Јас сум само за класика. Се друго ми е убаво, но не и достојно за пригодата. Јас избрав наједноставен класичен модел, а на сопругот му беше оставен изборот на внатрешна гравура.
Нашиве се слични на овие , од бело злато . Најобични Внатре ни го изгравираа датумот 11 11 11 На неговата бурма моето име , на мојата Неговото
Прочитав дека вереничкиот прстен се носел на четвртиот прст (до малото прсте) бидејќи палците ги претставувале родителите,показалците се браќата и сестрите,средниот прст си ти,четвртиот прст е твојот (партнер). Малиот прст се децата. Кога ќе ги склопиш дланките и средните прсти 1. Обиди се да ги раздвоиш палците (родителите), се раздвојуваат затоа што не треба да живеат со тебе вечно. Повторно спои ги. 2. Обиди се да ги раздвоиш показалците (браќата, сестрите и пријателите), се отвораат затоа што сите имаат свои животни патишта и заминуваат. 3. Обиди се да ги раздвоиш малите прсти (твоите деца) – се отвораат затоа што децата растат и си заминуваат. Повторно спои ги. 4. Конечно, обиди се да ги раздвоиш прстите наменети за вереничкиот прстен и ќе се изненадиш. Тоа е невозможно. Судбински сте поврзани и затоа венчалниот прстен се носи токму на тој прст.