Мaчетo штo гo нaјдoв фрленo зaеднo сo нејзините сестри и брaтче вo Јуни. Нoри.. Сегa Линa, вo нoвиoт дoм. Кaкo цaрицa живее, пo мнoгу мaки зa вдoмувaње... А, и мoјaвa кучкa дa не oстaне пoкусa.
Најдено е сијамско маче во Скопје населба Аеродром, позади Тренд. Веќе неколку дена е тука и не е од околните дворови. Можно е да е избегано, можеби некој ќе си го препознае. Мачето е женско, има неколку месеци и цело време се гали ❤️
Неможам да опишам колку сакам ваква мачка. Моментот кога се одделувам од мојте во мое место обавезно и една ваква ќе си земам. Ех уште ушите рамни да ѝ беа која симетрија ја има на шарите на главата ама ете, ушите ми кварат работа.
И јас ги обожавам најмногу, едвај чекам да си купам, но моментално чувам куче што не сака мачки и неможам јас да ја вдомам
Јас моментално имам три мачки од кои две се пред омачување, дури и да помислам на друго животно ќе се буни мајка ми, на овие трите некако се навикна. Затоа дур си ја земам оваа мачка ќе помини време. Еве му ја пуштив и на дечко ми прај „е ваква можи“, уште мисли дека моите ќе ги остам.
Мачево ме потсети на мое маченце... Преубави се, за жал ми го изгазија мене. немам подобри слики Си читаме фемина..
Многу е убаво, баш ми е жал што ти го згазиле Мене така и после јас ќе го изгазам човекот Чувај си ги твоите, ќе си дојде времето за една ваква. Мојата далматинка е веќе 12 год, и јас викам после мојава ваква мачка ама не сакам ни да помислам дека ќе дојде ден да ја нема Инаку извинете сите што забегавме малку во темава
Колку е убавка душиче и јас сакам едно вакво ,греотка ако не би ја нашле нејзините сопственици јас би ја вдомила.Сите мачки од Скопје ќе ги вдомам и свекрвата ќе ме утепа
Овој малечок спанко пред неколку години се изгуби, случајно ги најдов стариве слики кои мислев дека се избришани. И господин Бушавко.
Јас си чувам мачки 3 сестрички се, но ја чувам и мајка им Еве, оваа е мојата омилена: (Најголемата палавка од сестричките, ама највеќе си ја сакам Ова е нејзината сестричка, премногу е слаткаа: И оваа е третата сестричка: И ова е нивната мајка: И уште нешто, сите ми се бремени, пред пораѓање се Мајката има година ипол, а ови палавките по 8 месеци Многу трчаат по мачори Најмногу си ги сакам, тие се моите душички, сега уште една до две недели, па ќе ми биде тука детска градинка