Омилени сликари ми се Моне, Ван Гог и Рембрант, навистина имале добар стил на цртање. Многу сакам историја на уметност, ми беше еден од омилените предмети во средно, секако на прво место сликарството <3
Ве молам некој што се разбира од сликарство и има сознанија за уметник со презиме Сарагинов,уметникот е од Кочани и се потпишува како САРАГИН. Ми треба биографија и било какви информации за тоа каде можам да најдам негови дела, во која галерија или пак некој ако знае нешто повеќе за него нека ми каже, би требало да е човек во средни години. Исто така и за Раде Чушкар, за него барам биографија и било какви информации за тоа каде живее и работи (дали во Македонија или надвор) ... И ако знае некој нека ми каже во која галерија се продаваат негови дела.
Jaс лично немам талент за сликање ,но знам да ценам добра слика . Омилена техника немам ма дасликите со темпера и акварел ми се посебно симпатични ,сите правци подеднакво ми се допаѓаат ,можеби надреализмот ете малку повеќе. Надреализам...
Уште еден од големите мајстори во сликарството, Јакопо Робусти Тинторето. Една од неговите слики, совршенство!
Ја видов. Минатата недела, во живо, во British Museum...... и мнооооооооооооооогу други Криво ми е само што не го видов Lichenstein во Tate
Томас Кинкаде,е сликар во Америка работел(не викам работи отие веќе мртов една година) како сликар во Дизни преубави слики,волшебство како што можите да забележите инаку овој е тој на последнава слика еве ја неговата официјална страна за оние кои што сакаат да дознаат нешто повеќе за него http://www.thomaskinkade.com/magi/servlet/com.asucon.ebiz.home.web.tk.HomeServlet
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/c ... a_Lisa.jpg Moжеби сум идиот но сакам да направам копија на Мона Лиза. Мој совет (и јас сум сеуште аматер, но...) :За третата слика, одлучи од каде да доаѓа светлината и направи ги сенките. Исто така треба да се поправи косата (во ред е што има повеќе инјансји, но тие треба да се преливаат, а не да има видлива граница помеѓу двете нијанси). Инаку, ми се допаѓаат твоите слики...
^ Јас сум speechless воодушевена. Мислам дека се заљубив во неговиве ремек-дела исто колку што сум заљубена во цртаните на Дизни. Спојлер Thomas Kinkade “Master Of Light” Dies Suddenly At 54 It’s estimated that his paintings hang in 1 in every 20 households in America.... A Quiet Evening
Пред некое време слушнав за William Turner, ми се допаѓаат неговите слики, oсобено пејзажите Еве една од нив, прекрасно!
Кој е љубител на сликарството и ќе оди во Виена, треба да отиде во Албертина и да ја види постојаната изложба која што се вика: Од Моне до Пикасо (Monet bis Picasso). Има слики од сите можни сликари. Инаку моите омилени сликари се дефинитивно Анри Матис и Фрида Кало. Изложбата на Матис ја гледав во Албертина, а таа на Фрида Кало во една друга палата. Оваа слика е најпозната од Матис: Жената со синот шешир Спојлер А мојата омилена од него е оваа: Спојлер Најпознатата слика на Фрида Кало е таа каде што сама си се цртала додека лежела во болница: Спојлер А оваа слика ми е омилена: Спојлер
Слушнав во близина на Соборна имало неколку фини галерии,бидејќи не сум запознаена воопшто како одат работиве кај нас,а имам слика за продавање,може некој да ме упати?
Andre Kohn (фигуративен импресионизам), денес работи во САД. Роден во Сталинград (Волгоград). Спојлер http://www.andrekohn.com/ Инаку, за век и веков, омилен ми е: Caravaggio П.С. Сликиве се од Kohn
Немам омилен сликар, бидејќи секој има посебен стил на сликање и делата на секој посебно се преубави.Греота би било да го издвојам овој или оној, кога знам колку на еден сликар му е битно и посебно неговото дело.Значи ги почитувам и им се восхитувам на сите. Меѓутоа имам омилен правец и омилена слика. Омилена слика ми е The Starry Night- Vincent van Gogh. Не би знаела да кажам зошто толку ми е совршена и магична.Можеби е поради совршенството на боите и потезите на четката, можеби поради самиот пејзаж кој е дел од Франција, која премногу ја сакам. Ми стои како позадина на телефонот и ја гледам секојдневно, но би сакала да ја видам во живо во музеј, тоа ми е една од најголемите желби. Поради сликава омилен правец ми е експресионизам.Толку ми се убави делата што и сама се стремам да се посветам на усовршување во овој правец и сликање такви дела. Едноставно ме зашеметува таа експлозија на бои, чувства, незавршени и неправилни форми, толку спротивно од реализмот, толку романтично. Едноставно дава слобода и делата се толку волшебни, преубави. Би сакала да го спомнам и Густав Климт и преубавиот „Бакнеж’’. Сликава ми е еротика и љубов.Толку.
Обожувам реализам и се восхитувам на секој уметник кој со кист и бои може да го пренесе на платно. Како помала ги сакав делата на Da Vinci, Botticelli, Rubens, портретите на Rembrandt, па и сликите со прекрасни коњи на George Stubbs. Но последнава година наидов на сликар, кој со секое свое дело ме воодушевува и остава без зборови. Karol Bak. Веројатно никој пред него ја нема доловено убавината на жената на таков ингениозен и фасцинантен начин. Неколку омилени дела: