Секогаш си носам слика од мене, за ако некогаш го изгубам и некој ми го најде, да види па може ќе ме препознае. Шала на страна, носам слика од брат ми и од најдобриот другар.
носа од братми мајками и од дечкото. сега темава баш ме потсети да побара некое сликиче и од тато и да и побара на најдобрата другарка нема нeјзина пошто сега брзо си го купив ќесето па не ми текнало да и побара
Јас немам од никој. Сериозно, така некако ми е граден новчаникот да е прдеж место буквално , личи на плик ташничка што значи е прилично голем, ама чудни се некако преградите внатре, слободно ќе кажам дека е хаотичен. Нема никаква преграда за слики (додуша и да имаше немаше да ставам), не собира визит картички во преградите формирани за тоа, клучот додека да го најдам е вистинска борба.. Заклучок: Ми треба нов новчаник.
Во стариот имав многу. Време од матури беше, па мислам дека од половина клас имав слики Па од другарките, па неколку од брат ми, неколку мои, неколку од родителите. Премногу. Дури и ми се скина делот кај што ги чував. Моментално имам само моја, од Бабе, родителите, брат ми и двајцата братучеди. Ќе се собере сигурно уште некоја допрва
Во стариот паричник имав слика од најдобрата другарка, но кога го сменив, во новите нема такво за слики и незнам јас не практикувам да носам слики а да не се гледаат.