1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сликање со младенците на врата во ресторанот

Дискусија во 'Свадба' започната од Macyyyyy, 20 ноември 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Јас сум била на премногу свадби, посебно последниве две-три години, ама не сум слушнала некоја вака да изреагира. И вакви постојат?
    Има две свадби мислам кај што немам земено слика, не ми се свиѓаше како бев излезена воопшто и не мислев само колку ради реда да земам, за да ја фрлам потоа. И кажав на невестата, ми прати потоа поубави слики од цедето и никому ништо. Нити пак девојчето ми рече нешто, само и реков не сакам слика фала, не ми се свиѓа како сум излезена и толку беше. Кога бевме старосватови ни дадоа спремно цело албумче со слики, за не знам сега колку беше, ама јас си ги одбрав тие што ми се свиѓаа другите си ги вратив. И пак никому ништо. И кај мене на свадба имаше луѓе кои не земаа слики, јас им праќав, што е сосема во ред. Не знам зашто ова е сфатено толку здраво за готово, морало да се земе слика, па никој не ви става нож на грло, ниту пак е нешто страшно и трагично. Некои работи сами си ги правиме, ги дуваме повеќе од колку што треба.
     
    На cresa-jagoda, tinkerbelll, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Maлтретирање и за младенците и за гостите. Тотално непотребно. ДВД-то на пример зарем не е доволно за спомен?
     
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.953
    Сликањето со младенците на врата во ресторанот се согласувам дека е малтретирање и за младенците и за гостите!!!
    Прво за младенците, затоа што 1-2 часа само се сликаат и си одземаат од времето за забава со роднините и пријателите!!!, А, второ за гостите кои откако дошле и се сликале, а претходно 30 минути чекале на врата за да стасаат на ред да се сликаат, чекаат уште дополнителни час или повеќе додека да започне забавата!!! Според мене малтретирање и за едните и за другите!!!
    Во времето кога јас бев невеста немаше сликање на врата од ресторанот!!! Тогаш младенците пред вечерата поминуваа со пијалок во рака да им наздрават на гостите и да им посакаат пријатна вечера/ручек, а фотографот ги следеше и правеше убави фотки!!! Е, тие фотки не беа наместени и наштиркани како сегашниве и беа далеку поприродни!!! Фотографиите не ги делеа девојки за 150-200денари, туку младенците по свадбата им ги праќаа на гостите!!! Ако некој од поблиските роднини и пријатели сакаше плус некоја фотка ја добиваше преку младенците!!!
    А, во врска со ДВД-то - мислам дека не е доволно за спомен!!! Фотографија си е фотографија!!! Од мојата свадба има поминато повеќе од 25 години и верувајте почесто со сопругот и децата ги разгледуваме фотографиите отколку снимениот материјал!!!
     
    На cresa-jagoda, Macyyyyy, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Не заборавајте дека многу луѓе мразат да се сликаат за да не си ја видат реалноста колку се здебелиле. Ах, да апаратот не чинеше, здебелува на сликата:rofl:
     
  5. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ako не се сликаат на влезот, како ќе заработуваат фотографите? (fingers)
    Ај младенците што губат време, ај гостите што чекаат во ред како пред почеток на натпревар, ама кога ке ги купат сликите по ненормални цени и ке ги забутаат у некој ќош..... никој нема да ги подигне пак да ги отворе се до наредното кречење по дома.
    А знаете јас кога се мажев дека првин пред врата се пречекуваа гостите сите да дојдат, па отпосле се сликувавме со тие што сакаат. Дополнително изгубени уште два часа.
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.820
    Мене да :) Ама полоши иама слушнато, не ми се случило, ама тешко на таа што и било упатено. Полничка женава и кога ја донеле сликата рекла, не ја земам не си се допаѓам, и девојава и рекла - епа поубава не можеме да те направиме, ослаби или позади застани!!! Требало да ја натепа, жими се, ама така ке мора да и ја уништи свадбата на невестата.

    У време на дигитална технологија и супер апарати, ние даваме 200 денари на фотограф, когаможеме 300 слики да направиме и најубавите да ги однесеме да ни ги испечатат.

    Многу подобра опција од стоење два саати на врата.
     
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не го сакам моментот стоење во редица пред врата и чекање ко за леб, зошто требало да се сликаш баш тогаш. На една свадба кај што бев гостинка после долгото стоење кога ми дојде редот зетот беше веќе видно нервозен од должината на процесот, беа седнати позади маса, со извинување дека веќе неможе да стои, па ние од страна стоиме, а тие позади масата седнати не се ни гледаат од под градидете надолу. Голема глупост.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Сум била на многу свадби и да, приемот е долг но мислам дека е потребен, младенците ве поканиле на свадба и како нивни гости редот е да ве пречекаат, сликата е попратно со тоа нормално доколку сакаат гостите, за цената можам да кажам дека стварно е висока за една фотографија, може да биде по симболична, јас секогаш јаземам зашто сакам да имам спомен од свадбата на која сум била.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Непотребна глупост. На мојата свадба дефинитивно нема да има нешто вакво.
    Два саати да стојам без врска и да ги малтретирам луѓето да се сликаат со мене нема шанси. Кој сака нека си понесе апарат и ќе се сликаме, а не на секоја слика со истата уморна насмевка да се местам на трошок на луѓето.
    На сите свадби кај што сум била е истото, сликање на врата, па ќе те фатат на танго па на оро и ти ја носат, они си ја извадиле, не те прашуваат дали сакаш туку ти ја носат. Можеш да одбиеш да, ама глупо е и непријатно, буквално ти ја сервираат сликата и неможеш да ја одбиеш.
    Секогаш се касни и со приемот, секогаш е наведено прием од 7 до 8 часот, ама свадбата почнува во 10 поради тоа што невестата од толку сликање припаднала веќе, нема сили.
    Глупости. Подобро ќе го платам фотографот да вади спонтани фотки од целата церемонија па тие што ми се допаѓаат ќе ги развијам, ако некој сака да добие слика ќе си добие, што е прблемот, не е толку тешко да се добие успомен од свадбата.
    На последнава свадба кај што бев младенците имаат повеќе од 1000 слики дома во албуми, луѓе ме викнаа да ги гледам тоа е малтретирање. Малтертирање е да ги изгледаш тие слики, најголемиот дел се исти или слични ама фотографите убаво си заработиле. Снемав концентрација после 100тата слика, а не па 1000 да ги свртиш.
    А да, и нема да се сликам на плоштад или низ центар со новите градби и споменици, нема да барам од Коце специјално да ја пушти фонтаната на денот кога ќе се мажам за да можам да се сликам со неа, и нема да ме тегнат девериците, а него другарите, и нема сите да скокаме во вис. :D
     
    На crimson, Sanjichka007, Macyyyyy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.820
    Е ова па не ми е јасно. Ако они ја прават свадбата, тогаш што родителите застанале и со нев поздравување 10 метра пред меомчето и неветстата. Уствари, тоа е за да ги земат они поклоните, цвеќињата и благото, и битно си однел, а малдите нема ни да знаат. После ке се чудат што со цвеќќето и толку колачи. Па уште и деверот стои и браќата и сестрите на младите и на сите, ај со среќа.

    Мимс, и јас ако иам свадба, нема да има на врата целивање и сликање, сите луѓе кои ке ми бидат на свадбата веќе имаат со мене минимум по 100 слики и не им треба за спомен слика, вечно ке ја паметат по оригиналноста, а не да не паметам кај кој што имаше.
     
    На Macyyyyy и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    А да, и нема да имам приеми и такви глупости што траат со саати. Се знае свадбата од колку саат ќе почне, ќе има луѓе од ресторанот задолжени за да ги сместат гостите и може да се забавуваме, зашто сеа да се дреме у ходник со саати со сите да се поздравуваме, небаре не сме се виделе со години.
    Моите нема да дремат во ходник и да пречекуваат гости, ќе си бидат гости на свадбата, а не одбор за дочек и складирање на поклони.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Од мобилен сум и процедура ми е да цитирам, за тоа со родителите што стојат јас незнам зашто ти е глупо, на некои им е мерак да постојат 1саат и да ги пречекаат гостите, поканиле и они роднини пријатели.
    Еве на последната свадба што бев пред месец дена не сум била на поубава, да не пречекаа родителите само се поздравивме и бевме да се сликаме со младенците и кај нив го дадов поклонот а цвеќиња не се носеа туку ако се сакаше се оставаше како донација за кучиња значи сево ова траеше околу 5мин, имаше хостеси со распоред на маси и тоа е тоа.
    Ако самата свадба има добра организација нема да чекаш за да влезеш и слично, туку се ќе си оди нормално и без каснење.
    А мене повеќе би ме нервирало да одам на свадба и никој од фамилиите да не ме пречека и да ме седнат само на маса и после да ја бркам невестата со мојот апарат за да се сликаме.
     
    На Lovely93, Macyyyyy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. На крајот на краиштата, зошто им одиш на свадба на младенците ако ти е обврска сликањето со нив, наместо ќеиф? И се знае дека повеќето ќе сакаат и после на што ќе личи тоа, наместо на почетокот пред да започне свадбата, тие цела свадба во сликање на кој како му текне да ја поминат? Е тоа мене па ептен не ми штима. Се знае како треба да биде една свечена церемонија, не мора за свадба да се работи. Не ќе се бркаме низ сала ко мали деца што бараат автограм од Кајмакоски наместо да уживаме во свадбата и да се веселиме. Вакво нешто уште не сум чула, фала Богу. :D
     
    На smajlii и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Што знам... од една страна ми е ок, успомен останува од свадбата и се тоа, ама од друга толку ми се исти младенците на сите тие милион слики што ќе се направат на тоа место. Само гостите се менуваат , они стојат како здрвени, апла да земеш да споредиш повеќе слики не знам дали ќе се примети некоја мала промена во гримаса, во позиција веќе не ни спомнувам
    Инаку кога одам на свадба се сликам, бидејќи бирам многу одамна каде одам. До сега се немам сликано само еднаш, отидов со тогашниот ми дечко во името на моите кај нивни пријатели, со сила беше, аман немало смисла дрн, дрн... Си поминавме фино лепо, честитав на врата на старите, сликањето го скокнав, немав потреба да имам успомен од тие младенци и завршена работа.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    А што има па толку да сликате? Што дека сликате? Мислите невестата па многу сака со сите да се слика.
    Нека има спонтани слики, кој сака нека си земе потоа што...
    Уствари и јас така зборам ама затоа што не планирам да викам милион луѓе од 6то колено на свадбата туку само само најблиските, па после ќе немам проблем да им дадам слики колку што сакаат, затоа што секојдневно се гледаме, а не само од свадба на свадба.
    Може тие што викаат по 600 гости подобро решение им е ова, ако фоткајте си се.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.724
    Пол:
    Женски
    Ова со сликањето ,пред врата е од практични причини.Прво сите се стегнати,со свежа шминка и фризура,каков и да си кога ќе се поднаместиш излегуваш колку толку како човек.Спонтаните слики ,да убави се ,но и ризични.Ќе те фатат со отворена уста затворено око,искривени..:drunk: Второ фотографот да оди и да штрака ќе направи едно 30 слики,ќе очекува да му ги платам,Вака се знае,имаш две слики за спомен,ако сакаш повеќе,свесен си дека трошокот е твој.Си плаќаш и готово.Трето има постари луѓе кои немаат квалитетни апарати,телефони за сликање па со ова им е олеснато.Има свадби на кои буквално не ти се оди,а мораш да испочитуваш ред.Така да паѓа во вода дека младенците не сакаат да се сликаат со секого.Позадината е друга и не е основата на оваа тема.
     
    На cresa-jagoda, galapce и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Од ваквото сликање најголема корист имаат фото-студијата кои се задолжени за сликањето на свадбата. За нивен профит има да седиш обесен како мајмун или ќе лазеш како полжав додека да дојдеш до масата кај што треба да седнеш. За една слика за нечив џеб има да си чекаш понекогаш по 1 час. Битно 150-200 денари ќе си платиш имал-немал. Тешка мизерија сме.
     
  18. Pearls

    Pearls Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Можеби е напорно да , меѓутоа доколку тој што си го поканил ти направил чест да дојде тогаш треба и ти да го испоштуваш со една фотка тоа е единствеиот контакт со половина од гостите а башка и за постарите е битен детал за нас помладите ајде со телефонче ке се фотнеш со младите за време на свадбата али за постарите и не е баш така .
     
    На smajlii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Никој со сила не не тера да се сликаме.На сите оние што не им се допаѓа ова никој задолжително не ги обврзува.
    Како што рече и Луничка,ова е од практични причини,и ако дојде ден јас да се сликам тоа ќе го направам заради свој успомен а не ради корист на фото студиото.
    Малку е напорно за младенците,но никој не ги обврзува.Подобро на врата,отколку на кој како ке му текне на сред свадба да се слика со младенците.Со сликањето се завршува и свадбената церемонија може на раат да си тече.
    Единнствено што не ми се допаѓа е тоа што сите со кои што се сликаш мора да те изнабакнуваат дури и по три пати.Ојде шминката.
    Мои братучеди заради тоа се сликаа во ресторан седнати на убав луксузен тросед,ем нози одморени ем нема бакнувања.Ама пак невестата се погоди од оние кои не патат од комплекс да мора устанот целосно и секаде да се гледа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    На две свадби кај што бев немаше официјално сликање со младоженците и останав без слика. Посебно за едната свадба кај прв братучед ми е криво, бидејќи живее во странство и не ја добив ни сликата што се сликавме вечерта на наше барање (ќе ми ја прати по маил, ама нема ни да ми влезе во албумот со вистински фотографии ако не одам специјално до фото студио). Плус, ко што беше сред лето, во моментот кога се сликавме веќе сите бевме испотени, а на невестата фризурата скроз испуштена. Лично сметам дека со сликање пред врата пола час таквите проблеми се избегнуваат.

    На мојата свадба правевме стандардно - и иако тој час (или 45 минути) на влезот во салата се релативно досадни, сепак мора да се поминат - на крај на краиштата тоа е и пречек на гостите, да ги испочитуваш што дошле на веселбата. Не гледам проблем со сликање покрај тоа. Ако некој не сака, може да си каже. А и да се слика човек, не е обврзан да ја земе сликата. Тетка ми што е постара, па кога не сака слика, веднаш вели "Ау, што сум грда испадната, не фала" и никому ништо. А мене како невеста ми се многу драги сликите со блиските лица, и ми остануваат како убав спомен на еден свечен настан.
     
    На cresa-jagoda и smajlii им се допаѓа ова.