Ако е дупла темава заклучете ја, јас не видов слична Темава ја отворам под импресии дека имам маче! Еве го новиот член во нашиот дом Се вика Роки! Роки Балбоа Мачориштето на дада
^Срце убаво, а и преубаво име бре сте му дале Имам риба, папагалче и кученце кое си го сакам најмногу и има милион слики, Рики ти е куче модел, дури на моменти мислам дека стварно позира И неговата најнова и најпопуларна фотка деновиве, која ја имаа превземено и неколку интернет и фб страни
Еве го моето ново колаче. Бени го имам не повеќе од две недели, го добивме на поклон од мајка - не знам што и' стана на женава, кога ни го украдоа последното куче пред едно десетина години кажа не за животни и така си остана. Сега не ми е уште баш најјасно шта се то дешава, ама ми се допаѓа промената. Многу сака да се гали и да биде во центарот на вниманието, во спротивно знае и да си пушти некоја солзичка кога останува само или кога не го добива потребното внимание. Ко пуфче е, да го грабнеш и да го згмечиш!
Само јас сум антиталент изгледа, ама никако неможам да најдам како да ставам повеќе слики во еден пост Запознајте се со Пеце го имам веќе година и неколку месеци, имам уште едно сега скоро вдомено, па ако сака да ме просветли некој како да ставам слики повеќе, ке ви бидам благодарна.
Cе изнастискав лајкови на сите,што се фалите со миленичињата Mоре сега кога ке купиме мачка,ке видите и јас ке се пофалам Cите се убави,посебно мачињата
Жаки моја.. многу си ја сакам ... ја имам неколку години.. остарена е веќе Спојлер имам уште еден мачор и две мали слатки мачиња утре ќе ги сликнам, и на мачорот и на малите маченца Жаки им е мајка
Ова е Рики, два-три дена во улица кај мене шеташе и ми беше грев, па си го зедов. Го искапив, го вакцинирав, и ете некое време си го чувам.
posting.php?mode=reply&f=46&sid=c32c796176baf7cfhttp://forum.femina.mk/posting.php?mode=reply&f=46&sid=c32c796176baf7cfbd5045db486http://forum.femina.mk/posting.php?mode=reply&f=46&t=8478#30f25&t=8478#bd5045db48630f25&t=8478#
Прекрасни се !! Се растопив од темава. Јас од кога знам за себе имав такво бело кученце како на Мишела, но ми умре пред две години Преубави ви се милениците да ви се здрави и живи Росоњерка го видов Рики на една страна и веднаш го препознав. Сакав да ти пишам лп и да те прашам, ама заборавив. Пресладок е
Немате поим колку се пресмеав за имињата Тоде и Пеце, особено за ТОДЕ! Имам неколку нови сличиња од ова моево бесно како ми спие во косата, да ги префрлам и ќе ги ставам во темава. Незнам што се научи, само што ќе види дека седам на креветот ми се качува на рамо и ми се пика во косата и таму си спие Чудно маче
кога би можела на сите би ви ставала лајк на сликиве до утре и назад. ама страв ми е да не ме банираат за вознемирување проклета да е мојата љубов кон животните!
Со моето куче имам само 1 слика онака ми е филмска,ќе се потрудам да ја најдам и веднаш ја ставам,ако не ...ќе го сликам само за вас