Еве неколку од мене... Инаку, не ги ставив сите. Имам горе врз шифоњер намаени околу триесетина, во многу жална состојба се и не ги ставам да личат.
Љубам да душкам низ (туѓи) рафтови полни книги. Едно од најраните сеќавања ми е поврзано токму со домашната библиотека на моите. Години подоцна кога ги осознав црвените дебели корици на полиците, ми се уврти во глава идејата за моја библиотека. Библиотеката започнав да ја полнам и уредувам пред неколку години и потпишувам со две раце дека ми е најпаметна инвестиција. Што знам, колку и да звучи клише, и последниот денар би го дала за книга. Особено ако е класик. Дечки, ајде да ја активираме темата.
„Веома врло“ добра колекција! Посебно за класиците од тврд повез и Дијалог. Еве една неапдејтирана слика од дел од мојата библиотека.