
    Мислам дека вака се гради меѓурелигиски дијалог и толеранција и искрено се надевам дека тој може да биде постигнат од атеистите, православните, протестантите, муслиманите итн на овој форум. Со такви верници има надеж за нас во Европа :)
     
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Европа? Што бидна со Царството Небесно? ;)
     
    На Petra777, Orthophill, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Контрадикторноста е во следново – јас не прашав за тоа дали постои веројатнот чуда да се случуваат и надвор од христијанството – те прашав тебе, лично, дали ти и сведоштвата за чуда кај другите религии ги прифаќаш a priori, без докази, или не? Ако ако одговорот е не – зошто?

    Ама да во медицината – а случајот со „излекуваното“ немо дете е толку тоа – медицински феномен. Тука не дискутираме за апстрактни работи – филозофија, теологија или лични ставови и вкусови – дискутираме за излекување на физичка состојба, кое, ако е навистина точно, претставува феномен и преседан во медицината. Во медицината и науката генерално, верувањето во нешто не е доволен аргумент за да кажеме дека има веројатност истото да постои – потребни се факти и докази.

    Интересно е како, наместо да се осврнеш на прашањата и поентите од моето претходно мислење, нив глатко ги прескокна, а наместо тоа цитираш мое мислење кое е напишано надвор од нашава дискусија и кое е, патем, саркастично. :)

    Поентата на мислењево ми беше сосема спротивна – вистината може да биде само една и таа важи за сите – вистината нема никаква врска со нашите чувства, ставови и верувања.
     
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Зависи кој што подразбира под поимот “слепа вера”, може да звучи и негативно, во контекст лажно верување во нешто што не постои или пак, верување без да се бараат докази.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.