Вакво нешто... кога се работи за бурми јас сум за класиката. Не дека не би можела да има некој ситен додаток, но во никој случај не сум за различни бурми, пример на машкото обична на женското џиџана. Се знае дека треба да бидат исти. Џиџан ќе ми биде вереничкиот прстен де, и друг ќе си купам ако сакам, бурмата се знае каква треба да биде, не сакам имитации што не личат на бурми. Сакам жолто злато, обична ама дебела, да доаѓа до израз на раката. И секако дека ќе има изгравирано иницијали и датум.
И девојкиве што прават китенки и бонбончиња за свадба прават перничиња за бурми. Околу 250 до 350 мислам се отприлика.