Не носам веќе Пред некое време најдов паричник што го немав отворено со години....отворив и оп.. слика од бившиот. Како некој по глава да ме тресна
Имам слика од дечкото, сестра ми и едно малечко книжно иконче кое е осветено во манастир и го носам секаде со мене.
Не сум самобендисана, ама во паричникот имам само своја слика и тоа онаа пасошка - озбилна, од практични причини, да не затреба за некоја членска карта и сл.
Новчаникот мој е како црна дупка и од таму имам и многу слики внатре заглавени заборавени покрај другите многу работи кои не сум сигурна како ги бери. Имам слика од мене после имам од дечко ми, од пет другарки како матурантки, од еден другар како матурант и од една другарка како полуматуратка. Брат ми нема солидна слика да му скубнам една, моментот кога ќе има ќе си ставам и од него.
Од никого немам. Пред неколку години имав само од себе. Во средно, по сликањето за табло, имав од скоро цел клас. Така, времињата се менуваат
Немам ниедна и никад не сум ни носела... Безвеза ми е. Дечко ми и мајка ми носат од мене за матура шо се сликав, сами си изразија желба, па ок, немав против чим сакаат...