Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сликарство

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Gordana10, 26 јануари 2010.

  1. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    сите тоа ме прашуваат... два дена после смрта на Тоше се одлучив да го правам мозаикот Тоше, после тој трагичен настан и после тој усте потраѓицен погреб на кој сто се изнаплакав :'( ја одбрав оваа фотографија каде што тој е мирен каде што мирно спие кога сликам или цртам секогаш се ориентирам на кадри на она сто мене ми е важно, дијагоналата претставува динамика за неговиот динамичен живот и мирното лице како да спие за неговата вечност и буквата v која што ја покажува победата тоше е победник за мене... :)
     
  2. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Највеќе ги сакам делата на Пабло Пикасо , не знам зошто , но во нив има нешто што ми се допаѓа :)
     
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Некој да знае колу чинат сликите на Кочовски? Од колку до колку се горе-долу...?
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Може некој да ми каже каде може да се најдат дела од нашите ликовни уметници, во кои галерии? И цени? Или некоја продажна изложба да е во тек? Не сум многу информирана (како што се гледа :$ ), па секоја помош е добредојдена :)
     
  5. EdithPiaf

    EdithPiaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    некои од моите слики. аматер почетник сум. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209, Phyramide, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  6. EdithPiaf

    EdithPiaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    плус овие две
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC007.jpg
      DSC007.jpg
      Големина на фајлот:
      188,6 KB
      Прегледи:
      326
    • DSC006.jpg
      DSC006.jpg
      Големина на фајлот:
      169,8 KB
      Прегледи:
      326
    На Phyramide, danniela5 и CocoSumner им се допаѓа ова.
  7. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Го сакам Моне, ми ја буди фантазијата некако, ме прави да daydreaming (незнаев соодветен збор :| )
    Го сакам и Дали, и неговиот поглед на светот ( без разлика дали под дејство на опијати) :D
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Густав Климт, ваква жолта не се заборава.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Моне, сите неговите слики ме прават да се чувствувам како детенце кое гледа во голем балон

    [​IMG] [​IMG]
    Дали, со еден збор гениј
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Од сите светски познати уметници најмногу ми се допаѓа уметноста на Пикасо и Ван Гог.
    Делото од Ван Гог ми е прекрасно.



    Јас исто така сакам да цртам и најмногу со тоа го пополнувам моето слободно време.Да сликам не сум пробала до сега , но во иднина би сакала и секако ќе пробам.Па еве си давам за право во оваа тема да поставам некои портрети изработени од мене. ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 и BeYourself им се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Сликите од Gustav Klimt дефинитивно сакам да ги видам во живо! Исто од Ван Гог и Панини!
    [​IMG]

    [​IMG]

    Иначе сум била во Амстердам во музејот на Рембрант, имаше некои слики значи по 4 метри широки и 2 метри високи! Многу млади уметници беа седнале пред нив и ги прецртуваа, ама на пример само определен дел (лик, предмет)...
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ах колку им се восхитувам на сликарите. Талент кој за мене секогаш ќе биде симбол на нешто што не е од нашата планета. Барем јас така ги сфаќам сликарите и оние кои поседуваат невиден талент да земат четка во рака и да направат ремек-дело. Плус која релаксација мора да е тоа за нив.

    Пораснав со мама сликар, и четките ми беа ко добро утро и добар ден а богами и добра вечер, но бидејќи не наследив од никој од мојата фамилија талент (дедо ми исто бил сликар) наследив барем љубов кон сликаното дело. И никогаш не пропуштам кога сум некаде а видам интересна изложба да одам да ја посетам.

    Бидејќи боите ми се еден вид на визуелен фетиш и навистина обожавам да посматрам до детали како е цртана некоја слика, најмногу ми се допаѓаат експресионистичките и пост-експресионистичките дела. Кандински ми е навистина еден од најомилените. Се заљубив во неговите дела изложени во Georges Pompidou и во музејот на модерната и современата уметност во Стразбур. Кој колоритет!
    [​IMG]
    Франц Марк исто така го обожавам.
    [​IMG]
    Импресионизмот исто така ме плени со својата едноставност а сепак убавина. Во дневната имам закачено дури многу неинвентивно две реплики на Моне. Признавам, ама што да правам кога ми се убави :)
    [​IMG]
    [​IMG]

    Која убавина! Да ги земеш боите и да создадеш нешто вакво. Восхит! До срж!

    За другите автори друг пат затоа што сепак, модерната уметност е она што го обожавам пред се друго.
     
    На TeddyS и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Рембрант отсекогаш ми бил омилен.
    Има нешто мрачно но прекрасно во неговите слики, како да ме проголтуваат, ја замислувам приказната на секоја личност чиј портрет го изработил. Неговата биографија е фасцинантна, и не би можело да биде поинаку со таков гениј.


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На karenin, Theodora, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Рембрант е Бог!

    Но иако не сакам мрачни дела, погледни горе - колку и да е мрачен, секогаш она што е во центарот на вниманието на сликата го става под светлина ерго трите личности горе на сликата :)
    Интересен концепт на сликање имал.
     
    На karenin, TeddyS и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Преубави се делата на Рембрант, посебно ми се допаѓа сликата „ Ноќна стража “, за која што веќе е кажано, поставување на фигурите под светлината, а со тоа истакнувајки ги во прв план, за разлика од позадината во не толку темна просторија, тоа е и целта на неговите дела. Сепак работел под влијание на Микеланџело де Караваџо, па оттаму и Рембрант го достигнува врвот во своите слики, светло - сенка, според мене феноменални се сликите негови, но и на неговите претходници, можеби завршно со Рембрант, после веќе отпаѓа малку квалитетот на уметноста, но не целосно, а рамноправно на уметноста на Рембрант и неговите претходници.Според мене :)
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Рембрант ми е еден од омилените.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    -Живко Поповски - Цветин

    Можеби не е Пикасо, али навистина ми претставува огромно задоволство да ги гледам неговите цветови :f:

    Ете баш би сакала да станам сликарка некој ден,но..сите добро знаеме дека ретко на кој му тргнала работата како уметник во Македонија. Мислам дека имам талент, засега ме привлекуваат портрети , ..само тоа цртам подобро кажано :)
    Чудно, откако го прочитав постот на Пирамида се замислив. Добро бе, толку ли мене само ме влече цртањето,ама ич немам никакво коренче од фамилијава за тоа, моиве се антиталенти за цртање.


    Аm I adopted ? :lol:
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Кога е сликарството во прашање јас сум вљубеник во ренесансните дела, барокот и романтизмот.

    Модерната уметност со сета должна почит не ми се котира многу високо посебно минимализмот, модернизмот и останатите - изми каде во фокусот на сликата се некои геометриски фигурчиња или не знам од кого беше - Бел квадрат на бела основа :^) , разбирам јас дека во игра е идејното изразување на авторот ама сепак мене Мондријан или Кле и натаму ми личи на нешто што го насликало некое основче.

    Затоа пак делата на Ел Греко, Рафаел, Тицијан, Тинторето, Ботичели, Рембрант, Караваџо, Рубенс, Веласкез, Делакроа, Гоја за мене се уметност во вистинскиот смисол на зборот - толкава умешност на создавање ликови и предмети налик на вистински т.е. фотографски прикази со толку добро доловени фацијални експресии, совршена игра на светлината и сенките, разиграност на боите (некои користат помрачна или побледикава палета, па по ова прашање фаворит ми е Караваџо толку живи и разиграни бои), толку добро детално изработени позадини, едноставно целосна посветеност и здивоодземачки ефекти, нешто што е скоро невозможно да се реплицира, тоа е вистински сликарски гениј и талент, барем за мене.

    Ги почитувам и импресионистите нивните дела зрачат некоја свежина и оптимизам, згора на се‘ од мали обоени точкички и цртички да создадеш така совршени пејзажи е навистина восхитувачко.

    Едит - Ќе заборавев да споменам едно исклучително дело Мунковиот - Врисок.
     
    На 1209, Gordana10 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Веќе одамна се трудам да му дадам шанса на Салвадор Дали. Мислам, секоја чест, човекот бил мн. талентиран, но сепак не ме воодушевува.

    Јас сакам мистичност и сакам духовно да се поврзам со сликата. Немам омилен правец во сликарството, јас си имам други критериуми :)

    Еве на пример, оваа на Моне ме остава без зборови. Колку е само длабока...

    [​IMG]
     
    На karenin, LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Го сакам сликарството ама многу... Тие таленти, тиа чуства што се изразени... Немам зборови...
    Е сега во постов сакам да издвојам една за мене многу драга личност... Човек на кој никогаш не му беше доста од моите пребарувања околу сликањето на моите портрети, човек кој има заслужено многу и кој го почитувам премногу, зошто нели го заслужил тоа... Е овде не се работи ниту за Моне, ниту за Ботичели ниту пак за Франц Марк и тако далје...Тука се работи за еден човек кој можеби повеќе од половината не го знаат или пак останатиот дел му се восхитуваат исто како и јас. Во времето на Тито нацртал преку 450 поштенски маркици и има реализирано многу самостојни и заеднички изложби... Се работи за Димитрија Чудов.
    Во продолжение мало делче од неговата последна изложба на која присуствував. Се работи за слики т.е. икони изработени од негова страна по барање на некој свештеник или што ли беше таму не се сеќавам...
     

    Прикачени фајлови:

    • scan0002.jpg
      scan0002.jpg
      Големина на фајлот:
      528,3 KB
      Прегледи:
      265
    • scan0003.jpg
      scan0003.jpg
      Големина на фајлот:
      282,8 KB
      Прегледи:
      265
  20. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Обожавам сликарство, мое хобии :inlove: