Принова во семејството, од пред нецела седмица Тоа најлево е машко, тоа најдесно е женско, а портокаловите се едно машко и едно женско Уште отсега им барам каде да ги вдомам, бидејќи веќе ги чувам мајка им и уште еден мачор (а би ја дала исто така и мајка им) а чувам и шарпланинец, па немам услови дома за сите
Врска немам да ти кажам @LollySky Знам дека е стаклар едино, си шмука наоколу се лигави, затоа и Лигушко. Онака ако го доприш, како рапав е. Мајка ми прај дека личи на жаба.
@LollySky @theowndemon чував неколку вакви дур имав аквариум, англиско име им е bristlenose pleco имаат огромни усти, растат до околу 20 см., и се хранат со алгата која се ствара на стаклото и камчињата
Устата му е огромна, навистина. Треба да побарам во постарите слики од него. А кога им давам храна, зошто често им менувам вода и нема нешто многу. Се консултирав во пет шоп и земам храна. Кога ја јади храната буквално како правошмукалка е во муцката и се собира. Секогаш ќеф ми е да го гледам кога јади. @MagsDestiny @LollySky
Ај да не биди дека ептен Лигушко го фаворизирам. Ох, еве и едно видео колку да прикажам како им го уредив домот, зошто друга опција за ставање видеа и не гледам. Сериозно ми треба друга опција за ставање на видеа зошто многу видеа не ги ставам тука или каде било зошто не сакам вака преку јутуб да ти прикачувам. Не дека ќе ги види некој подалеку од тука ама онака глупо ми е, шознам.
А посебно си го сакам мојот jack russell terrier Taa знае да ми го разубави денот на сабајле кога ќе станам скока по мене за да ја кренам да ја изнагушкам мн е темпераментна кога ќе си дојдам од било каде знае секогаш да скока за да ја кренам и кога ќе ја кренам одма почнува да ме лижи да мафта со опавчето и кога заминувам некаде лае демек „еј вратисе каде одиш ами мене не ме носиш“ Исто така и моето морско прасенце што кога и да ме види цивка и секогаш сака кога ќе му давам храна, ме остава да го галам а од другите бега. И кога ќе влезам во собата се крева на ножињата и цифка за да го земам во раце. Вистинска среќа е да имаш толку животни колку тебе те исполнуваат.
Дечко ми вика Лигушко пробва да се удави, колешката смета дека требаше да ја послушам за ронење антидепресиви за Лигушко. Сега нормално си седи ама овие десет минути си се смеев со него.