Слики од бурми или веренички прстени Јас си добив веренички на одмор и еве сега си ја спремаме свадбата...многу ми се допаѓаат овие бурмиве што се двете исти, но женската варијанта има неколку нежни циркончиња. Едно важно прашање: Дали мислите дека на тие (со циркончиња) брзо ќе им помине модата? многу ми се допаѓаат, ама нели бурмава е за цел живот па не сакам да земеме нешто (како пр. булгари бурмиве) што ќе стане демодирано за неколку години.