1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сликање со младенците на врата во ресторанот

Дискусија во 'Свадба' започната од Macyyyyy, 20 ноември 2014.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Мене па океј ми е ова сликање во одреден термин, дур сум тазе средена, а не на крај веќе шминка избришана и све да ме тераат да се сликам.
    Од секоја свадба кај шо сум била имам вакви слики и сите ги чувам.
    Па не за џабе 3ч сум се спремала. :D
     
    На cresa-jagoda, coolgirl123, MrenaRiba и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.647
    Допаѓања:
    161.695
    Пол:
    Женски
    Одма те замислив У рамката:rofl:
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.647
    Допаѓања:
    161.695
    Пол:
    Женски
    А кај ги чуваш сликите?
    Во албум си ги редиш?
    Некој посебен само за од свадби?!:^)
    :)
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    А зошто ви паѓа тешко сликањето, кога практично се работи за 2 минути ?
    Таа фотографија бар за мене е спомен од самата свадба, секако идам на свадби само кај блиски луѓе и со задоволство си ги чувам сликите. Или пак можеби се работи за 100те денари кои треба да ги платите ?
    Цепидлачење без потреба.
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl, coolgirl123 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Не, како шо ни ги даваат нели у бело спакувани :rofl:, во купче у фиока сите си седат. Ништо не е фрлено, дури од 2000тите моиве ги чуваат. :D
    Ко за чудо па стално убаво искачам на вакви слики, па океј ми се. :rofl:
     
    На cresa-jagoda и Bubce38 им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.647
    Допаѓања:
    161.695
    Пол:
    Женски
    Мене Не ми е за парите.
    Јас едноставно Не сакам да се сликам. Ми нема сврха некако.
    А и нагласив дека вака правам кога одам кај не толку блиски на свадба.
    Кај блиските се сликам и по 100 пати некогаш, де со телефон де кај сликарот:)

    Инаку по 200 ден се веќе сликите
    Нема за 100-че:)
     
    На SummerGirl и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Океј е сликањето. Не е океј одењето по маси за да се делат сликите. Некој може нема да плати. Некој не сака. Никој не те прашува кога влегуваш на влез, даваш поклон и сликарот ве мести. А знаеме нашиве свадби какви се, 400 души од мама и тато колегите, нит ги знаеш нит ги познаваш. Му е гајле за сликата. Против се сум што означува суптилен притисок. Само за пари, уште еднаш потврдува тоа колку сме сиромашен народ. Па уште читам нов тренд и на детски родендени се да сликаат гостите со детето на врата. (facepalm)
     
    На SummerGirl, MeowMeow и Annora им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Ама со сила не те тераат да земеш слика,не е морално.Се е тоа бизнис.
     
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Јас досега на сите свадби каде сум била, не ме прашале ДАЛИ сакам слика. Туку доаѓаат на маса, ти ја даваат сликата и ти велат 200 ден. И не е за парите колку што не ми требаат тие слики. Едноставно ги оставам по фиоки и никогаш веќе не ги отворам. Само место држат.
    Инаку за младоженците, ако не сакаат слики со гостите, целиот пакет за фотографирање, снимање на свадбата, го плаќаат повеќе пари, па најчесто затоа избираат да се сликаат со гостите, бидејќи нив им е поефтина опција. Мене се тоа ми е многу погрешно. Прво самиот притисок гостите да потрошат дополнителни 200 ден, кои да бидеме реални на некои луѓе многу значат,а второ малтретирањето на зетот и невестата цели 2 саати да седат и да се сликаат.
    И ајде, сликите на влегување и не се толку лоши, ама оние од по маси, е од нив нешто полошо нема! Не знам зошто некој би одбрал таква опција. Одиш и се сликаш со гостите додека јадат, на маса, еден куп луѓе кои не се познаваат меѓу себе. Е тоа ми е катастрофа.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Како се вика поинаку бркањето низ сала со крената слика од тебе и иде сурат ти споредува дали си ти пред цела маса од 8 души? Уште фали и да те мирисне под мишка јел си то ти или ниси. Мислам стварно еј @lovestoneddd ќе му дадам 100 денари плус само да не ме слика и брка како да сум ја украла невестинската торта.

    У време кога папир слика важи како тоалетна хартија, у време на инстаграм флуенсери со 4то одделение ти да идеш со никон д750 да заработуваш од рамка џаст мерид. И идеш дома цак рамката од алиекспрес и сликата си ја фоткаш со тел и онака лабаво си ја ставаш на фб за лајкови. Демоде до крај.

    Заебанција на страна да е некаде 1995та кога со онакви камери на рамо по 20кг тешки ги снимаа свадбите и двајца синови штракаат со некој бесен апарат да разберам. Али сега во ова време уште со истото? Ма дај не.
     
    На Annora, Snowflake97 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ова тргнав да го пишам. Кај нас во фотостудијата пакетот за сликање/снимање на свадба бил поефтин доколку младенците се сликале со гостите.
    Мои блиски иако беа одлучни да не се сликаат на крај се предомислија бидејќи поефтино им излегувало така. На фотостудијата повеќе им се исплаќа да го намалат пакетот за 3-4000 а на сметка на тоа да продадат 200 слики по 100 ден. СВе за профит! :D
     
    На SummerGirl, Annora и simona_baby им се допаѓа ова.
  12. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Па фото студијата најмногу ќар имаат на овие слики и ако нема сликање на што ќе ќарат :D
    Мене ми е во ред тоа, на повеќето свадби можеш да избегнеш ако не сакаш ама ако не планираш да ја зимаш сликата подобро не се сликај. Не и крати 2-3 мин.од времето на младенците.
    Дома имаме посебен албум за свадби и ги чуваме сите слики, често ги разгледуваме и коментираме.
    Патем сум била на свадби кај што сликите ни се биле платени од младенците, ама не секој може да си го дозволи тоа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Во глобала земено и искрено кажано, самото одење на свадба е трошок.
    Поклон, цвеќе, кравата, хулахопки и т.н.
    И секој мисли дека со влагање во сала завршиле трошоците, НО...сликање, поминување на младенците купони да делат за вечера, поминување на мали девојчиња со бонбони во тул, па поканетата група ако сака да порача песна пак се собираат пари..сето тоа ни доаѓа премногу.
    Поготово ако младенците не се толку блиски.
    И за тоа треба да се има осет, на секој од гостите сака слика.
    Сликарите како лешинари се, вистинска уметност е да ги избегнеш.
     
    На Sesil и Mantub им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Пред месец дена кај што бев 300 беа.
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Океј ако не те тераат со сила што мајка бараат по маси да одат? На секого му е глупаво на маса од 7-8 луѓе само ти да не купиш. Не те терале со сила. Многу добро осмислено го прават тоа
     
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека одат.Тој таму отишол со една цел да заработи.А гледам во последно време не им е срам да одбијат луѓето слика.И мене ми носеле по 10 слики па која сум сакала таа сум ја земала.Незнам ни зошто да е срамота тоа.Него не му е срам да слика 100 слики,мене не ми е срам да одбијам.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека е срамота. Рековме дека е глупаво и безобѕирно. Али да, треба сите да почнат да одбиваат, ем сликарите ќе сфатат да не досаѓаат ем младите ќе престанат да го прават тоа кога ќе видат колку луѓе ја зеле сликата со нив
     
    На SummerGirl и simona_baby им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Да не ги цитирам сите.Не дека не се досадни или не ми пречело и мене,ама го гледам тоа како нормално.Најголемиот профит им доаѓа од гостите.
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Aман бе луѓе.
    Свадбите наши подразбираат сликање со младите, негде е покриено од страна на славениците, некаде си плаќаат самите гости.
    Ако веќе одите на свадба кај не толку блиски луѓе, зошто мора да идете уште во приемното време? За време на приемот кој е 1 час се врши сликањето, едноставно отидете покасно и нема да мора да се доведувате у непријатна ситуација.
    Друго, и да одбиете да се сликате не е страшно. Еве на последната свадба на која што бев, парот што беше пред нас, рекоа извинете не сме за сликање, се поздравија со младите и се сместија. Никоме ништо, ниту некој ги погледна лошо ниту им пререче. Подобро отидите после приемното време, или едноставно одбијте слика, многу полесно е отколку да мрчите за истата, за време на свадбата а и отпосле.
     
    На darcy, Miss666, coolgirl123 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Досега на сите свадби каде што сум била освен на една младоженците не стоеле на врата за сликање туку в сала на одредено место.

    Мене ми е океј сликањето, плус спомен е, ама мислам дека ако некој не сака да се слика треба да се прифати како нормално, особено кај некои што не ти се многу блиски.

    Некој нема фазла пари за трошење, некој едноставно не сака, се' е тоа во ред. Треба да е доволно тоа што одлучил да направи чест и да се појави на свадбата.
     
    На SummerGirl и Annora им се допаѓа ова.