Појавата е наречена хетерохромија, а во најголем случај едното око е сино. Најчеста појава кај мачките е кај ангорките, додека пак, кај кучињата е кај хаските.
Постои и раса на вакви мачки, кои се скроз бели со шарени очи, се вика khao manee, прилично се скапи. Не знам дали во Македонија некој има. Конкретно за мојата, беа оставени во пакет 3 мачиња во двор кај другарка во Скопје. Едното го задржав јас, другите ги вдомив во други семејства. Според ветеринарот, според нејзината конструкција мојата мачка е мешанче од сијамка.
Не се разбирам многу од раси на мачки,но морам да си признам дека баш се слатки вака со различна боја на очиња,баш се ретки.....
Сигурна сум дека 100 пати ти е поставено прашањево, но дали е глува? Мачорот на другарка е тотално ист, со хетерохромија и без дамка друга боја. На ветеринар видоа дека е глув.