После сликава додадов уште 10-15 лампиони, и чекам да ми стигни нарачка од 30+ Сакам елката да ми е најџиџана шо можи. Другите лампиони ги снимав, зато само од дел имам индивидуална слика.
Наџиџани елки for the win. Мајка ми ми вели старомодна ни била елката, јас и велам нема шанси да дозволам да ја напрајме во една/две неутрални бои само. За елка секогаш more is more. Зато чувам лампиони од дете ко бев и I won't give up on them. Сѐ што се нашло сѐ завршува обесено.
Исто, мене доминантно ми се црвено-златно, по некој розов или сив зошто мајка ми имала идеја ама со годините скроз напушти имање елка. Па земав годинава нова, зедов плус лампиони (првата слика под елката) и нарачав од Тему остатокот од 30+, 2D се ама не ми менва то, важно ми е да се различни и да кажват приказна. Годинава уште доминираат нејзините лампиони зошто се многу, ама до година ќе преземам да е по моја замисла. Во поглед стари, овој мислам ми е најстар. Као од време на мајка ми и секоја година го ставаме. Онака се гледа дека има историја и то ми е најубото за него. Скроз најнапред централно го наместив годинава. И толку сакам да е шарено, шо и да најдам ставам таму. Си играв со од киндер една играчка - ја сендав на елка. Ми дадоја чоколадо - го ставив на елка. Ми дадоја лампион чоколади - ги ставив на елка. Ми дадоја фенерче на батерии - го ставив на елка итн. Вака сега интересно ми е, се осеќам дека ќе се пцујам ко ќе треба да ја тргам елката.
Баш сакав бел и бел ми се падна и то со НГ капа (не знам искрено дали другите опции беа со капа) и судено му беше. Има и привезок Лабубу од страна, со кока кола в раце. И пошто кока кола = празници, и него судено му беше да е тука.
@Amellie13 I think you'd appreciate this. Ми стигнаа Тему украсите, мислам дека немам веќе слободни гранки. А, уште сакам, сакам секоја година плус нови лампиони да додавам и украси општо. Од сега знам дека ќе пукнам ко ќе дојди време да ја тргам од шо има толку многу индивидуални мали делчиња и моменти на неа.
Аиии колку се кјут сите, особено со мачињата елки. Секоја гранка мора да е зафатена. Јас закаснив за од Тему, ќе ми стигнат многу доцна, но имам urge да купам некои други рандом лампиони пак. Некни заборавив да постирам слики а мислев, ова мислам моментално ми се најстарите лампиони на елка:
Еј имав ко Дедо Мраз ко дете! Сега е ваљда загинат или негде на таван се има истркалано зошто не ми беше во сите украси веќе неколку години. Имам и тапанчиња ама моите поинакви се, зеленки пред се. Ама и тие ми се од детството, можи и постари од мене се. Са од година ќе земам пак лампиони, секоја година бар едно сетче, ќе ставам и на внатрешните гранки цела да е џиџана. Кај и да се свртиш на елката нешто да се случва. Исто и уште х2 паковања светки, нека биди шарено.
Истоо така планирам, но ќе ми треба поголема елка. И светки и од овие во разни бои: Спојлер Сакам ретро украси затоа ги чувам. Јас барав и од тие ретро ламбичињата со музика што беа, имавме такви ко мали, никаде немаше.