1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слепа точка (Blindspot)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Marossa, 6 октомври 2015.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Видов дека има неколку феминки што ја следат,па затоа еве и тема.
    Серијата е нова,има испаднато само 3 епизоди,ама мислам дека може да трае долго време.

    Содржина:
    На среде Тајмс Сквер во Менхетен се појавува девојка цела истетовирана,со целосна избришана меморија.На една од тетоважите е името на ФБИ агент,Курт Велер и така започнува нејзината соработка со ФБИ и откривање на значењето на тетоважите.
    Патем,секоја тетоважа означува трага до одреден криминален заговор.
    Како сложувалка да склопувате,концептот навистина е привлечен.
    Исто така секој наслов од епизодите е анаграм кој може да биде уште една трага за случаите.

    Актерите се прилично допадливи,акцијата не е изоставена и досега епизодите се доста непредвидливи и возбудливи.

    ИМДБ оцена 8/10 и јас комплетно се согласувам.
     
    На alekce83, Mishela, bubac и 3 други им се допаѓа ова.
  2. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Таман сакав да пишам дека премногу брзо се одвиваат настаните кога оп, ќор сокак. Предобра ми е серијава, се повеќе сум заинтригирана кој и зошто и го сториле тоа на "Џејн". Па тоа ремек дело од тетоважите па.... Не знам, лозинка до лозинка алал да му е на тој што го осмислил :D
     
    На ninja35 и Marossa им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Одлична серија со огромен потенцијал, се надевам нема да ја зафркнат.
    Ми се допаѓа мистериозната приказна, нешто поразлично е, не е веќе видено. Кастингот е супер, ми се допаѓа хемијата помеѓу Курт и Џејн, нема некоја тензија, туку подлабока нишка која ги поврзува.
    И добро е што има акција и адреналин.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    На почеток мислев дека Курт мора да ја спари Џејн, кога тоа да ти било нешто друго. Ова изгледа дека го навикнав од Strike back како таков тип, тука ми е посериозен. Интересна серија, можеби требаше да ја симнам кога ќе заврши сезоната, не ми се чека толку за нова епизода. Цело време си викам ова со тетоваживе веќе видено, кога тоа да ти беше Prison break :lol:
    Интересна замисла, само нема логика од толку многу тетоважи да им го погодат точно редоследот на случување, или па сите како тлеат и чекаат некој да ги открие па да започнат:?:
     
    На Tiki-lolipop, Marossa и ninja35 им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Слична приказна е? Не сум ја гледала таа, може затоа оваа ми е поинтересна.
    Мора нешто да се проголта. Само секој си има граница што може, а што не може да свари.
    Или па може ќе испадне дека некој од внатре оперира и знаат што и кога откриваат и тогаш делуваат.
    Ај ќе видиме.
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓа како тераат епизодите,баш кога мислев дека се откри која е,се вратија на почетокот.
    А тетоважите мислам дека немаат редослед,само одредени се поврзани една со друга.Еве пример за онаа тетоважата со случајот Дејлајт,тоа било порано,таа може ги открива оние од внатре вмешаните.

    А стриктно за епизодава,тетоважата случајно ја декодираа и било наменето да се откријат и тие на лицето на Џејн само кога ќе отидат во CDC под ултравиолетовото светло.А нападот со вирусите не бил планиран баш за тој ден туку многу покасно,само од страв да не ги откријат,се одлучија да го пуштат порано.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Последната епизода не ја гледав ама од радозналост го отворив спојлерот и среќа што ми текна на време.
    @RainBow сериозно не ти е гледана Бегство од затвор? Не зезај, па како паѓаа женските на тој Вентворт ли беше главниот, па на крај од завидлк открија на јавноста дека бил педер, баш си одговараа со актерката женска му и во walking dead беше. Нема ништо слично со оваа серија, освен што беше и тој тетовиран ама со мапата од затворот :D Иста финта употребиле, ама тука покомплицирана ја направиле.
    Имам чувство дека ќе ја развлечат многу серијава, гарант сега и татко му ќе биде умешан, па некоја крупна мафија ќе се појави, е тоа ќе биде веќе видено :D
    За какво варење мислеше? Мене до трета епизода случките поврзани со тетоважите не ми беа нешто посебно, очекував по јак вовед, ама доволно е замрсено и мистериозно, затоа ветува.
     
    Последна измена: 16 октомври 2015
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Значи колкава сексуална тензија има помеѓу Курт и Џејн,не е нормално.
    Очекувам секоја секунда да се грабнат и да падне див секс :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Леле ептен. И не е само дека имаат сексуална хемија, туку и емотивната врска си го прави своето. Се надевам нема да чекаме 5 сезони за бакнеж.
    Инаку и паднала гледаноста, уште не е трагично, ама интересот почнал да опаѓа. Се надевам нема да ја скинат после една сезона и да не остават во прашалници,
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Ги зезнаа сите со воведната епизода и не заковаа пред ТВ за наредните 2-3 епизоди. Како одминуваат епизодите се повеќе станува неинтересна, на моменти и глупа. Имаат добра екипа, се гледа дека не им фалел ни буџет, ресурси, логистика, ефектите се во ред, па напрајте бе една саглам приказна, течна, неизвесна. Вака, секоја нова епизода е скоро ново дејство и приказна и сеедно му е на гледачот дали ќе ја погледа на денот на излегување или денови подоцна. Уште утре да ја откажат нема да има последици по мене.
     
  11. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Е после ова не верувам да падне гледаноста 8) Мене епизодава многу ми се допадна.
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Интересна беше последната,андерковер епизоди секогаш ми се интересни кај криминалистичките серии,посебно кај двајца што ќе бидат пар порано или подоцна :D
    Ама крајот,морам да кажам го очекував.Знаев уште кога ќе почне да ја следи,дека дечкото на Патерсон нема да излезе жив од таа ситуација.Навистина штета,баш беше океј лик,надвор од тимот.
    И да му дадеа шанса,ќе им помогнеше многу со тетоважите,"fresh set of eyes".
    И Џејн имала свршеник,тоа очекувам да се појави во идните епизоди.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    И тоа каков свршеник.:inlove: Чезаре од Борџиите, одличен актер, срцка ми е, се надевам што повеќе ќе го има.
    Обновена е за втора сезона серијава инаку. :)
     
    На G.G и Marossa им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Серијата е предобра, навистина. Многу голем потенцијал има, се надевам дека ќе продолжи со ова темпо и нема да ја зезнат нешто, зашто тоа ќе биде fail.
    Ин д конверзејшин, на Џејн тој што го даваат од flashback it's a hottie. Тетоважиче, мх мх мх.

    Многу интересен концепт имаат, некои викаат веќе видено, ама кај бе, ја не сум сретнала до сега со ваква приказна.. ( ако има сретнато некој нека ме поправи)
    Многу сакам да видам што ќе испадне со тоа книгата кај што заокружуваат букви овие, ме јаде внатрешно со што е поврзано тоа .
    :$
    By the way: Last episode was amazeballs. :))))
     
    На LilacWine и Marossa им се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Епизодата беше добра,ама крајот одличен.Знаев дека самата нешто направила,ама до таа мера да се истетовира,браво.И типот се појави,згоден е,и тоа во баш јак тајминг,откога го лапна колачето Велер :D
    Не знам,стварно очекувам добар плот понатака и некои политички фаци вмешани во сево ова,засега уште ми е интригантна и едвај чекам нови епизоди.
    Патем,преголема пауза до Февруари,прерано им е за празниците :D
     
    На LilacWine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Пих, паузата до март е скоро, дури на 29ти февруари е следната епизода. Преголема пауза, кој ќе чека до следна епизода.
    Оваа не беше нешто посебно со руските агенти, ама крајот беше добар. Сега останува да видиме зошто сама си направила се.
     
    На LilacWine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Чекав толку време,и пак не и кажаа ништо :D Барем се дозна дека е Тејлор,ако не друго.Се прашувам што ќе испадне од сето ова,што и бил првичниот план и зошто.А во следната епизода гледам ќе се појави уште еден така што му го избришале сеќавањето.
    Крајот беше предвидлив,знаев дека нема да отиде кај Велер,драма е,мора да има бркање мачка глушец,па карање,смирување.Да не се сеќаваше на Оскар дека и бил свршеник,можеби немаше да отиде,вака има дел од нејзе што му верува,исто како што има дел што не им верува на ФБИ.А Оскар многу е секси,се надевам ќе го има повеќе :D
     
    На blackpanter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    И сега?
    Нели и се враќаа некои спомени, како не е Тејлор? И што погодно на Мејфер и се погоди апаратчето, со клуч си го отвори.:rofl:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И се враќаа спомени,ама од тренингот со војниците,не од детството со Курт.Оскар и даде слики,за да знае како да го излаже Велер и татко му,да се приближи кон нив.
    Инаку некако последната епизода што испадна ме натера на сомнеж,прилично сум сигурна дека Џејн не е Тејлор,ама ја има истата генетика,односно била како бебето што го најдоа.Не верувам таа институција да постоела пред 20 години,ама очигледно постоела некоја тајна организација што „произведувала“ деца да ги тренира да бидат супер војници. :D
    Што значи татко му на Велер навистина ја убил Тејлор,намерно или ненамерно.
    А Оскар е еден од непријателите во случајов.Џејн во минатото толку и го испрале мозокот,што ја натерале сама да се тетовира,осеќам ќе испадне дека овие што демек бркаат корупција си имаат други,не толку фини планови :D
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Имаше сеќавања пред сликите, како се симнува по скали во куќата на Велер ми се чини и татко му беше долу и за рака ја носеше негде. И на гробиштата кога беа и таму имаше некое сеќавање пред сликите. А ова со бебево од каде дека имаат иста генетика? Јас како што бидов се идентификуваше со него поради тоа што беше во торба оставено и со тетоважа.:wasntme: