Не е дека најмногу го посакувам, ама скромно - го посакувам. Онака, ми доаѓаат сабајлечки гости и јас ги демнеам у какво расположение се и ОП! Им турам кафе во шоља ха! Ама стварно бе какви се слатки, mood mug! Денес го сакам тоа што се проѕева, некако, никако да се расонам
Здравје, среќа, љубов, семејство, куќа, работа се подразбира, а покрај тоа.. Моите два животни сонови, кои кога тогаш ке ми стана реалност, сигурно!
Мерцедес А140 е она што најмногу сакам да го имам веќе долго долго време. И со ваков убавец планирам да си се почастам за 18-ти роденден.