Спојлер Зе надевам дека темава ќе има подолг век, дека Реин нема да ја закопа веднаш и да си признаам темава ја "украдов" од друг форум Чија слика носите вие во вашиот паричник? Јас имам многу слики од Брат ми, Мајка ми, Татко ми, Другарките, имам слика од Него.
Инаку во мoјот новчаник стои сликата на мм кога ќе ме налути ја вадам и ја баталувам сега некое време само од ричи и хепи(кученцето и мачорчето)
Немам новчаник. Инаку, секогаш сум си носела сликичка од мене, за нели во случај да го изгубам, можеби некој би ме препознал и би ми го вратил. Само ти сонувај, М.
главна ми е од дечкоми, кога ќе го отворам новчаникот само таа се гледа, а инаку имам од први братучеди, другарки, школски од средно
Од сестра ми. Од неа имам и една карта од библиотека. Ништо лично немам во него, како нејзин да е паричникот.
Од мајка ми и од татко ми во убавите години и сега.Од брат ми ,сегашни школски и другарки и поранешни школски и другарки. И од мене ..
Од мене, од дечкото, од брат ми, брачеда ми, и добри и блиски пријатели. А и да, се наоѓа по некоја слика од школските, од матурата.
Имам две страни на новчаникот, од предната сме ја и он, а од задна пак он и слики од другарки на купче само не знам која е прва да се гледа, сеедно ми е и ги мењам
Од сите имам слики сите мали сликички што сум ги добила ги носам во новчаник, заедно со ливче на кое ми ја пишува адресата и: ве молам вратете ми ги сликите ако ми го најдете новчаникот (парите задржете си ги ) имам изгубено новчаник порано, па вака да се надевам дека сликите нема да ги изгубам
Имам слика од помалите ми брат и сестра, моја сликичка кога сум била малечка, од дечко ми и од неколку другарки и другари