@mario1997 Како бре досаден, што се однесува до нас тука, и live вклучување би вовеле да ги гледаме сите лепотици и пантери на темава
Леле колку сакам шаренки мачиња. Ставај слики почесто, нема досада тука. Мене претежно чисто бели, со бели со малку различни бои ми се малите, па имам ќеф да си имам и некое вака шаренко, едно црнко, едно сијамско ама мајка не се дава вика и овие трите биле многу. Ама еден ден ...
Да ве запознаам co женскава Тара се вика и има 3 годинки, сега пред 2 недели наполни толку )) Иначе, ве поздравува сите и ви мафта со шепата А еве една фотка, како спиеме ние
Да, сијамките како мачки се малце бесни и злобни, ама сепак имаат нешто мило во нив. Мазење само кога нив им се сака, инаку ако ги допреш ќе те изедат за доручек.
Слушав едно маче па денес тоа слезе до негде, јас се подкачив до негде и си се најдовме. <3 Други веројатно и нема, за жал. Ама битно Кларичка е тука. <3
Чино, 10 години, персијанец. Попај, 3,5 години, сиријски хрчак. Марија, љубовницата на Чино, надворешна мачка. Љубов водат на тераса.
@Гејј а јас би сакала повеќе слики од љубовницата на Чино. Планирам да му ја крадам. Мачки со бели шепи ми се слабост.
^ Ова е Бруно и има 9 години; го имам од 2 месеци старост. Џиновско мече, кое е опасно чувар-куче кон непознати, и големо нежно мазало за домашните ^ Ова е Пумба, на 20. јули годинава ќе полни три години. Ми се роди дома, и нормално, сега е принцот во куќата; прави што сака, добива што сака, се е негово, а се гушка и гали само кога тој ќе посака ^ Ова е Мицка. Сама си го најде патот до мене минатиот октомври/ноември, тогаш изгледаше како да има околу 2 месеци. Душа најголема е, пуфкаво суштество кое 24/7 не престанува со предење и мазење